Ѓорче 1932
тој сум...
- Член од
- 17 февруари 2009
- Мислења
- 13.564
- Поени од реакции
- 11.576
Кондогбија е супер фудбалер, готов производ ко Нејмар пред да иде у Барса, овој играч за година две ќе достигне цена дупло поголема од оваа сега што ја бараат, али колку и да го сакам фудбалеров во Интер, не е решение за проблемите, играч од средина, на позиција на која играше Мота, со ваков профил на играч не се освојуваат титули, али истите се круцијален фрагмент од шампионските екипи.
Е сега да видиме кои ќе бидат следните потези, ја типувам на продажба на Икарди, не на Ковачич, купување на Јоветич и уште еден до двајца играч9 од нападот ( Пато ?!, Салах ) и шминкање на бековските позиции со некои поевтини неекспонирани варијанти со надеж дека ќе го најдат новиот Маикон кој исто пред да дојде во Интер ретко кој знаеше за што фудбалер стануваше збор.
Иначе Мурило апел за Колумбија, може да испадне од него засилување во права смисла на збор. Едно е сигурно, со доаѓањето на Аусилио за нов технички директор на Интер, работите и те како добија на прогрес, сега да се крстиме во Манчини и многумина од нас да бидеме пријатно изненадени и од него.
Стојам на тоа дека во овој нов Интер он е убедливо најслабата карика али па испадна добар во убедување на играчите да дојдат во Интер, и со Шаќири и со Кондогбија имал телефонски контакти по што одма играчите инсистираа за потпис со клубот, до душа со вториов ништо не е сеуште официјализирано али како што гледам од еден новинар на фцинтерњуз што го имам на фејс, најверојатно во Понеделник и ќе се официјализира трансферот.
И уште една работа која би требало да не радува а е моја претпоставка, играч ко Кондогбија не би се согласил да оди у клуб без притоа да му е ветен асален проект, интересот за него беше преголем па мислам дека Манчини и Аусилио имаат скроено некој план кој би требал да резултира со одличен Интер, бар на хартија, дури и во ситуација Кондогбија да не дојде.[DOUBLEPOST=1434808577][/DOUBLEPOST]
Тешко дека и Имбула ке го земат, на иста позиција игра со Кондогбија мислам, а иначе давање на Гуарин у секој случај е Се само не жртва.
Oд овој Интер единствен играч кој би можел да се окарактеризира ко жртва е Кова и никој друг, дури ни Икарди.
се согласувам со се што напиша,но така е зборот условно кажано.Кова не се чепка во ниту еден случај и околу него ќе се гради новиот Интер.Пишав така за Гуарин бидејќи претходнава сезона се форсираше многу,малку пркна и сите очекуваа од него да распали како во Порто.
Но остана на играта топло ладно и не покажа ништо особено.На негова позиција можеби ќе игра Гнокури,т.е ќе биде замена и нема да се буни поради тоа,туку ќе си чека шанса и ќе се кали со времето што ќе го добива на терен.
Затоа типувам на Гуарин јас,па и на Хернанес,посебно за овој вториов сакам да си оди.Последна шанса е ова да му извадиме некоја пара и да се ослободи Интер од големата плата.
Икарди потпиша нов договор и не верувам да се пушти одма,но Реал пројавиле интерес за него,а како што фрлаат тие ненормално многу пари,ако се успее од него да се извлече 50 милиони,нека си го тера патот.Јоветиќ ако дојде на негово место,ќе се свари некако неговото заминување,но страв ми е поради неговите хронични повреди.
А и Имбула ги одбил сите останати понуди доставени до него само за да потпише со Интер,договорот бил постигнат и играчот блокиран.
Којзнае какви ујдурми спремаат,можеби веќе нашле нови клубови за непотребните играчи и само треба да ги прифатат понудите,но прво да се потпишат нови играчи.
Со ослободување од тие играчи и тие на кои им истекува договорот,се ослободува значително место и се растеретува буџетот.