@Let 3, колку си компетентен на оваа тема и кажи дали вреди да си го губам времето со тебе, кога
- тврдиш дека првите христијани (оние од Ерусалим) не цртале ни икони ни фрески. Притоа не знаеш дека Јахве му наредува на Мојсеј да извезе херувими за Скинијата и да излее херувими кои ќе ги стави на двете страни од поклопецот на старозаветниот Ковчег;
- тврдиш дека првите христијани (оние од Ерусалим) не палеле свеќи. Притоа не знаеш дека дека Јахве на Мојсеј му наредил да направи свеќник од чисто злато. Зошто бил потребен свеќникот ако не палеле свеќи? Сол да не чувале во неговите чашки? И што палел Арон во кандилата навечер? Сијалици ли?;
- тврдиш дека првите христијани (оние од Ерусалим) се обрежувале. Знаеш ли што претставува чинот на обрежувањето за Евреите? Тоа е знакот на Стариот Завет (Битие 17-10. А ова е заветот Мој меѓу Мене и вас и потомците твои во нивните родови, што ќе го пазите: секое машко од вас нека биде обрезано.
11. А ќе обрезувате крајче од телото свое; тоа ќе биде знак на заветот меѓу Мене и вас.)
Притоа не знаеш дека е воспоставен Нов Завет помеѓу Господ и Неговиот народ (Еремија 31-31. Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет.
32. Не онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од Египетската земја; тој Мој завет тие го нарушија, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.
33. Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон во утробата нивна и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.);
- тврдиш дека првите христијани (оние од Ерусалим) ја почитувале Саботата како ден божји. Притоа не знаеш зошто им е дадена саботата на Евреите како празник и какво значење има нејзиното празнување. Не знаеш дека Господ преку старозаветните пророци наговестува дека ќе го укине празнувањето на саботата (Oсија 2-11. И ќе укинам при неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави). Не знаеш дека Господ Исус Христос кога го излекува болниот во бањата Витезда во Ерусалим му рече (Јован 5 - 8. Исус му рече: „Стани, земи ја постелката своја и оди си!”
9. И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше. А тој ден беше сабота.
10. Заради тоа Јудејците Му рекоа на исцелениот: „Сабота е и не треба да ја земаш својата постелка!”
11. Но тој им одговори: „Оној, што ме излекува, ми рече: »Земи ја постелката своја и оди!«“).
Штета што ти не си бил таму, о премудри Лете, да Го опоменеш Господ дека го крши Законот со тоа што му рекол на оздравениот да си ја земе постелката, Закон во кој изрично е забрането носење било каков товар во сабота (Еремија 17-21. Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалимски,
22. и не изнесувајте товар од куќите свои и во саботен ден и не вршете никаква работа, но саботниот ден сметајте го за свет ден така, како што сум им заповедал на татковците ваши,);
- тврдиш дека Бог зборува во псалмите. Следствено на тоа не знаеш што претставува псалм. Псалм претставува молитва во стихови и е вид на религиозна песна напишана како молитва кон Бог;
- не знаеш дека не се цитира и издвојува еден стих од било кој псалм, туку се чита целиот псалм;
- не знаеш дека не се цитира или издвојува еден стих од Светото Писмо, туку дека најмалата целина која се зема да се толкува стихот е Главата во којашто се наоѓа истиот тој стих. Не за џабе книгите од Светото Писмо се поделени на глави.
Што знаеш тогаш
@Let 3?