Ги немам прочитано сите постови, така да, да ми простите ако некој напишал слични работи. Прво, пред да почнам, да нагласам дека не сум атеист, ама дека бев атеист добри 3-4 години, поточно анти-теист, и се залагав и ги делев истите мислиња што се искажани во првиот пост.
Темата можеше да носи наслов атеистичка етика. Меѓутоа вака повеќе одговара на елаборирањето зошто атеизмот е морално супериорен. Додека атеист(к)ите се соочени со одговарање на прашањето како може да бидат морални без реалигиозност и бог , јас направив листа од 10 причини што се нерелигиозни и морално супериорни од религиозните фундаменталисти. Листата не е конечна може и вие да ја дополнувате, но поентата е да ја покажеме нашата атеистичка морална супериорност кон религијата, верата и бог.
Прво што е тоа атеистичка етика? Сакаш да кажеш дека пости одредена етика на која се приврзуваат повеќето атеисти? Таква не постои, атеист не е ништо повеќе од човек кој не верува во Господ, а дали е морален зависи од него и неговите лични убедувања. Таа атеистичка етика или моралност која за која зборуваш се вика либерализам, барем според причините што си ги напишала. Тоа не значи дека атеист=либерален, постојат атеисти кои имаат спротивни гледишта од твоите и затоа неможеш да проповедаш "атеистичка супериорност" туку единствено можеш да проповедаш лична супериорност.
Никаков бог не ми кажува да ја мразам геј популација, ниту јас имам лично причина да ги мразам. Всушност ако хомосексуалците се љубат и сакаат да склопуваат бракови тоа значи повеќе права за нив и повеќе демократски капацитет за опшеството. Зошто би ја забраниле љубовта заоснована на ист пол?
Прво не го мешај зборот Бог со некакво учење, били какво, освен ако, нели, си го слушнала Бог како ти кажува да ја мразиш геј популацијата. Хомосексуалноста била одбивна и негативно гледана во сите култури пред и по монотеистичките религии, причината за тоа е што за да се размножува човештвото потребно е маж и жена да имаат сексуални односи, било какви односи кои не придонесуваат кон размножувањето во човештото се гледаат како неприродни и настрани, педофилијата и сексот со животни спаѓаат во таа категорија. Затоа маструбацијата е табу тема во некои култури. Во културите каде што се
толерирале хомосексуални појави, било така исклучиво ако тие луѓе се во брак, исклучиво хомосексуланост не се толерирала никаде како штетна за општеството.
2.Никаков бог не ми кажува дека жените се инфериорни спрема мажите и кон нас треба да се однесуваат кон предмет и да не објективизираат , стереотипизираат. Јас како родена атеистка сум еднаква со мажите.
За Бог, види го првиот мој параграф, друго, што подразбираш по инфериорност? Биолошки факт е дека мажите се физички посбособни од жените, мажите се повисоки, подебели и имаме повеќе мускулно ткиво и помалку сало од жените. За објективизирање исто така треба да објасниш што е, трескање интересни зборови од Tumblr/9gag не е никаков аргумент. Жените сексуално се објективизираат секој пат кога ќе се нашминкаат и облечат на начин на кој ќе бидат сексуално привлечни на спротивниот пол. А сигурно не си родена како атеистка, ниту пак си родена теистка, тоа не можеш да го знаеш. А дека си еднаква е дискутабилно, прво не се сите луѓе исти, некој е попаметен и појак, а некој послаб и поглупав, и тоа во многу нијасни, не си еднака со сите луѓе, не си ни еднаква со повеќето луѓе, како што не сум ни јас, природата не познава еднаквост, инаку би не направела сите исти. За стереотипи незнам од каде да почнам, нема стереотипи за мажите? Дека сме глупи? Дека за ништо не не бива? Дека само секс не интересира?
3. Никаков бог мене не ми кажува да се молам наместо да побарам соодветна медицинска помош кога сум болна. Јас верувам во медицина и наука. Верувам дека жената има право да одлучи што ќе прави со нејзиното тело. Ова иде отаде слоганот жените се еднакви затоа што верувам дека е глупо некој брадест старец на небото кој никогаш нема да го запознаам да одлучува што јас смеам или не смеам да правам со моето сопствено тело.
Точно никој Бог не ти кажува дека не смееш да се лечиш, треба да си идиот да не отидеш у болница или да купиш лекови кога си болен, никој и не го прави тоа, сите одиме во болница и купуваме лекови кога сме болни така да овој аргумент ама ич не ти тржи вода, не дека другите нешто повеќе ти држат.
Прво кој и што ти забранува да правиш со твоето тело? Ако е за абортусот, а верувам е, ти немаш право да убиеш дете што не е само твое, и не е тоа право исклучиво твое туку и твојот партнер има мислење за тоа затоа што тоа дете е и негово исто колку што е и твое.
4. Никаков бог не ме учи да ги мразам луѓето кои веруваат во друг бог или го обожуваат истиот бог на различен начин.
Точно така.
5.Ниту еден бог не ме учи дека морам да бидам плодна и да се размножувам затоа што тоа ми е обврска кон верата и да ми забранува да имам секс од задоволство при тоа учејќи ме дека само сексот помеѓу венчани маж и жена е во ред и да ми цензурира какво било сексуално задоволство надвор од бракот.
1. Не тоа ти го налага природата, истото важи и за мажите, тој природен инстинкт за размножување го имаме сите.
2. Сексот сам по себе е задоволство, никој не ти забанува да уживаш во сексот, зависи што подразбираш ти под терминот секс од задоволство, сексот надвор од брак никој не ти забранува, неможеш да ми кажеш дека ти денеска неможеш да имас секс пред да влезеш во брак.
3. Се надевам на задаволство надвор од бракот не мислиш на прељуба.
6.Ниту еден бог не ме учи да го мразам различниот од мене . Јас ја имам слобода да го гледам секого како еднаков со мене, само во различно пакување. Нема потреба од расизам.
Каде е тоа учење коа не тера на расизам?
7. Никаков бог на мене или на било кој атеист од почетокот на човечката историја не ни кажал да се започне војна и крвопролевање врз трета земја само затоа што тамошното население верува во "погрешен бог". Како нерелигиозна личност немам потреба да подржувам војни што биле правдани со некое наводно древно пророштво..
Никогаш во човековата историја не се водела војна за уништување на друга држава затоа што верувале во друг Бог, војната денес, а и секогаш е политика, војни се водат за пари и територии, релгијата била и е користена како повод да се оправда војната, да не се оправдувало со религија ќе се оправдувало со нешто друго, како што денес се оправдува инвазијата на многу земји под поводот борба за слобода или демократија. Не мешај повод со причина за војна, ова у основно се учи, прва светска војна не почнала заради Гаврило Принцип, се спремала со години, се чекало на повод.
8.Ниту еден бог мене не ми ветува девици и рајски задгробен живот така што не морам да врзувам бомба околу појасот и да се разнесувм на јавни места убивајќи невини луѓе..
Ова не е нормално во ниедна религија, неможеш да ја кривиш религијата за тоа исто како што јас неможам да го кривам атеизмот за милионите што ги има убиено Сталин.
9.Ниту еден бог не ми дал отворени ветувања што никогаш нема да се остварат како на пр. армагедон или вечен рај.
Ти тоа неможеш да го знаеш, тоа е проблемот со атеистите, напаѓате на тоа дека Бог не постои, и дека религиозните неможат да знаат со сигурност дали има Бог, а вие од друга страна инсистирате дека апсолутно Бог не постои, и дека вие можете да знаете со сигурност, тоа е арогантност, а тоа ти или јас како луѓе неможеме да го знаеме, затоа се вика
верување во Бог.
10.Никаков и ниту еден бог не ми ветил вечен живот , така што разбирам дека живото е битен и јас сум битна овде и сега. Го живеам животот најдобро што можам и го ценам животот на другите од истите причини..
А религиозните луѓе не разбираат нели? Одиме преку улица без да гледаме лево или десно, на цревно пошто шо има везе и онака идеме у рај? Незнам од кај вакви глупости вадиш, навреда е да кажеш дека верниците неможат да сфатат колку е битен животот без Бог, или дека Бог треба да ги учи кого да мразат или сакаат, овој твој пост, не треба да се вика атеистичка морална супериорност, затоа што атеистичка колективена моралност не постои, туку треба да се преименува во твоја лична супериорност, ти веруваш во твоја лична супериорност затоа што не веруваш во "бајките" во кои веруваме ние простите верници, нема врска со религија или атеизам туку твое лично чувство на морална супериорност.