То е оти поојма немаш историјата на христијанството, се до пропаста на Јудеја, заедницата во Ерусалем составена од следбениците на Исус биле она рано “христијанство“ Иако по скоро ништо не се разликувале од евреите, си пазеле сбота си се клањале во храм, принесувале жртви се обрежувале се воздржувале од забранети јадења. Тие го сметале исус за месаја али еврејски месаја не како денес христјаните што гледаат на поим месаја. После уништувањето на Ерусалем и прогон на евреите, исчезнува таа заедница, можеби уништна соема можеби некои членови преживеале - не се знае сигурно, важно од тогаш престанаа да идат од Ерусалем проповедници и учители од таа заедница, а од друга страна римјаните жестоко удриле на сите евреи низ царството поради честите бунтови и војн со Евреите. Во тоа време евреите биле неприател бр.1 на Рим. И многу евреи кои никогаш не живееле во израел, кои биле родени и растени во рим или други римеки градови, бивале затварани, убивани прогонувани. Сите други народи во римското царство биле лесно прилагодени кон римската култура, си биле пагани имале заеднички или слични богови, прифаќале постоење на други богови, немале строги закони за забрана или воздржување. Сите освен евреите. тие штрчеле и со својот јазик и изглед и верување во само еден бог и отфрлање на други богови и неприфаќање римски пари (поради натписи) и неприфаќање принесување жртви на римски цар, и неприфаќање дека римскиот цар е бог и празнување на сабота наместо недела.... и поради сето тоа биле честа мета на прогони и обвинувања. Христијанството најмногу се ширело баш меѓу евреите, и апостоли и евангелисти биле евреи и се ширело по синагоги во саботи пред евреи..... така да христијаните исто биле мета на прогон зато што биле по се слични на евреи. Рим не се занимавал со еврејските правци во религија па дал е некој назарен или садукеј или фарисеј или христијанин... тие ги прогонувале сите од ред. Затоа и природно настана кај христијаните потреба да се одалечат од еврејството посебно кога христијанството почна да го примаат и други - не евреи. Зато имаме и Павле како главен христијански проповедник кој всушност бил римски граѓанин под заштита од римската власт и војска и тој Павле, укинал забрани да се јадат одередни јадења кои ги дал Бог , и тој Павле учел дека треба да се почитува државата, царот, власта, да робовите седат во покора и слушат господарите, и тој Павле всуушност го создал христијаннството какво го знаеме денес. Со тек на време христијаните се повеќе прифаќале пагански римски обичаи, пример во првите 3-4 века нигде никој не споменал кога е роден Исус, и одеднаш христијаните го земаат 25 декември - најголемиот празник на римското царство, па од сабота која ја славеа како и другите евреи - се префрлија на недела - празничен ден на пагански рим, па одеднаш слично како и римската паганска религија, се создадоа разни светци патрони на одредени делови од живот - заштитниици на морнари, војници, патниоци, жетвата, добитокот, па одеднаш марија станува Богородица иако во евангелија е споменета 2-3 пати и тоа споредно а павле не ја споменал ниту еднаш, но рим имаше своја божица мајка, па и христијаните понудија својата и сегде каде порано беше храм на паганска божица мајка - се направи црква на богородица, па се превзедоа многу актуелни пагански обичаи, процесии и чување и покажување на свети реликвии што е пагански обичај - стана и христијански... и така полека христијанството стана државна вера. Ова е најкратко шо можев да ти објаснам иако сето ова може да пополни цели книгуи текст објаснувања примери докази