LCD телевизори

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
Останува подобар првиот Панасоник што го спомна - TX-40CS520 - доаѓа и со повисока стапка на освежување на сликата во споредба со другиот модел, а истовремено доаѓа и со 3D слика, што го прави многу пати подобар избор во споредба со овој вториов модел.
 
не ми треба 3д слика, значи тој првиот панасоник го бришеме
грешен ти е линкот односно хипертекстот
значи го споредуеме панасоникот без 3д, cs520 со сонито
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
не ми треба 3д слика, значи тој првиот панасоник го бришеме
грешен ти е линкот односно хипертекстот
значи го споредуеме панасоникот без 3д, cs520 со сонито
При таква споредба, Сонито е подобар, бидејќи е полесен и нуди снимање на надворешен хард диск преку USB меморија, изненадувачки, Панасоникот доаѓа со USB порта, но не може да снима.

Исто така, Сонито е полесен за разлика од Панасоникот кој е потежок, а наводно доаѓа и со сопствен DVB-S/S2 декодер, велам наводно бидејќи на официјалниот веб сајт на Ти-Хоум пишува така, но на официјалниот веб сајт на Сони пишува дека доаѓа само со сопствени DVB-T и DVB-C декодери, но не и со сопствен DVB-S/S2 декодер.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
бидејќи е полесен и нуди снимање на надворешен хард диск преку USB меморија, изненадувачки
Знаеш, ова ме изненади кога го прочитав. Ако имам макств ќе можам да снимам било што од програмата?
Ова ми се коси со тоа што т хоум ја имаат блокирано усб портата на нивните рисивери поради авторски права.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.842
Поени од реакции
2.108
Знаеш, ова ме изненади кога го прочитав. Ако имам макств ќе можам да снимам било што од програмата?
Ова ми се коси со тоа што т хоум ја имаат блокирано усб портата на нивните рисивери поради авторски права.
Moze da se snima samo na signalot preku antena\kablovska. Na uredite povrzani preku hdmi/skart nema opcija za snimanje
 
INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Здраво дечки.
Планирам да купувам ТВ, меѓутоа не сум во тек со моделите и брендовите, па ми треба совет/препорака.

Сакам да биде 40/42" со буџет до 500EUR. Најчесто гледам спорт или филмови, не ми е многу битно 3D, и колку ќе биде "паметен". Сакам само да си гледам спорт и филмчиња од УСБ/ХД со квалитетна слика.

Секој совет и препорака се добредојдени, фала ви. :)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.544
42LB730V

Најтопла препорака од мене
 
Еве ти еден таков добар 42 инчен модел од ЕлЏи, има и поевтини, но намерно ти го препорачувам поради стапката на освежување на сликата, која е 200 херца според ЕлЏи, но реалната стапка на освежување на сликата е 100 херца, што е одлично за било каква употреба.

Истовремено има и 3D слика и SMART TV, па дури и сопствен DVB-S2 декодер, но намерно го одбрав исклучиво поради стапката на освежување на сликата, а чини 28.999 денари во Нептун, односно 470 евра.

LG 42LA620S
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=206071

Лично би ти го препорачал подобриот и се разбира, поскапиот 42 инчен модел LG 42LB650V, бидејќи доаѓа со уште повисока стапка на освежување на сликата и се разбира, со уште подобра 3D слика и SMART TV опции, но бидејќи и самиот потенцираше дека не ти требаат тие работи, не ти го препорачувам, освен ако си подготвен да дадеш 32.999 денари за него во Нептун, односно 550 евра.

LG 42LB650V
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346

Еве добар 40 инчен модел од Самсунг, исто така доаѓа со 3D слика и со SMART TV, но ти го препорачувам пред се, поради стапката на освежување на сликата, која исто како кај поевтиниот модел од ЕлЏи, ја рекламираат со бројката од 200 херца, додека реалната стапка на освежување на сликата е 100 херца, а се продава по цена од 30.999 денари во Сет, односно помеѓу 510 и 515 евра - во зависност од средниот курс на денарот наспроти еврото на денот на купување на телевизорот.

Samsung UE40H6200
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs/SAMSUNG-UE40H6200-40-102cm-3D-SMART-Hub67115

Од Сони не можам да ти препорачам некој добар модел, бидејќи на сите реалната стапка на освежување на сликата им е под 100 херца, што не дава баш најдобра слика за обожавателите на спортски натпревари.

И се разбира, од Панасоник, 40 инчниот модел TX-40AS640E - доаѓа со SMART TV и 3D слика добиена по пат на конверзија од 2D слика во 3D слика, и 42 инчниот модел TX-42AS650E - доаѓа со 3D слика и со SMART TV. И двата модела доаѓаат со стапка на освежување на сликата од 1200 херца, додека реалната стапка на освежување им е 120 херца - една нула помалку од десно :D .

Во Сет, 40 инчниот модел се продава по цена од 30.999 денари, односно помеѓу 510 и 515 евра, а го има на лагер само во салонот на Сет во Соравија, а 42 инчниот модел се продава по цена од 33.999 денари, односно 555 евра, а го немаат на лагер во Скопје, ќе мораат да го донесат од некој од другите салони на Сет низ Македонија.

Panasonic TX-40AS640E
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67431

Panasonic TX-42AS650E
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67434

42LB730V

Најтопла препорака од мене
Одлична препорака, ама поскапа е за повеќе од 100 евра од границата поставена од купувачот - 500 евра.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.544
Одлична препорака, ама поскапа е за повеќе од 100 евра од границата поставена од купувачот - 500 евра.
Во саботата во Техномаркет го даваа за 31500 сосе шатор, крпа, столче за плажа и чадор. Малку штета што јас го зедов од Нептун 4000 поскапо, али јбг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
Во саботата во Техномаркет го даваа за 31500 сосе шатор, крпа, столче за плажа и чадор. Малку штета што јас го зедов од Нептун 4000 поскапо, али јбг.
Одлична зделка, но или тоа било привремена промоција во Техномаркет, или ептен ги мрзи да го освежат својот официјален веб сајт со најнови цени.

http://www.tehnomarket.com.mk/products/09135853/lg-42lb730v

А на официјалниот веб сајт на Нептун воопшто не го ни даваат тој модел, најверојатно ги распродале сите примероци од тој модел.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.544
Па јас го чекав една недела од Тетово, може и последен примерок да е било :cautious:
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.955
Поени од реакции
7.074
Има добра понуда на curved ultra hd телевизори од Samsung во Technomarket по доста пристапна цена, 38 000 за 40-инчниот модел. Има некој искуство со вакви тв? Како е гледањето на закривен екран?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.544
Ултра ХД на 40 инчи е како порно на ТВ1000. Апсолутна пропаст.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom