Срам е кога некои Македонци водени од тесно политички и краткоктрајни лични интереси безусловно поддржуваат некои пол. опции кои што нанесуваат штета на националните интереси на Р. Македонија, како на пример оние кои што се залагаат за федерализација и целосна албанизација на Македонија и дискриминација на Македонците и употребата на македонскиот јазик.
Појди си само од опцијата која што слепо ја поддржуваш во твојот град и потсети се кому исклучиво даваше дозволи за градба на големи станбени објекти и чиво масовно населување поттикнуваше??[DOUBLEPOST=1435070808][/DOUBLEPOST]
Ќе има туристи, но прашање е колку? После визната либерализација, најбројните српски и македонски туристи ги снема во Охрид, а одамна ги снема и холандските. Да не беа владиите субвенции за носење туристи и стратегијата за евтини летови и нови авио-линии, ќе останеа само викендашите од Косово, Бугарија, Албанија и Србија, кои едвај остваруваат 1-2 ноќевања. Како ќе доаѓаа европските туристи од БЕНЕЛУКС, Англија, Норвешка, Шведска, Финска, со скапи поврзани летови кои траат по 15 сати и коштаат по 800 евра по човек??? Сакале ние да признаеме или не, сето ова е благодарение на власта која имаше визија за воведување нови и евтини летови и пред се` субвенционирањето носење странски туристи.
Добро ќе беше да можам да поддржувам барем една од двете слепи опции.За жал морам да прифатам голем дел сегашни опозициски забелешки - не дека тие се подобра опција (се покажаа 8 години), туку дека моменталниве работат по принцип добра амбалажа со лош производ.
Двете опции работат против македонските интереси.Нивното меѓусебно покажување валкани алишта би требало да е отворање очи за обични луѓе.
Кога веќе споредуваме, далеку надвор од темава...
- некој ја продаде Окта, а некој ЕВН
- некој ја поеба индустријата, после некој друг остана во соработка со тајкуните профитери од тогаш
- некој ја расипа Струга, а некој Кичево (не се ваѓај на изговорот за недоветни дека така било планирано од претходно - СЕ е променливо во политика)
- истата тајфа околу Петрески е сега околу Бакрачески, само потребно е да гледаш со две очи
- истото како коалицирањето со ‘партијата‘ која од 2001 е скоро непроменлив партнер со двете опции
- за федерализации, јазик и слични работи, најсвежо е сеќавањето од новите имиња во Чаир.Помалку свежо, ама и многу поболно е амнестијата на бизнис партнерите од владата
И ако се толку поштени и едните и другите - зошто еднаш барем не се уапсат и не си докажат меѓусебен криминал?Барем еднаш.Баш ќе ми е мерак да го видам дон БЦ зад решетки, ама ете на некого можда му е подобро тој само да е крив и ништо плус.
Кога сме веќе кај Охрид, палмите се невидена глупост.Исто како и планот за сушење на Студенчишко блато и уништувањето на Љубаништа и Лагадин.Строго само бизнис интереси, никаков (локал) патриотизам или емоција.
Да бевме нормална земја досега општината ќе беше пепел.И сега и пред 7 години, без разлика.Или два пати.
Корендон и Туи не знам колку се во класа на Визер, првите контакти со Бенелукс ги имаше Хотам, т.е. дел од охридските хотелиери од постара генерација кои бараа враќање на старите гости од 80-те.
Кога сме кај субвенциите за туризам, еве нешто за нивното исплаќање
http://www.ohridnews.com/vesti/54668
На охридската ривиера оваа година ќе одмараат десетина илјади туристи помалку од земјите на Бенелукс, а наместо предвидените 12, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ неделно ќе се реализираат 5 чартер летови неделно, информираат од ХОТАМ. Како причина за значително намалениот број на гости од Холандија и Белгија, од ХОТАМ го наведуваат повеќе месечното доцнење на исплатата на државните субвенции за реализираните аранжмани во 2012 година на туроператорите, за што е задолжена Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
-Оваа година според најавите на трите партнери од земјите на Бенелукс, кои две години го работат овој пазар, имаше најава за пристигнување на 30 илјади туристи од Холандија и Белгија, но за жал ќе пристигнат можеби околу 20 илјади. Тоа е последица на ненавремено исплаќање на субвенциите на туроператорите од странство. Иако барањата се доставени уредно до сега се обработени и ипсратени решенија само за мај, јуни и јули 2012, а за останатите три месеци, август, септември и октомври, ни решенија за исплата не се испратени до туроператорите.-изјави Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.
Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која е задолжена за исплата на субвенциите, објаснуваат дека поради одредени административни процедури, наместо овој месец, како што првично било предвидено, туроператорите ќе ги добијат средствата за донесените странски туристи во 2012, по велигденските празници.
-Субвенциите за 2011 беа исплатени крај на јуни, а за 2012 ќе бидат исплатени во првите денови од мај. Нема логика да кажува некој дека доцниме. Вкупно ќе бидат исплатени субвенции некаде милион и 50 илјади евра цирка.-изјави Јордан Трајков, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Трајков смета дека институцијата со која тој раководи е мета на напади на претседателот на ХОТАМ, бидејќи одбила на агенција блиска на него да исплати субвенции кои немало основ да бидат пресметани.
-
Конкретно во нивните барања за субвенции има и барања за деца за кои не се плаќа, како и барања за лица кои не се туристи, односно за обични патници кои доаѓаат со чартер авионите.-истакна Трајков.
Танески, пак, тврди дека простор за манипулација со субвенциите нема затоа што тие се исплаќаат врз основа на 13 прописи пропишани од државата, посочувајќи дека средствата не легнуваат на сметка на домашните хотели и агенции, туку кај туроператорите кои ги носат странските гости.
-Не е само листата на документи, туку мора сите меѓусебни плаќања да бидат завршени. Исто така многу важно е тоа што составен дел од постапката се авионските листи, како и листите за прием на гости во хотелите кои мора да се совпаднат со авионските листи, исто така и издадените фактури за истите гости, плаќањето на истите, но и потврда од ТАВ аеродроми дека се подмирени трошоците за аеродромски услуги и дека летовите се реализирани. Јас мислам дека простор за манипулација со ваква обемна документација нема.-вели Танески.
Согласно закон, субвенции се исплаќаат на секој туроператор или агенција, кои се организатори на патување, односно изготвиле програма, ги продале аранжманите и кои донеле гости во Македонија каде тие оствариле најмалку три ноќевања со појадок. Субвенцијата за земјите во Бенелукс изнесува 65 евра по турист.
Редовно во лето среќавам(е) луѓе од најчудни можни земји во посета овде - настрана од стандардните европски (Бразил, Мексико, Ерменија, Узбекистан, Јужна Кореја, Јапонија, Јужна Африка, Израел).Се информирале од интернет, од познаници од овде, од пријатели од странство шо го посетиле веќе Охрид.Не од Влада на РМ, не од Општина Охрид - и покрај некакви кампањи и толку поминати саеми за туризам.И најчесто дошле во слободна режија на Х начини.