Значи да бевме нормален народ со нормална власт... За клубот ќе одеа барем 400К по сезона од општината колку да се обезбеди нормално функционирање. Башка салата требаше да се реновира и да се одржува секоја година. И дури тогаш требаше да сме незадоволни дека имаме мизерен буџет и дека треба да не купи некој странец па да одиме уште погоре.
Ама пошто овде ништо не е нормално... Клубот нема буџет ни 2000 евра да си купи опрема ако ништо друго, салата е на ниво од некоја афричка земја кај шо немат ни канализација ни вода за пиење...
И Илче излегва да кажи дека е точно дека 2 години една шајка немат удрено.
И шо да прајме ние?
Демек добро е си признават дека не работат ништо... Ајде ќе чекаме понатаму.

Шо добивам јас со изјавата на Илче дека ништо не е мрднато од местото? Зошто е тоа така? Ваљда некој треба одговорност да си превземи за то. Зошто упорно се ветуваја спортски комплекси ѓаоли врагој ко од сето то на крај дискотека никна во сред спортскиот комплекс.
Се заебаваме шо се заебаваме овде... Во замена за тоа кој играч треба да го донесиме, каква одбрана треба да се игра, до кај ќе стигниме во европа оваа сезона... Ние дискутираме за полиците шо ги бојадисаја и за то дека до Прага ојдоја со автобус небаре екскурзија беше то. Впрочем ништо друго не ни остана освен да се заебаваме, ситуацијата е 'смејем се ал плакао би'.
Крајно засрамувачки е целиот спорт во градот. Не сме ни на ниво на селски задруги, ова се буквално пералници за пари од кои што за спортот не оди ни ебан денар. Ниту се знај колку се должи, ниту кој плаќа а кој пие, ништо ама баш ништо.
Да сме нормална држава за ваквото работење треба да лежат в затвор сите од прв до последен и клубојте да бидат угаснати. Ако можеа србите да ја осудат Цеца за оние трансфери во Обилич, тогаш сите поранешни директори во ФК треба да ги обесиме на плоштад.
Која е таа црна комисија за млади и спорт? Шо имаат напраено во овие 10 години? Ништо. Овде на форумот во овие 600 страни имаме испишано 100 проекти, слободно нека ги препишеа и нека се курчеа со нив до Господ никој немаше да им замери.
Па и на тие околу Двојче, ајде тој е заминат по пајките одамна... Ама тие како малце од малце немаат свест. Па не е се шо постои за да се укради, пак тоа и за нив и нивните деца е. Нека го кренат клубот на нозе пак ќе остани по некој процент за нив... ако има успеси никој нема да го боли глата за то дека крадат од таму. Во се можно гледаат да се уградат, нивна заслуга да е, страв ми е и 10 денари ко ќе оставам в црква да не излези Двојче од некоја страна пред камери да се смешка дека тој ги остајл и дека тој е најак.

Знај тој Пискачо да излези да напиши дека се оди Вардар и Металург да се гледа од Битола. Тој светец, нејќи поголема плата, контраштрајкач, оди во Скопје само партијата кога го вика и тогаш мора да шлука таму. На кое ниво стигнавме, да поранешен воџа на Комити му пиши на овој дека треба и кај нас да се вложи и дека во се сме последни, а овој нашио горд, одма тука набројва проекти не е така а у...

Јас никогаш не сум ошол да ги гледам ни Вардар ни Металург а толку време сум во Скопје веќе. Мада искрено многу поради би ошол таму и би гледал ракомет место да седам на бетонот онде и да гледам кај шо го сквернават мојот клуб.