Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
У гужва бил а сигурно си седе сам на лап топот, грицка чипс и пие ладна кока кола. Абе ајде.

:icon_mrgr:

И уште појако, фалат само за Бразил и Аргентина. :D:D
 
У гужва бил а сигурно си седе сам на лап топот, грицка чипс и пие ладна кока кола. Абе ајде.

:icon_mrgr:

И уште појако, фалат само за Бразил и Аргентина. :D:D
Готова е на Аргентина, чекам модератор да ми отклучи. :D
 
У гужва бил а сигурно си седе сам на лап топот, грицка чипс и пие ладна кока кола. Абе ајде.

:icon_mrgr:

И уште појако, фалат само за Бразил и Аргентина. :D:D

Ооо шутрак еден валандовски, у село сум, сезона на берба на цреши и вишњи е (уз ебана сесија на факултет), ќе ти ебам тоа чипсот и кокаколата. :uzi:
 
Ќе дават некаде вечер Чиле? И што не ја отклучите темата , почнува веќе.
 
Е добро де, оставете едно празно место за анализа и отклучете тема за коментирање :toe:
 
Ќе јa дaвaaт Чиле нa некoи други кaнaли oсвен Аренa?

Sent from my LG-D280 using Tapatalk
 
Ќе јa дaвaaт Чиле нa некoи други кaнaли oсвен Аренa?

Sent from my LG-D280 using Tapatalk

Значи МТВ немат откупено права за Копа? Крв да им ебам ... преку курац веќе од сите телевизии у државата.
 
Сладоледџијата кажа обавезно да ја отворите темата за Копа Америка!!!
 
se log specijalno da vi ja otvoram temata :D
 
Tреба и постот од Ел Нињо да се префрли, да бидат комплет сите 12 анализи xD
ееее ај утре или вечер, и така ќе се подредат временски, постирајте слободно:)
 
210px-Confederação_Brasileira_de_Futebol_(escudo).svg.png



Federative Republic of Brazil
República Federativa do Brasil
БРАЗИЛ

Или Резил, името кое им беше наметнато после дебаклот кој го доживеаа на минатогодишното светско првенство, на своја територија, од страна на Германија, актуелниот светски шампион.

Најфудбалската нација во светот и речиси точно година по најболниот ден во нивната историја, живее со бремето на катастрофалните седум гола кои ги примија од Германците во полуфиналето од СП. Голем дел од играчите кои беа трагичари лани, се сеуште главните играчи на оваа генерација бразилски фудбалери. Генерација која многумина ја дефинираат како екипа без конкретни лидери на сите делови од теренот, генерација без класа шпиц и без вистински мотор на тимот во средината на теренот.

На самите нив е да преку настапот на Копа Америка ја подзаборават минатата година, но ниту тие а ни бразилскиот аудиториум немаат посебни очекувања од континенталниот собир.

Состав:




Како што пишав, тимот е воглано ист од претходното светско првенство, но сепак со враќањето на Дунга на селекторската позиција има неколку промени.

Една од највпечатливите е таа на голманската позиција. Жулио Цезар може беше плачко и идеше пешки до дома по секој пораз, ама сигурно беше подобар од моменталното трио кое е на располагање. Во него најискусен е Џеферсон, кој и покрај своите 32 години има само 17 настапи за репрезентацијата и ни е релативно анонимен, затоа што кариерата воглавно ја поминува во домашната лига, а во Европа има незначителни настапи во Трабзонспор. Негова алтернатива е Нето, доскорашен голман на Фиорентина и ново засилување на Јувентус. Трета опција е Марсело Грохе. Овие двајца сеуште немаат дебитирано за националниот дрес.

Најмалку промени има во одбраната. Дани Алвес сепак ќе настапи и на оваа Копа Америка, откако беше дополнително повикан од селекторот заради повредата на Данило. Во него до одбраната ќе бидат ваљда едни од најпреценетите стопери во светот. Озогласениот Давид Луиз кој никако да се оттргне од киксирање во главните утакмици и пичето кое плачело дека не може да биде капитен Тиаго Силва, за кој рака на срце има спротивни впечатоци од страна на рајата, но како оди времето испаѓа дека е можеби и попреценет играч од Луиз. Левата страна од одбраната ќе ја држи Фелипе Луиз. Нивни алтернативи се Фабињо, Маркињос, Миранда и Џеферсон.

Моменталниот среден ред на Бразил е можеби еден од најслабите во нивната историја. Од имиња како Жилберто Силва, Едмилсон, Кака, Роналдињо, Ривалдо... сега нивото е спуштено на недокажани млади таленти и недокажани стари некогашни млади таленти. Најискусен и најстар во тој дел од тимот е триесет годишниот Елиас, кого едвај го паметиме од настапите во Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон. Настап помалку од него има помладиот и моментално попознатиот Вилиан од Челзи. Поискусниот дел го комлетира Фернандињо од Сити, кој исто закачил 30 години. Останатите се млади играчи како Даглас Коста, Роберто Фирмињо, Кутињо, Касмеиро, Фред и Евертон Рибеиро кој игра у факинг арапска лига.

Но и средниот ред не е за грев колку нападот. Никако да се роди Бразилец кој ако не ко Роналдо, би придонел колку Адриано. Така Диего факинг Тардел со своите 30 години неславна кариера, која моментално се тлее во факинг кинеска лига, ќе треба да ја тресе противничката мрежа. Покрај него друштво му прави уште еден никад докажан талент и топло-ладно играч, чиј ™ потег е всушност и единствениот потег кој го знае, Робињо. Единствен асален играч во нападот (можеби и во целиот тим?) е Немјар. Иако и за него не владее „добро“ мислење во фудбалскиот фан свет. Тој со своите 23 години, сега и како капитен треба да ја однесе оваа сирота генерација бразилски фудбалери што подалеку на овој турнир.

На Копа Америка...

Што се однесува до минатите јужноамерикански првенства и Копа Америки (?), Бразил е рекоредер со 33 настапи и овој турнир го има освојувано три пати во стариот формат (Јужноамериканско првенство) и пет пати во новиот форма (Копа Америка)

Оваа година, се наоѓаат во група со противникот кој го елиминираа во четвртфиналето на СП - Колубмија, како и со Пери у Венецуела.

Реалните очекувања за ефектот во групата се освојување на второто место.

Прегледај го приврзокот 122737

Тоа е тоа во кратки црти, очекувањата за разлика од ланското СП за овој настана не се пренапумпани, па останува да се крстиме во Нејмар и компанија дека нема пак да се избрукаат и тука:

За крај, секако, најпрепознатливата работа од Бразил покрај фудбалот...

dance-o.gif


Бразилски милфици со огромни газови.

Vai, vai, vai.


Ordem e Progresso!
@Peja989 префрлај, ако не береш и ти вишњи. :D
Ne ti se gledaat slikite, tele edno
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom