Нека е честита 4-та титула и нека ни се множат.
Титула, во сезона во која бевме далеку од доминантни, но со квалитет за нијанса подобар од останатите.
Ќе си пишам еден личен осврт за сезонава и за очекувањата од Септември.
Од кошаркарска гледна точка - Дефинитивно турбулентна сезона. Од самиот почеток. Го ,,намаливме,, буџетот, а со тоа дојдоа и несогласувањата. Загубивме цела една екипа, почнувајќи од столбовите, Станко и Тоше, преку Дамјан, Дејвис и Синовец, до Шехович, Оташевич, Огнен и Курчо.
Почнавме со нов тренер, назначен уште на почетокот од летотот. Доволно време да се состави екипа, да се избуткаат подготовките и да се почне сезоната подготвен. Но од тоа ништо. Дебакал и криминал ни се задеси со изборот на играчи. Дојде време ојлевци и дојлевци да го облечат светиот дрес. Играчи кои не заслужуваат и безпари да играат за боите,Во клубот продефилираа разни циркузанти како Диковски и Зивчевич, странци со сомнителни квалитети како Цинцадзе, Демјуник Морович....Луѓе кои не се ни вредни да ги спомнам, а ете на жалост морам.
Уште на почетокот на подготовките се виде дека таа збирштина од таканаречени играчи нема квалитет.Недостигаше тимска хемија, недостигаше лидер. Уствари недостигаше све. Али Змаго и Ивица не убедуваа дека ќе ја бидне работата.
На Јадранот тргнавме променливо, и што беше за очекување, но стартот на домашното првенство и утакмицата со Фени го даде теркот на целава наша сезона. ПАднаа во вода сите ветувања на управата и на тренерот. На него му ,,летна главата,,. Го наполни џебот и избега. Остана Ицко да се дави у сопствените гомна. Па пробуваше со Врба, па со Дамјан, Шехович, Синовец да спаси колку може да спаси... Па се додворуваше со миленикот на Аеродром, Митев, но задкулисните игри во клубот и него го изгореа за многу кратко. Се проба и вечниот помошник Јончевски и му го донесе купот на Работнички. За по толку глупости да се направи паметен потег со носењето на Пипан и Чапин кои заедно со Самарчето, колку и да е труп, може да се каже дека ни ја донесоа оваа титула.
Сезона од која може да се извлече ОГРОМНА ПОУКА. А тоа е како НЕ ТРЕБА да се работи. Водењето на клубот беше буквално ден за ден. Како ќе му прднеше на Коневски така. ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ.
Да се постават здрави темели, да се донесат прави луѓе на право место за да се радуваме на уште многу титули. Од управа до играчи. Тоа е потребно уште од утре.
За навивачкиот дел исто така сакам да искоментирам. Пишувам како член на ФА кои веќе 20 години е на трибина....
Иако ја освоивме оваа титула некако јас се осеќам празно. Како ..да не е тоа тоа,,
Уште на почетокот, со фамата со салата работите искочија вон контрола. Бојкотот на голем број членови почна уште тогаш. Со недоаѓање со дистанцирање од случувањата во клубот, со немо посматрање, некарактеристично за нас....Проблемите на играчки план беа само дополнителен извор на негативна енергија. Капак на се, беа пријавите, забраните и останатите зајбанции на релација управа-навивачи.
ДА БИДЕМЕ ЈАСНИ, МЗТ БЕЗ ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ, НЕ МОЖЕ ДА ЧУВСТВУВА, НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА, НЕ МОЖЕ НИ ДА ТАГУВА.... ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ Е ПУЛСОТ НА МЗТ СКОПЈЕ. Не може некој да ја попречува таа врска.
Егото на страна, личните интереси на страна, несогласувањата да се надминат зошто МЗТ им треба на ФА и ФА му требаат на МЗТ. Не иде едното без другото, сетоа тоа е вештачко и неприродно. Искрената и вистинската емоција се знае од каде доаѓа....
Поздрав до сите ИСКРЕНИ НАВИВАЧИ и СИМПАТИЗЕРИ на МЗТ СКОПЈЕ.
За живот ти си моја причина
со тебе тука јас израснав
и ако треба да се родам пак
до ова место води мојот пат!
И кој би сакал ако не си ти,
со кој би делел бол и радости,
во ова срце ти си икона,
вечно што ја чувам само јас.
Години со тебе заедно,
врежани се во срцево,
и млад и стар те сакаме,
Аеродром за тебе живее...
И ако утре јас си заминам,
и ако треба јас да одберам,
Мзт Скопје или рајот цел,
јас одбирам да сум плаво бел...