Мене не ми беше толку глупо и нелогично 20 луѓе да направат толку штета. Како што рекоа, таму израснале и си го знаат крајот, знаат како да се снајдат без да ги приметат. Рус постојано имаше скаути кои го известиле точно како е поставен кампот на Станис. А и подобро е вака да е малце нелогично него да ги убиле или заробиле мнозинството од натрапниците, па да ги испрашуваат, бла бла. Тоа се само дополнителни минути кои ни во втора епизода не би ги потрошил, а не па во девета. Поентата беше дека Ремзи направи значителна штета и тоа е тоа.
На ѕидот очекував да се деси нешто, не мислев дека овој одма ќе ја отвори портата. Ќе биде интересно да видиме како ќе се снајдат дивјациве на другата страна од ѕидот, а детето дефинитивно ќе направи некаква беља.
Се очекуваше Арја да налета на овој секако. Баш да видиме што ќе му смисли. Само, сигурно на Џакен нема да му спомне ништо, а којзнае дали е она сама способна да се справи со ситуацијата. А овој многу лесно може да ја препознае. Што знам, се надевам дека ќе успее да го убие, ама не би ме изненадило да ја заебе овој и да ја враќа во Кингс Лендинг
Во Дорн видовме подобрување за разлика од претходно, ама сепак целата таа приказна сезонава ми е некако вишок. Сепак, ете Џејми ќе се враќа во Кингс Лендинг со Марсела и принцот на кој му вети позиција, а којзнае каква ќе биде ситуацијата таму додека да се вратат. А Брон очекувам да ја земе Змијата со него и да ја гледаме и понатаму
Одлукава на Станис не ме изненади. Ситуацијата му е ептен лоша и не гледа никаков друг излез освен да и верува на Мелисандре и по секоја цена да пробува да стигне до тронот. Само не ми е јасно како жртвувањево на ќерка му ќе помогне. Очекувам неславно да заврши целава негова приказна. Баш треба некое големо чудо да се случи сега за да успее некако да го освои северот, па да се стабилизира и да продолжи понатаму. Многу поверојатно сценарио ми е дека нема да се случи ништо, ќе ја убие Мелисандре затоа што го натерала за џабе да си ја џртвува ќерката, ќе полуди и или ќе го убијат или самиот ќе си пресуди на крај.
И за крај Дени. Моќна сцена дефинитивно. Овие не се откажуваат од тоа да ја убијат, ќе мора сега некако да се справи со ситуацијата, да ги убие сите. Смртта на тој маж и ептен небитна, не се ни потрудиле да ја направат по драматична. За крај Дрогон се појавува за да ја спаси (само мене ми изгледаше помал од минатиот пат кога го видовме?

). Ми се свиѓаше што не го направија ептен супериорен, да дојде и да запали се. Сепак ќе треба уште многу работа со него и со другите два за да може да бидат клучот за успехот на Денерис.
Ни пројде уште една сезона вака така. Уште наредна недела и после пак чекање
