Беса во отворен протест за федерализација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањето е индивидуално, секој за себе.
Ете ти на пример што мислиш, имаме потреба или не од евтин гас или да врви тука гасовод макар и како транзит.
Едно контра прашане...коj ти кажа,дека цената на гасот ке ти биде поевтин? Некоj излезе ли да ти кажи...1000 кубни метри гас ке получите на 300$ да речам или 500$?
 
Едно контра прашане...коj ти кажа,дека цената на гасот ке ти биде поевтин? Некоj излезе ли да ти кажи...1000 кубни метри гас ке получите на 300$ да речам или 500$?
Тоа прашање ти е исто како и за Вулгарките. На времето можеше да се најде за 2 червени, сега се од 10 евра па нагоре.
 
Тоа прашање ти е исто како и за Вулгарките. На времето можеше да се најде за 2 червени, сега се од 10 евра па нагоре.
Бегаш от прашането....коj ти кажа дека ке е поевтин? Кажаха ти цена?
 
Вчера у Брисел откоа и на дело се покажа, тоа што сите го знаевме, а тоа е дека едниот албански фактор му седи у скут на Грујо, а другиот му е верен до смрт, на здруженија како Беса им се зголемува просторот за делување меѓу Албанците. Затоа одат на протестот со екстремни националистички барања. Целта на овие протести не е симнување на Грујо и банда у прв план, него приграбување на колачот од албанскиот електорат, кој секако е незадоволен од вазалството кое под маса е на сцена, а во јавност, за гласачите покажуваат нешто друго (и ДУИ и ДПА). Затоа ДУИ има истакнато сега во моментот и фаци како Ермира, кои ќе се обидат да го минимизираат нивното ујдисување со бандата која се крие зад името на ВМРО, но нема да избегнат излевање на гласовите во други партии, после овие бомби. А тие други партии како Беса, добро знаат како се привлекува просечниот албански гласач, баш со вакви национал-шовинистички премиси.
Затоа у прв ред е национал-шовинизмот на протестов, а не за оставката на Груевски.
Поентата им е, евентуална подобра позиција во некоја безгрујовска наредна влада, евентуално заземање на местото на ДПА или дури и ДУИ, кои како што тече времево, со бомбиве, сѐ повеќе се компромитираат, па мораат кога тогаш, како вчера во Брисел, да го покажат вистинското лице, бидејќи тоа е, доаѓа моментот кога нема да можат да глумат со кого се и за кого се. А под подобра позиција се подразбира исклучиво - повеќе гласачи.
И Руфи и други слични тука ќе профитираат, али ете Беса прва истапува конкретно во лов. Ова вчера во Брисел, што го направија ДУИ и ДПА, само им иде во прилог, а нас Македонците само ни потврдува зошто овааа наводно патриотска власт се однесувала предавнички кон македонскиот народ, во повеќе наврати, изминативе години.
 
Бегаш от прашането....коj ти кажа дека ке е поевтин? Кажаха ти цена?
Не кажаа дека конкретно ќе е поевтин, но ни кажаа дека 1.нема да мора да одвојуваме пари за негова изградба и 2. Ќе заработуваме пари од транзит на истиот. Јас не гледам дека треба повеќе од овие 2 причини да се види дека ќе имаме бенефит без воопшто да вложиме нешто.

Дури и неможам да го сватам контра прашањето на Пуно, кој прашува дали сакаме да влеземе во ЕУ и како воопшто се коси тоа со гасоводот, кога на ЕУ најголем снабдител на гас е токму Русија. И уште повеќе, тоа е обид да се наметне причина за невлегувањето во ЕУ. Еве отворено ќе прашам, доколку не се изгради гасовод на територијата на РМ, дали ни се отворени вратите во ЕУ како Република Македонија? И доколку е одговорот не, зошто ние би се откажале од таков еден проект, кој сам по себе не бара никакво вложување, а со тоа добиваме инфраструктура, која ако не сега, можеме да ја искористиме во иднина.[DOUBLEPOST=1434010736][/DOUBLEPOST]
Протестов ќе следеше, без разлика кој и да беше на власт од Македонските партии. Токму шовинизмот се протурка покрај политичката нестабилност која се јавува само како повод да се истера агендата на сеалбанската национална стратегија.

Додека нашите политичари седат во скут на западните „демократи“ и работат под нивни диктат, Македонската политичка сцена нема да има капацитет да ги покрива ниту најосновните Македонски интереси. Затоа и во минатото сум рекол, после капитулацијата во 2001 година, Македонците останаа без матична држава. И затоа и не треба да се очекува политичките партии на власт или во опозиција, отворено да ги штитат националните интереси на Македонците. Тоа што им фали на Македонците е некоја структура, која ќе ги зацрта основните национални интереси и црвени линии под кои нема да може да се оди. И не е проблем да се создаде таква структура, каква што всушност е создавана повеќе пати во изминатата деценија. Проблемот е да таа структура стекне моќ тие национални интереси да ги одбрани.
 
Последно уредено:
ем му седеле во скут на грујо ем бил предавник. Па и за беса он бил крив. љеље...
 
Не кажаа дека конкретно ќе е поевтин, но ни кажаа дека 1.нема да мора да одвојуваме пари за негова изградба и 2. Ќе заработуваме пари од транзит на истиот. Јас не гледам дека треба повеќе од овие 2 причини да се види дека ќе имаме бенефит без воопшто да вложиме нешто.
Да одвоуваш пари за што? Гасовод или цената на гасот?
Ако зборуваме за гасоводот-прашането е прво,каков дел ке има македонската страна во компаниjaта,коja ке управува,колко ке чини гасоводот и колко години ке требат за да се изплати,а после тоа РМ да користи правото си на добивка от таа компаниja?
Рачун некаков правен ли е ? - jaс не сум видел се уште. Да не излезе,дека мора 30-40 години да поминува гас,без добивка за да се изплати? А и другото,коj ке определува цената за транспортот? -РМ, Русиja или некоj трет?
Знаеш...заекот е во детаjлите. :)

То този момент не разбрав откаде извадивте,дека ке имало поевтин гас или енергенси?!

Дури и неможам да го сватам контра прашањето на Пуно, кој прашува дали сакаме да влеземе во ЕУ и како воопшто се коси тоа со гасоводот, кога на ЕУ најголем снабдител на гас е токму Русија. И уште повеќе, тоа е обид да се наметне причина за невлегувањето во ЕУ. Еве отворено ќе прашам, доколку не се изгради гасовод на територијата на РМ, дали ни се отворени вратите во ЕУ како Република Македонија? И доколку е одговорот не, зошто ние би се откажале од таков еден проект, кој сам по себе не бара никакво вложување, а со тоа добиваме инфраструктура, која ако не сега, можеме да ја искористиме во иднина.
Гледаj го и обратното, наjголемиот потрошувач на Русиja е ЕУ. Со два збора зависноста е заедничка.
Без везе дали се изгради или не се изгради гасоводот нема да се отворени вратите и тоа секи го знае поради многу причини. Прво се уште не е почнат преговорниот процес реално,а ЕУ сама кажа,дека до 2020 нема да има ново прошируване,затоа нема и комисар за прошируване.
Но ако изградиш гасоводот и после тоj не отговара на правилата во ЕУ, ке мора или да го укинеш или да натераш руската страна да почитува ЕУ одредбите,кое гледаме не станува.

Интересно ми е како мисилиш ке ja изкористиш во иднина таа инфраструктура,кога се уште не знаеш каков процент от неja имаш и дали по неja ке има право да тече туг гас освен руски?
 
Да одвоуваш пари за што? Гасовод или цената на гасот?
Ако зборуваме за гасоводот-прашането е прво,каков дел ке има македонската страна во компаниjaта,коja ке управува,колко ке чини гасоводот и колко години ке требат за да се изплати,а после тоа РМ да користи правото си на добивка от таа компаниja?
Нема да мора да се исплати изградбата на цевките од причина што тоа е дел од клириншкиот долг на Русија кон Македонија. Тоа значи дека цевките ќе бидат во сопственост на РМ или поточно некоја си компанија со мнозинство државни акции. Одтаму и комерцијалната цена за транспорт на гасот ќе биде под капата на државата, а секако дека цената на гасот ќе ја одреди тој што ќе го продава.
 
Да, сакам Република Македонија да влезе во ЕУ.
Зошто нема НО или болдирано кога станува збор гасоводот? Или се е супер со понудата штом ние обичните смртници немаме детали конкретни коие се пишуваат со мали скоро неводливи букви.
А за ЕУ ние самите болдираното го креиравме како услов за прием, можеме до утре да обвинуваме други, самите ние не сакаме во ЕУ, тоа стана очигледно веќе мислам.
 
Нема да мора да се исплати изградбата на цевките од причина што тоа е дел од клириншкиот долг на Русија кон Македонија. Тоа значи дека цевките ќе бидат во сопственост на РМ или поточно некоја си компанија со мнозинство државни акции. Одтаму и комерцијалната цена за транспорт на гасот ќе биде под капата на државата, а секако дека цената на гасот ќе ја одреди тој што ќе го продава.
А остатокот ? или ке имаш гасовод,коj ке ти почнува от никаде за никаде и што ке транспортираш и каков кахацитет ке имаш при цевка фи 500?!
Еме малце повеке
 
Последно уредено:
Муабетов за гасоводот веќе стана апсурден со немај каде. Зборење од шупливо во празно. За тоа и ќе ни служат цефките од Клечовце, за претурање на вода од шупливо во празно.
 
А кој политички муабет деновиве не е апсурден?
 
ем му седеле во скут на грујо ем бил предавник. Па и за беса он бил крив. љеље...

тој ги ебел а истовремено и за кур ги држел, ...
 
Предавничката улога на ВМРО во врска со Албанците и евидентниот лицемерен и лажен патриотизам, добро опишани во разни други теми, сепак се оф-топик на темава, на која, според мене е битно да се истакне суштината на оваа и слични активности на второстепените албански фактори во Македонија, кои особено по вчерашниот бриселски состанок, дејствуваат првенствено на меѓуалбански план, во правец на обид за прегрупирање на помалку испразнетиот пиедестал за одбрана на националните интереси, поради дискредитацијата на албанските чинители во власта, на тој план. Бомбите, Куманово, вчерашното однесување на ДУИ и ДПА, полека ја празнат довербата на традиционално национал-шовинистички ориентираното тело.
Вакви Беси и сл. се обидуваат само да ќарат во вакумот.
Во крајна линија, овие што протестираат наводно против Грујо, утре да им понуди да ги заменат ДУИ, би прифатиле со двете раце.
Затоа е таа накитеност со национална исклучивост на овој протест.
Секако Грујо, Заев и ним слични, никако не би пропуштиле било што политички да ќарат, макар и место на чистачка во администрација, секогаш кога албанскиот фактор во замена би побарал било какви отстапки, кои се на штета на Македонецот. Македонските национални интереси за македонскиот политичар се апстрактна категорија, која ја има на претек и со која ја даваат во замена речиси за било што, бидејќи ја третираат како неисцрпен ресурс кој е во нивна лична сопственост. Тоа го научивме сиве овие години, од осамостојувањето па наваму. Разликата е само во тоа што едните отворено истакнуваа дека ги боли уво за тие интереси, а другите се преправаа дека се патриоти. Барем беа искрени комуњарите, што никако не им ја намалува вината.
 
Зошто нема НО или болдирано кога станува збор гасоводот? Или се е супер со понудата штом ние обичните смртници немаме детали конкретни коие се пишуваат со мали скоро неводливи букви.
А за ЕУ ние самите болдираното го креиравме како услов за прием, можеме до утре да обвинуваме други, самите ние не сакаме во ЕУ, тоа стана очигледно веќе мислам.
Нема „но“ и нема болд за гасоводот, дека гасоводот не бара промена на името, ниту пак ни се поставуваат услови за негово градење. Дури и пари не ни бараат, туку се нудат да покријат долг, кој ете сме го наследиле од Југославија, ниту пак овој гасовод ни поставува услов со кој мораме да се откажеме од заложбата да престанеме со евроатланските интеграции.

Што се однесува во името, условот да влеземе во ЕУ е да го смениме името. Тоа ако сакаш еве ќе го кажам обратно. Македонски услов да влеземе во ЕУ и НАТО е да ни остане името Република Македонија. Дали ова тебе сега вака ти изгледа коректно? И на крају крајева сите нивни услови ги прифативме и остана нашиот единствено услов. Редно е да го прифатат, не бараме многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom