Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ко да кажува за сегашно време
Задолжувања, невработеност бегање на народот надвор од државата.....
само што за разлика од порано сега е многу полошо
 
^
Да како сега да е, посебно за раселувањето иако збори за Србија истото се случуваше и овде, а продолжува и денес.
Во бившата Ју држава ние доживеавме демографска катастрофа, колективизација и уништување на Македонското село и населување на напуштените села со Косовари. Барем да останеше просторот празен како во Мариово. Немаше граница ни пак некој го детектирал ова како проблем. Продолжи и после осамостојувањето,
Економски можеби и би можеле да се оправиме некогаш, но од ова другово тешко.
 
Ти не знаеш шо е ЈНА
ЈНА беше целокупната армија на Југославија.
И морнарица и воздухоповство и пешадија... беа во состав на ЈНА
ко ќе прашаш некој Кај служеше ЈНА ќе ти речи “Бања Лука - тенкист“ или Задар Артилерија или Ниш падобранец или Вис Торпеден чамец или Марибор пешадија или Кичево шофер.... сето тоа беше ЈНА
Ти не знаеш да разликуваш родови и видови на JHA, ако ја чуваш воената книшка, отвори ја и прочитај што пиши во неа
ја тераш дискусијата субјективно...неспорно е дека врховен командант на сите оружени сили беше Тито, но внатрешната структурата беше различна, а и чиновите во морнарица беа сосем други; најбитно, должината на воениот рок беше подолга во РМ. А веќе напишав дека имаше и морнаричка пешадија. Б.т.в., во УСА морнарицата отсекогаш си имала и своја авиација. А имаше и промени во правилата на служба а и должината на воениот рок се изедначи, мислам дека по смртта на Тито, незнам точно бидејќи јас завршив со војската јуни 78...
 
На крај само кажи, служеше ли во ЈНА или не?
 
На крај само кажи, служеше ли во ЈНА или не?

Ама ја напнуваш темата до даска.Дали служел во ЈНА и ли не не е топик и не ја упропастувај темата со глупости.Постирај со факти а не со рекла казала муабети.Дај некој линк,постирај нешто што некој го анализирал со години.

Ги гледаш работите од твоја гледна точка,и упорно наметнуваш некакво мислење што не е мерило.

Да потсетам малку,темата е Во времето на ју се живеело подобро мит или вистина.....
 
На крај само кажи, служеше ли во ЈНА или не?
имам некоја гужва, кога ќе ја најдам воената книшка точно ќе ти пишам на ПП што пишува таму, мислам одслужио војни рок у ВП **** ...а знам дека ЈНА беше една хипотетска целина, но во обичниот живот под ЈНА се подразбираше копнената војска. И не само тоа, имаше дузини органиѕациони трансформации, б.т.в. ЈНА е од 1951, до тогаш беше ЈА... а па подоцна се подели освен видови и на географски Армии, Прва, Втора... а б.т.в. кај морнарицата има купишта ознаки со ЈРМ ама мислам има и со РМ. Но има една друга работа, во РМ чин беше морнар а во копнената војска војник, Е сега незнам како беше во воздухопловството, мислам исто беше војник. Јас не се сеќавам како почна дискусијата, но како и да е се работи за една од дубиозите во СФРЈ ( различна должина на служење воен рок, различно правило на служба не само формално туку и пошироко), па јас дискутирав во таа насока.
 
Во времето на ју се живеело подобро
Се слагам[DOUBLEPOST=1435181904][/DOUBLEPOST]
Но има една друга работа, во РМ чин беше морнар а во копнената војска војник, Е сега незнам како беше во воздухопловството, мислам исто беше војник. Јас не се сеќавам како почна дискусијата, но како и да е се работи за една од дубиозите во СФРЈ ( различна должина на служење воен рок, различно правило на служба не само формално туку и пошироко), па јас дискутирав во таа насока.
Вооружените сили на СФРЈ беше ЈНА
Југословенска Народна Армија. Во нејзин состѕтав влегуваше и Ратна морнарица како составен дел на ЈНА. Секој што служел било каде војска во СФРЈ - служел во ЈНА.
Постоеше значка “примерен војник“ која му се даваше на оние војници кои изузетно се истакнаа во тек на служењето на воениот рок. И пешадинец и тенкист и шофер и МОРНАР добиваа таква иста значка
pv.jpg
воените ордења и медаљи беа за цела ЈНА исти, не постоеше башка орден за морнарица башка за воздухопловство, заклетвата која ја полагаа и морнари и пешадинци и артилерци... беше една иста за цела ЈНА, морнарите не полагаа башка заклетва,

Jugoslavenska ratna mornarica (kratica JRM), bila je grana (vid) Jugoslavenske narodne armije

https://hr.wikipedia.org/wiki/Jugoslavenska_ratna_mornarica
 
Последно уредено:
Се слагам[DOUBLEPOST=1435181904][/DOUBLEPOST]
Вооружените сили на СФРЈ беше ЈНА
Југословенска Народна Армија. Во нејзин состѕтав влегуваше и Ратна морнарица како составен дел на ЈНА. Секој што служел било каде војска во СФРЈ - служел во ЈНА.
Постоеше значка “примерен војник“ која му се даваше на оние војници кои изузетно се истакнаа во тек на служењето на воениот рок. И пешадинец и тенкист и шофер и МОРНАР добиваа таква иста значка
Прегледај го приврзокот 123487

Правно формално да, со оснивање на ЈНА (1951) таа ги покрива сите видови и родови освен Резервниот состав и ТО ( а заедно со нив влегува во Оружени сили на СФРЈ), но имаше перманентни промени; а имаше доста разлики до 78-та, Тито имаше посебна бела адмиралска униформа и еполети, а имаше и доста специфични ознаки.. јас мислам дури среќавав и текстови JNA i RM, а ќе побарам стари слики што точно пишуваше на лентите што ги носевме на капата, а и ако чувам некој месингани копчиња од старите, со знак на сидро.. инаку сега на огласи се продаваат копчиња, ама од новите, сините, со ознака JRM.... примарно беше што се служеше подолго ( освен тие со ВСС) а за узврат имаше бенефиции, н.пр. тие што даваа стража во морнарица имаа турнус 1 + 1 + 1 ( една недела работна единица една недела слободни, а во копнена војска беше 1 + 1)... најдолг марш во морнаричка пешадија беше 6км, а кај копнената војска имаа по 20км а може и повеќе ( ама морнаричка пешадија вежбаше на обука параден корак, иако само мал дел стануваа гардисти на Бриони)... мислам дека во 80-тите се изедначи и должината на служење и се унифицира правилото на служба.
 
Ти да не си вработен во некој кабелски оператор шо толку рекламираш гледање на ТВ програми?
Не знам што толку те возбудува гледање ТВ ко да немаш видено во животот подвижни слики, МК програмите се полни со пропаганда, во СФРЈ немаше политичка пропаганда на ТВ колку сега, на филмски канали се репризираат филмови од пред неколку години веќе видени. Кабловска телевизија ќе имаше и во СФРЈ, и во независна македонија во 91 немаше кабелска, си дојде тоа покасно, во СФРЈ немаше ограничувања, имаше метал и панк бендови имаше домашни и странски филмови и еротски и акциони и вестерн, тука на кино се гледаше и Емануела и Рамбо и Одисеја 2001 и Последно танго во Париз, во Југославија се свиреше и рок и народно па кој што сака си слушаше, излегуваа и стрипови со супермен бетмен сребрениот летач.... не бевме хендикепирани оти немавме пристап кон современ филм музика литература уметност...
А ти денес сметаш дека кабловска телевизија е врв на цивилизациско достигнување??
Ко домородец во амазонските џунгли ко ќе му покажеш како работи зипо запалка
Пак се вртиш околу домашните ТВ станици и филмските канали како да се единствениот избор кој кабелската телевизија ти го нуди. Ама, кога интересот ти е лимитиран исто како и моќта за перцепција и сознавање тогаш нема да забележуваш нешта кои ти се неразбирливи или надвор од индивидуалната моќ за забележување![DOUBLEPOST=1435229161][/DOUBLEPOST]
Се слагам[DOUBLEPOST=1435181904][/DOUBLEPOST]
Вооружените сили на СФРЈ беше ЈНА
Југословенска Народна Армија. Во нејзин состѕтав влегуваше и Ратна морнарица како составен дел на ЈНА. Секој што служел било каде војска во СФРЈ - служел во ЈНА.
Постоеше значка “примерен војник“ која му се даваше на оние војници кои изузетно се истакнаа во тек на служењето на воениот рок. И пешадинец и тенкист и шофер и МОРНАР добиваа таква иста значка
Прегледај го приврзокот 123487
воените ордења и медаљи беа за цела ЈНА исти, не постоеше башка орден за морнарица башка за воздухопловство, заклетвата која ја полагаа и морнари и пешадинци и артилерци... беше една иста за цела ЈНА, морнарите не полагаа башка заклетва,

Jugoslavenska ratna mornarica (kratica JRM), bila je grana (vid) Jugoslavenske narodne armije

https://hr.wikipedia.org/wiki/Jugoslavenska_ratna_mornarica
:lolzz: ЈРМ со дури 2-те подморници, 15тина патролни-торпедни чамчиња со дрвено корито, едната фрегата и уште едната топовњача беше респектабилна морнарица! И кое врвно непознавање или неразбирање на системот на општонародна обдрана на СФЈ го имаш човеку? Оружените сили на СФРЈ не беше само ЈНА туку и ТО и ЦЗ! [DOUBLEPOST=1435229834][/DOUBLEPOST]
^
Леле, леле, каква легенда е овој, шампион. Алал да му се тие 0,2 долари што ги печали.
0,2$ се пари за респект, посебно кога ти легнуваат на сметка на секои 5 минути во денот непрекинато :tapp:
 
Последно уредено:
Пак се вртиш околу домашните ТВ станици и филмските канали како да се единствениот избор кој кабелската телевизија ти го нуди. Ама, кога интересот ти е лимитиран исто како и моќта за перцепција и сознавање тогаш нема да забележуваш нешта кои ти се неразбирливи или надвор од индивидуалната моќ за забележување!
He, колегата твој е на становиште дека кабловска телевизија е доволна за среќен живот на народот, ако прочиташ внимателно ќе видиош дека јас го критикувам ради тоа

ЈРМ со дури 2-те подморници, 15тина патролни-торпедни чамчиња со дрвено корито, едната фрегата и уште едната топовњача беше респектабилна морнарица! И кое врвно непознавање или неразбирање на системот на општонародна обдрана на СФЈ го имаш човеку? Оружените сили на СФРЈ не беше само ЈНА туку и :tapp:
Збориме конкретно за ЈНА, таа беше составена од РМ ВВ и ПВО и КОВ, то ти шо велиш е друго каде се влезени ЦЗ и ТО, Територијалната одбрана беше во надлежност на општините и фабриките, пример РЕК битола од свои средства купуваше оружје за потреби на својата единица на ТО... али то треба да си го видел, доживеел или учел, а ти ништо од тоа не си имал
РМ на ЈНА имаше во свој состав
6 подморници класа УНА
2 подморници класа САВА
3 подморници класа ХЕРОЈ
2 ракетни фрегати КОНИ
2 ракетни фрегати КОТОР
6 Ракетни топовњачи КОТОР
9 Ракетни чамци ОСА
13 Торпедни чамци ШЕРШЕН
26 Патролни брода
19 патролни чамци
2 Школски брода
8 Миноловци
и поголем број на други помошни бродови и чамци, исто во склоп на РМ беа и голем број на артилериски обални орудија, ракетни лансери земја брод, хелихоптери, бази....
секоја морнарица се оптимизира према своите потреби и карактеристики на морето али мал си тоа да го знаеш
 
Последно уредено:
Да видиме што кажал еден од најпаметните и највизионерските луѓе во светот, Драганн Богдановски, кој уште во 1971 г. го предвидел распадот на Југославија.

"Југославија се наоѓа пред распаѓање, 'Болниот на Балканот' ја испушта својата грешна душа, ја предава на ѓаволот за да ја однесе в пекол, каде што и е местото, зашто и самата беше пекол додека беше жива... Врз гробот на Југославија ќе плачат само српските хегемонисти и по некој јаничар на српскиот империјализам во Македонија на кој неславната покојничка му обезбедуваше раскош и разврат. Сега, пред самото распаѓање на Југославија ние Македонците треба да се прашаме што да правиме? Кој пат треба да го фатиме? Нема никакво сомневање дека распаѓањето на Југославија ќе биде судбоносно за Македонската Република", пишува Богдановски во 1971 година.
Извор: ВЕЧЕР, 12 јануари 2015 година (http://vecer.mk/kultura/dragan-bogdanovski-vo-1971-znaeshe-deka-jugoslavija-kje-se-raspadne)
 
Богдановски сигурно не рачунаше дека распадот на СФРЈ ќе го искористат банди (леви и десни) кои ќе го уништат македонскиот народ, за да ги наполнат сопствените џебови. Уште помалку би му текнало тогаш, дека некој така бескрупулозно ќе го уништува нашиот народ за своја лична сметка, затскривајќи се зад името ВМРО.
Сега засигурно се превртува во гроб гледајќи какви гниди стојат и го злоупотребуваат ова свето име.
 
Сега, пред самото распаѓање на Југославија ние Македонците треба да се прашаме што да правиме? Кој пат треба да го фатиме?
Ce знае, патот кон Америка Аустралија Германија и Шведска!!
 
Богдановски сигурно не рачунаше дека распадот на СФРЈ ќе го искористат банди (леви и десни) кои ќе го уништат македонскиот народ, за да ги наполнат сопствените џебови. Уште помалку би му текнало тогаш, дека некој така бескрупулозно ќе го уништува нашиот народ за своја лична сметка, затскривајќи се зад името ВМРО.
Сега засигурно се превртува во гроб гледајќи какви гниди стојат и го злоупотребуваат ова свето име.

Гнидите го злоупотребуваат светото име, сакаат да носат странскии инвеститори и да вработуваат Македонци, го субвенционираат земјоделството, субвенционираат повеќе детни семејства, даваат бесплатно основно и средно образование, што од што полошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom