Здраво дечки.
Планирам да купувам ТВ, меѓутоа не сум во тек со моделите и брендовите, па ми треба совет/препорака.
Сакам да биде 40/42" со буџет до 500EUR. Најчесто гледам спорт или филмови, не ми е многу битно 3D, и колку ќе биде "паметен". Сакам само да си гледам спорт и филмчиња од УСБ/ХД со квалитетна слика.
Секој совет и препорака се добредојдени, фала ви.
Еве ти еден таков добар 42 инчен модел од ЕлЏи, има и поевтини, но намерно ти го препорачувам поради стапката на освежување на сликата, која е 200 херца според ЕлЏи, но реалната стапка на освежување на сликата е 100 херца, што е одлично за било каква употреба.
Истовремено има и 3D слика и SMART TV, па дури и сопствен DVB-S2 декодер, но намерно го одбрав исклучиво поради стапката на освежување на сликата, а чини 28.999 денари во Нептун, односно 470 евра.
LG 42LA620S
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=206071
Лично би ти го препорачал подобриот и се разбира, поскапиот 42 инчен модел LG 42LB650V, бидејќи доаѓа со уште повисока стапка на освежување на сликата и се разбира, со уште подобра 3D слика и SMART TV опции, но бидејќи и самиот потенцираше дека не ти требаат тие работи, не ти го препорачувам, освен ако си подготвен да дадеш 32.999 денари за него во Нептун, односно 550 евра.
LG 42LB650V
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346
Еве добар 40 инчен модел од Самсунг, исто така доаѓа со 3D слика и со SMART TV, но ти го препорачувам пред се, поради стапката на освежување на сликата, која исто како кај поевтиниот модел од ЕлЏи, ја рекламираат со бројката од 200 херца, додека реалната стапка на освежување на сликата е 100 херца, а се продава по цена од 30.999 денари во Сет, односно помеѓу 510 и 515 евра - во зависност од средниот курс на денарот наспроти еврото на денот на купување на телевизорот.
Samsung UE40H6200
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs/SAMSUNG-UE40H6200-40-102cm-3D-SMART-Hub67115
Од Сони не можам да ти препорачам некој добар модел, бидејќи на сите реалната стапка на освежување на сликата им е под 100 херца, што не дава баш најдобра слика за обожавателите на спортски натпревари.
И се разбира, од Панасоник, 40 инчниот модел TX-40AS640E - доаѓа со SMART TV и 3D слика добиена по пат на конверзија од 2D слика во 3D слика, и 42 инчниот модел TX-42AS650E - доаѓа со 3D слика и со SMART TV. И двата модела доаѓаат со стапка на освежување на сликата од 1200 херца, додека реалната стапка на освежување им е 120 херца - една нула помалку од десно
.
Во Сет, 40 инчниот модел се продава по цена од 30.999 денари, односно помеѓу 510 и 515 евра, а го има на лагер само во салонот на Сет во Соравија, а 42 инчниот модел се продава по цена од 33.999 денари, односно 555 евра, а го немаат на лагер во Скопје, ќе мораат да го донесат од некој од другите салони на Сет низ Македонија.
Panasonic TX-40AS640E
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67431
Panasonic TX-42AS650E
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67434
42LB730V
Најтопла препорака од мене
Одлична препорака, ама поскапа е за повеќе од 100 евра од границата поставена од купувачот - 500 евра.