- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.465
- Поени од реакции
- 17.964
Морам да те пофалам заедно во пакет со сите предлози кои ги даде тука на форум, од кои ниту еден не ме разочара.Oд 1-5 зa aпaртмaните дaвaм 3(дa не сум билa у луксузни студијa ќе имaa 4+)
Зa двoрoт 10+ ,зa гaздите 10 ,зa пoгледoт oд терaсa и зa дење и зa нoќе немaм oценкa
Сaмиoт фaкт декa секoјa вечер имaше некoј сo прoфи aпaрaт дa гo сликa пoгледoт кaжувa се.
Пo кaфaни не седеме oти пoсле тешкo стaнувaме
Вo Зaнте имa Лидл и oд тaмa пaзaрувaвме,aмa зa секoјдневни пoтреби oд Фрoг мaркет(втoриoт мaркет премa aргaси мислaм oти беше).Имaт НАЈДOБРИ дoмaшни мaслинки и тoченo винo.
Гирo имa и нoгo е ефтинo 2-2.5еврa .
Вo Зaнте мoрa дa oдете нa слaдoлед вo Дoдoни ,пoубaв немaм јaденo у живoт.
Oд гaздите нa вилaтa дa си земете дoмaшнo м.мaслo и мaслинки oд Фрoг.
Вo Аргaси не oдевме нa плaжa oти не дoјде ред.
Имa мнoгу плaжи кoи вредaт пoвеќе.
Пред се сакам да се придружам на твојот предлог и пофалбите за сладоледот, кој сигурно е најдобриот кој сум го имам пробано во животот, иако, во име на информираноста, ќе споменам дека е прилично скапичок(1.8 евра топка). Што секако е за очекување
Вилата ги надмина сите мои очекувања, хигиената е на врвно ниво, газдите се прекрасни и услужни, иако сеуште не можам да го провалам шпоретот и како тоа тој се најде врз фрижидерот
Во Аргаси не бевме на плажа и мислам дека ги прошетавме сите попознати плажи, од кои морам да ги пофалам Xygia со прекрасната боја и кристално чистата вода, без разлика на непријатниот мирис на сулфур на кој се навикнуваш. Ако некој оди на оваа плажа, никако да не ги пропушти двете водени пештери до кои се стига со десетминутно пливање и се уникатно искуство, кое за жал не можев да го фотографирам. Потоа морам да ја пофалам Дафне, со предупредување дека иако не е толку многу средена и искомерцијализирана, па можете да налетате и на некој нудист, сепак нема да ве разочара со чистотата на водата и ситниот песок, нешто слично на Геракас, која мене ми остави најголем впечаток. И на Геракас ќе сретнете нудисти, на краевите на плажата, но никако не смеете да ја пропуштите(мене ми е нумеро уно). Порто Азуро е ок, иако не успев да ја лоцирам плажата со глина која е во близина на Азуро. Дента кога бев на Азуро имаше бранови, кои само го надополнија впечатокот. Банана и Свети Николас, според мене ништо посебно, иако не се лоши. Сепак, не сум љубител на плажи каде има гужви. Имате превоз до овие две, кој е се само не бесплатен, бидејќи ќе ве кошта 6 и 8 евра соодветно, само лежалки, без пијачка и со превоз, што според мене не вреди. Подобро изнајмете си превоз и прошетајте по островот и посетете ги другите плажи, па макар и без лежалка, но барем ќе имате можност да се изнагледате убавини. И секако, ќе ја вбројам како предлог и Камео, која се наоѓа на Агиос Состис, прекрасно островче поврзано со мовче со копното. Плажата наликува на Градиште третата плажа, влезот е 4 евра од лице со вклучена пијачка(не баш се, кафе, пиво и слично, за коктели се доплаќа).
Островот нуди многу, а за да се долови и доживее барем дел потребен е секако превоз. Моја препорака е кола, ило барем баги, а веспа не препорачувам од причина што теренот е претежно планински, па не знам колку веспа ќее заврши работа посебно ако се работи за две особи.
И морам да додадам дека никако не смеете да го испуштите Кери и погледот над Кери над целиот остров, од ресторанот и местото кое е означено дека го чува куче(хинт- лажат). Во ресторанот, пред кој пишува дека фотографирање е дозволено само за муштерии, келнерот малце повеќе се возбуди, али кој го врти, нека ме натера со сила да пијам кафе Претпоставувам дека е прилично скапичок, со оглед на панорамата која ја нуди. Тие две глетки, не смеете за ништо на светот да ги пропуштите. Јас имам фобија од високо и нозете ми се тресеа дур ми се вртеше во глава дур ги правев фотките(ќе ги стаам за една недела).
Исто, не смеете да пропуштите панорама над Занте, на целиот град, не ми текнува како се викаше местото. Бев навечер и цела глетка беше магична.
Ако престојувате во Аргаси, за рентање кола ви го препорачувам Питер, одма после Фрог од лево првата агенција(човекот е закон, ќе се уверите).
Што и да треба, прашајте.
Ми остана уште Наваџо
Последно уредено: