Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Не сум уште. Моментално скоро и го сопрев опаѓањето користам миноксидил 5 % , и пијам биотин 10.000 mcg , али нова не расте , само таа се одржува колку толку. Ќе почекам уште година ипол до две максимум , се правеле некои истражувања и требало при крајот на 2016 да презентират некој БУМ во таа индустрија , па ќе видам што како.

А и оти ја стрижам кратко добар облик на глава имам , некако ми се допаѓа како стои. Али дефинитивно ќе одам да пробам да видам што ќе биде. :D
Каков миноксидил користиш? Пилфуд или од нет купуваш?
Јас имам Пилфуд, од минатото лето ми стои на полица и страв ми е да почнам да го користам :/
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.726
Поени од реакции
42.316
Каков миноксидил користиш? Пилфуд или од нет купуваш?
Јас имам Пилфуд, од минатото лето ми стои на полица и страв ми е да почнам да го користам :/
нема што да ти биде страв, прво ќе ти падне косата па ќе ти порасне ако не го користиш подолго време пак ќе ти падне тоа шо ти никнало и се вртиш у круг:D
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
нема што да ти биде страв, прво ќе ти падне косата па ќе ти порасне ако не го користиш подолго време пак ќе ти падне тоа шо ти никнало и се вртиш у круг:D
Страв ми е да не падне само... Читав нешто на нет дека ја зголемува циркулацијата на крвта во скалпот, а индиректно и концетрацијата на тестостеронот кој што ги убива фоликулите. Реално, ако тестостеронот е у крвта, ова има логика. Дури и да работи како што треба, на долг рок си сјебан.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.726
Поени од реакции
42.316
Страв ми е да не падне само... Читав нешто на нет дека ја зголемува циркулацијата на крвта во скалпот, а индиректно и концетрацијата на тестостеронот кој што ги убива фоликулите. Реално, ако тестостеронот е у крвта, ова има логика. Дури и да работи како што треба, на долг рок си сјебан.
знам луѓе што го користат повеќе години со прекини и нема негативни ефекти освен што ја суши кожата и се јавува чешање па мора со некој лосион да се користи у пакет.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Дали кремот за коса се мие само со вода или мора и шампон? :)

И дали е штетен до таа мера како гелот?...Јас на пример ставам секој ден крем за коса Нивеа еден во плаво паковање Nivea CremeGel и косата ја мијам со шампон на два дена значи еден ден само ја измивам со вода а другиот му ставам и шампон, кога ја м ијам со вода и ја исушам после тоа не осеќам ништо од кремот како остатоци и мислам дека скроз водата го измива...но сепак да прашам?
 
Член од
13 јуни 2015
Мислења
17
Поени од реакции
10
Имав и јас таков скапан косопаст....кругови на две места имав...бев на кожен лекар на болница ми кажа да користам синодерм гел и мерц .... месец дена така се мачев и ништо...отидов лани на приватен дерматолог... верувајте за 4 месеци ми ја втати косата на двете места каде што имав кругови...ми даде апчиња од натурал велтс ги пиев така некое време а сето тоа со пилфуд 5% и шампон фолтен за мажи со екстракт на пиперка без слез... треба да бидете премногу упорни верувајте два пати дневно треба да се мачкате со пилфудот за некаде 4 месеци ќе имате коса ама факт е дека сите сме различни и не делува исто кај секого... еве кај мене лично одкако ми порасна коса на двете места прекинав да користам пилфуд,користам само фолтен и бедоксин од време на време...не ми се случило да забележам пагање на косата воопшто,а читам некои тука дека по 4 месеци му паѓала повторно...тоа кај мене не се случува...кај секого е различно т.е. факт е дека не треба да се нервирате зошто клучен фактор на ова е тоа дека ако имате постојан стрес ке ви падне цела коса не само на некои делови...јас така се нервирав и ми се случи ова тоа ми го потврди и дерматологот .... ја научив лекцијата и не си земајте се на срце ....само позитивно и бидете упорни и ќе има резултати :)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.356
Поени од реакции
38.615
Имав и јас таков скапан косопаст....кругови на две места имав...
Твоето е било алопеција ареата , иди излечи андрогенетска алопеција со пилфуд да те видам. :D ... Во 95 % од случаевите е генетски , така да единствено можеш да го одржуваш и да го одложуваш опаѓањето. Со лесно си поминал ти , ареатата кај 90 % од случаевите се повраќа косата лесно.
 
Член од
13 јуни 2015
Мислења
17
Поени од реакции
10
Твоето е било алопеција ареата , иди излечи андрогенетска алопеција со пилфуд да те видам. :D ... Во 95 % од случаевите е генетски , така да единствено можеш да го одржуваш и да го одложуваш опаѓањето. Со лесно си поминал ти , ареатата кај 90 % од случаевите се повраќа косата лесно.

Е да бе лесно 4-5 месеци со кругови на главата лесно е... ако не појдев на приватно кај дерматолог кој што е мн искусен кој знае сега можда ќе бев целосно ќелав.А инаку знам дека има повеќе видови на алопеции.... нз кај читав ама прочитав дека ареата бил најтежок вид на апопеција...колку е тоа точно нз
 
Член од
20 јуни 2015
Мислења
8
Поени од реакции
4
Првата година на факултет ми беше тешка и тоа резултираше на внатрешен стрес и опаѓање на косата. Косата буквално ми се преполови и ме фати паника. Фризерката ми препорача Алпецин, не сум сигурна дека имаше видливи резултати, можеби само го стопираше опаѓањето. Веќе две години од тогаш пробвам да си ја вратам косата и во последен период почнав да користам шампон од комприва со Б ампули, па како да живна косата малце o_O
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Првата година на факултет ми беше тешка и тоа резултираше на внатрешен стрес и опаѓање на косата. Косата буквално ми се преполови и ме фати паника. Фризерката ми препорача Алпецин, не сум сигурна дека имаше видливи резултати, можеби само го стопираше опаѓањето. Веќе две години од тогаш пробвам да си ја вратам косата и во последен период почнав да користам шампон од комприва со Б ампули, па како да живна косата малце o_O
Ако можеш да си дозволиш земи од новите ампули од Vichy Neogenic во комбинација со шампонот, многу се ефикасни.
Исто и BioKap се добри, а има и од Revlon (овие ги продаваат фризерите, ама можеби ако ги побараш директно кај увозникот цената ќе е пониска).
Vichy-то се доста скапи, од овие најевтини се BioKap ми се чини. Провери низ аптеките, мислам дека во повеќето ги има.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.198
Поени од реакции
2.246
Ima nekoj iskustvo so presaduvanje na kosa?
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Првата година на факултет ми беше тешка и тоа резултираше на внатрешен стрес и опаѓање на косата. Косата буквално ми се преполови и ме фати паника. Фризерката ми препорача Алпецин, не сум сигурна дека имаше видливи резултати, можеби само го стопираше опаѓањето. Веќе две години од тогаш пробвам да си ја вратам косата и во последен период почнав да користам шампон од комприва со Б ампули, па како да живна косата малце o_O
jas gi koristam ovie proizvodi protiv opaganje na kosa pa sega za sega ima dosta efekt
http://greenmaster.info/greenmaster/билно-масло-за-скалп-с-репа-и-чили-застимулирање-раст-на-косатa-100-ml
http://greenmaster.info/greenmaster/балсам-со-репа-против-косопад-за-сите-типови-коса-300-ml
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
339
Првата година на факултет ми беше тешка и тоа резултираше на внатрешен стрес и опаѓање на косата. Косата буквално ми се преполови и ме фати паника. Фризерката ми препорача Алпецин, не сум сигурна дека имаше видливи резултати, можеби само го стопираше опаѓањето. Веќе две години од тогаш пробвам да си ја вратам косата и во последен период почнав да користам шампон од комприва со Б ампули, па како да живна косата малце o_O
Може да ми кажеш колку ампули се ставаат?
 
Член од
13 јуни 2015
Мислења
17
Поени од реакции
10
Dali e dobro da se koristi bebeski bekutan posle koristenje na pilfud 5% ? koristev folten za mazi i super mi e sega kosava ama sakam da smenam drug sampon pa dali e ok da go koristam bekutanot nekoe vreme ?
 
Член од
10 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите, имам проблем со повремено опаѓање на косата и од досегашното искуство ми се чини дека Minoxidil e единствено средство што е научно докажано дека има ефект за разлика од сите други шампони и препарати на пазарот.

Го користев некаде минатата зима со видливи резултати, меѓутоа имам впечаток дека предизвикува одредени side ефекти (некое субјективно чудно чувство после користење што најдобро би се опишало како lightheadedness или замаеност..). Од тоа што го пишува на нет станува збор за доста опасна супстанција со потенцијално сериозни последици по кардиоваскуларно здравје на подолг рок (забрзан пулс, задебелување на предкомора, нарушување на крвен притисок и сл). Воедно истиот период ми се појави и проблем со висок притисок па престанав да го користам исплашен дека Minoxidil-от има удел во целата ситуација (иако мислам дека беше повеќе резултат на зголемена килажа и цигари).

Од пред месец дена почнав повторно да приметувам дека забрзано губам коса, па со оглед што имам останато едно пакување (Rogaine пења) се двоумам дали да почнам пак со Minoxidil или да се помирам со судбината и да кренам раце од грижа за косата.

Кои се вашие искуства so Minoxidil и дали постои алтернативен побезбеден третман што докажано функционира ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom