Тоа што Маркс ѓоамити не сакал да створи „догматска„ теорија за начинот на кој ќе биде уредена „светлата будуќност„, тоа не значи дека неговите следбеници се држеле до тој Марксов став, туку напротив: марксизмот го претворија не во идеологија, туку во светоглед, кој ден-денес е важечки и референтен.
Тао што Маркс и Дарвин “случајно„ се совпаднале со две паралални и меѓусебно надополнувачки идеи (идеи, не реални испитувања!), само е последица од стекот од историски околности, почнувајќи од славниот ренесанс, кога започна масовното Боготпадништво, па луѓето, наместо да ја прифата историската и општествената стварнот како од Бога зададен поредок во Светов, мудреците почнаа да се занимаваат со идеи (!) со цел да го „преуредат„ поредокот кој е од сам Бог поставен.
Така, утопистите сањаа за бескласни оштества (Сен Симон, Фурие..), еретичките рисјани промовираа хилијазам (1000 годишно владеење Христово на Земјават по Неговото второ доаѓање), емпиристите и рационалистите (Френсис Бекон, Џон Лок, Хобс, Џорџ Беркли...) сметаа дека вистината доаѓа само од искуството и разумниот заклучок, француските материјалисти и просветители (Русо, Дидро, Волтер..) сметаа дека Светов е само материја па се' до радикалната промена која се случува во 19-от век, со појавата на науките (одвоени од философијата), кои се обидоа да створат комлетно нов светоглед, во чие креирање учествуваа Маркс и Дарвин. „Логично„ на нив се надоврзува нихилизмот од егзистенционалистите (Витгенштајн, Шопенхауер...) на кои идејата за Бог им е потполно туѓа, а човекот го гледаат како самодоволно битие, кое нема посебна цел во своето битисување.
Појќе е од јасно дека не се работи за иста идеја, туку за идеи кои меѓусебно се надополнуваат, а кои својата подлога ја имаат во претходно наведените историски предуслови.