Скопје или Битола ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzimidzi
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јуни 2015
Мислења
7
Поени од реакции
0
Возраст
28
Каде е подобро и поефтино за студирање?
Отприлика колку пари треба за 1 месец во Скопје, а колку во Битола ?
 
Ти од каде си?
Што сакаш да студираш?
Дали средно си учел надвор од твојот град?
Како сакаш да ги поминуваш деновите кога немаш обврски на факултет или викендите кога не си одиш дома?
Што подразбираш под студенски живот од смисла каде ќе би седел, каде би учел (ако не е престорот каде би седел ако таму тоа е невозможно), рандом цимери/роднини/партнер...

Темата не е само кај да се запишам туку што сакаш да постигнеш со тоа што ќе одиш во Битола или во Скопје...
 
Од Прилеп сум и сакам да учам на некој од Машински/Електро или Информатика..Сакам да вложам многу труд за да го завршам факултетот што ќе го изберам. Ако одам Битола би патувал, а Скопје во студентски дом.
Сакам да знам дали трошоците што ќе ги правам во Битола ќе бидат многу помали од Скопје или пак ќе бидат тука негде на иста ''линијa''.
 
Сериозно мислиш дека од Прилеп за Битола или Скопје би било слично пари без да седиш на стан/студенски таму. Не знам колку е месечна со УниТурс за Битола ама таа + пари за јадење нешто таму сигурно многу помалку ќе те коштаат од колку да си Ск со седење, јадење, па преселби, алишта молкнење (да не сметаме дека треба да се периш или да праќаш/носиш дома за перење)... Ако патуваш сигурно не е исто , а ако си таку тогаш исто ќе ти се фати освен што битола ти е поблиску и за пат во пари и за време во патување.
 
Од Прилеп сум и сакам да учам на некој од Машински/Електро или Информатика..Сакам да вложам многу труд за да го завршам факултетот што ќе го изберам. Ако одам Битола би патувал, а Скопје во студентски дом.
Сакам да знам дали трошоците што ќе ги правам во Битола ќе бидат многу помали од Скопје или пак ќе бидат тука негде на иста ''линијa''.

Ако мислиш да се запишуваш на овие смерој горе шо ги наведе би ти препорачал скопје ради то шо ко ќе завршиш да има кај да бараш работа.Јас сум на информатика бт и патувам и трошам повеќе од сестра ми шо седи студентски скопје.
 
Со оглед на тоа што си од Прилеп, оди во Битола. Ем поблиску ти е, ем поефтино ќе поминеш. Ако одиш во Скопје, студентските домови претпоставувам дека сеуште се хаос, па одма би посакал да изнајмиш стан, што е многу скапо. Затоа барај цимери и учи во Битола.
:)
 
Доколку патуваш секој ден во Битола, мислам дека ќе те чини околу 4-5 илјади месечно, доколку таму се контролираш со јадењето. :)[DOUBLEPOST=1435430329][/DOUBLEPOST]
Прај шо ќе праиш, само на УГД немој да одиш!

Што толку и на кој факултет си?
 
Колку е минимум за 1 месец Скопје ?
 
Ако навистина си спремен да вложиш труд како што си напишал, и посебно за тие факултети, дефинитивно Скопје, нормално под услов да не се пресудни финансиите.
 
Ако сакате да студирате како луѓе одете било кој универзитет само не УГД.УГД не дно дна , туку испод тоа ти доаѓа.Повеќе имаш нервози од што добиваш знаење.
 
Ако си толку амбициозен како што се претстави јас би ти рекла на УКИМ во Скопје да се запишеш сигурно дека ќе имаш поголеми трошоци но мое мислење дека покавилететна е едукацијата на овој факултет. А имаш и други придобивки, нови познаства, нова средина, коа ќе размислиш тоа е многу побитно отколку само факултетот.
 
Колку е минимум за 1 месец Скопје ?
Зависи колку пати ќе си одиш и со што ќе си одиш до таму, еве пример со воз со студентска ти е повратна 250 денари, 2 пати месечно 500 денари.
Ако влезеш во студентски 3600-3900 денари месечно со храна која за машки е доволна за 20тина дена, али се наоѓаат евтини бонови алтернатива.
Ако седиш подалеку можеби ќе ти треба и ЈСП уште илјадарче, па некогаш храна на факс и планирај си некои си 6000-8000 ти е минимум месечно.

Во Битола мислам дека е исто студентскиот 3600 ако не се лажам, а месечна со Уни Турс ти е околу 3000 (2700 мислам).
 
Ако сакате да студирате како луѓе одете било кој универзитет само не УГД.УГД не дно дна , туку испод тоа ти доаѓа.Повеќе имаш нервози од што добиваш знаење.
Може прашањево ќе звучи глупо (али не живеам во Мк па не се разбирам) али кој универзитет е тој УГД?? Ги знам само УКИМ и приватниве, па сеа не разбирам за кој збориш, баш ме интересира кој е тој толку мизерен..?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom