Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Станис беше најпатетичен лик од сите главни ликови во серијава, затоа што така го градеа 5 сезони с'реда. Али ова беше триумф. Или анти-триумф? Како ли ќе му дојде? FTW?

Ова беше мизерен потег на HBO да додадат контраверзија во последните епизоди затоа што влечат болно спора сезона 7 епизоди по ред. Онака да има за што да се збори, мрчи, и пцуе. Богами успејаа, али знаеш што? Серијата ми го изгуби шармот. Претходно сценаријата беа пологични, контраверзиите и болните сцени беа доследни на ликовите и ситуациите, и беа со доза пренесени. Како што се тргаат се повеќе од изворниот материјал полека полека се попатетично станува, што значи оригиналниве иде нивни за насоките на ликовиве и како да ги градат се жива мизерија, а претходно тоа што ја држело серијата било Г.Р.Р Мартин.

So much foreshadowing, so much deus ex machina, so much controversial bullshit.

Lets burn a character we developed so many seasons ago, and add a mystery as to how she survived an unsurvivable disease, then at the end of season 5 we burn her at the stake, because reasons. Ситуацијава беше, дојдовме да играме освојувачи, останавме без храна, без коњи, и многу, многу ни студи, Богот на Огнот нејќе да не згреее, па ајде да удриме една жртва, нек се смилуе ... УЛТИМУС ПАТЕТИКУС! Остај што 20 души наводно го ставија во таква безизлезна си ситуација. Факинг нонсенс.

Факинг Денерис што треба да е младо девојче според изворниот материјал е подобар стратег оф факинг Станис, ВОЈСКОВОДЕЦ КРАЛ КОЈ НЕ Е СТАНЕЦ ЗА ТОА КАКО СЕ ВОДАТ БИТКИ, ВОЈНА, И КАКО СЕ ПРЕЖИВУВА.

Прашање до тие што го подрќуваат Станис - тоа на стара слава ради ликот од литературата или што? Зошто сега подршка давате за лик кој си го уби единственото дете од очај во кој сам се стави од ... неукост, неискусност? На нешто друго не ми изгледа.

Let's give a shout out to Pedobear too. Ај да не ја отварам и таа конзерва црви.

Друго, смејовиве нели требаше да имаат thick hyde или така нешто? Како тоа возрасен змеј е така лесно прободен од факинг харписко копје? I really don't get it. Сфаќам дека целеле да го направат пореален, да не биде overpowering, ама на сметка на dragon lore? Или Мартин поинаку ги има замислено змејовите? Дај некој кој знае нека објасни ако може?
 
Мене не ми беше толку глупо и нелогично 20 луѓе да направат толку штета. Како што рекоа, таму израснале и си го знаат крајот, знаат како да се снајдат без да ги приметат. Рус постојано имаше скаути кои го известиле точно како е поставен кампот на Станис. А и подобро е вака да е малце нелогично него да ги убиле или заробиле мнозинството од натрапниците, па да ги испрашуваат, бла бла. Тоа се само дополнителни минути кои ни во втора епизода не би ги потрошил, а не па во девета. Поентата беше дека Ремзи направи значителна штета и тоа е тоа.

На ѕидот очекував да се деси нешто, не мислев дека овој одма ќе ја отвори портата. Ќе биде интересно да видиме како ќе се снајдат дивјациве на другата страна од ѕидот, а детето дефинитивно ќе направи некаква беља.

Се очекуваше Арја да налета на овој секако. Баш да видиме што ќе му смисли. Само, сигурно на Џакен нема да му спомне ништо, а којзнае дали е она сама способна да се справи со ситуацијата. А овој многу лесно може да ја препознае. Што знам, се надевам дека ќе успее да го убие, ама не би ме изненадило да ја заебе овој и да ја враќа во Кингс Лендинг :unsure:

Во Дорн видовме подобрување за разлика од претходно, ама сепак целата таа приказна сезонава ми е некако вишок. Сепак, ете Џејми ќе се враќа во Кингс Лендинг со Марсела и принцот на кој му вети позиција, а којзнае каква ќе биде ситуацијата таму додека да се вратат. А Брон очекувам да ја земе Змијата со него и да ја гледаме и понатаму :D

Одлукава на Станис не ме изненади. Ситуацијата му е ептен лоша и не гледа никаков друг излез освен да и верува на Мелисандре и по секоја цена да пробува да стигне до тронот. Само не ми е јасно како жртвувањево на ќерка му ќе помогне. Очекувам неславно да заврши целава негова приказна. Баш треба некое големо чудо да се случи сега за да успее некако да го освои северот, па да се стабилизира и да продолжи понатаму. Многу поверојатно сценарио ми е дека нема да се случи ништо, ќе ја убие Мелисандре затоа што го натерала за џабе да си ја џртвува ќерката, ќе полуди и или ќе го убијат или самиот ќе си пресуди на крај.

И за крај Дени. Моќна сцена дефинитивно. Овие не се откажуваат од тоа да ја убијат, ќе мора сега некако да се справи со ситуацијата, да ги убие сите. Смртта на тој маж и ептен небитна, не се ни потрудиле да ја направат по драматична. За крај Дрогон се појавува за да ја спаси (само мене ми изгледаше помал од минатиот пат кога го видовме? :D). Ми се свиѓаше што не го направија ептен супериорен, да дојде и да запали се. Сепак ќе треба уште многу работа со него и со другите два за да може да бидат клучот за успехот на Денерис.

Ни пројде уште една сезона вака така. Уште наредна недела и после пак чекање :(
 
Па реално чупенцето досадно беше, одземаше многу време со тие приказните глупи а и не беше воопшто симпатично.. Ако сте до толку нежни земете Малиот Ага гледајте..


tumblr_m99gaes8hh1qclufk.gif
 
Де бе, што толку се потресувате. Па човекот уште од втора сезона го гледаме како некој кој ќе направи се само за да стане крал. Уште кога ги зема жена му и ќерка му со него, се знаеше дека ќе се случи ова.
 
Стварно нелогично 20 луѓе да пенетрираат камп со војска и никој ништо да не забележи ама ај, нека и биде на серијава. За Станис не сум изненаден, го чекав ова долго време, уште кога и даваат толку време на малана у кадар, некако претчувствував. Исто како со Оли на Ѕидот. Мислам дека Оли ќе го скине оној со брадата од Дивјаците на Т.. шо му беше името, го забораив. Очекувам тоа да се деси.

Сцените у Дорн си беа петка. Освен на секунда коа ги покажаа пак трине ќерки како се мрштат. Немаат фаца за глума некако шо знам. Кралот у Дорн си доби многу поени за политиката што ја води, добар лик стварно.

Сцените со Арја. Оној што е во црно - белата куќа знае дека Арја лаже. Знае. Мислам дека во следната епизода ќе ја следи Арја, и оваа ако проба да му направи нешто на педобеар, овој ќе ја спречи.

Змејот очекував дека ќе направи ќебапи доле у арената уште додека леташе. Јас многу помоќен си го замислував. Мислев овој сеа еднаш ќе отвори уста и отиде аренава у курац. Ама изгледа уште е малечок а?

Омилен момент од епизодата, кога Денерис и Џора се гледаа во очи без да кажат збор :place: <3
tumblr_npm8rb5RPT1ruvpwjo3_500.gif
 
Тапа епизода со иклучок на последните минути со Калиси и Дрогон. Тој дел беше перфекција од почеток до крај.
Исто и сцената со Станис беше одлична и не потсети на што спремен и каков човек е.
Другово беше досадно, мех, дијазепамче, и неинтересно, Дорн посебно.
Сцената со Арија мех. Премногу мисли, нема да ја биде, плус ја примети Антонио Бандерас.
И така.
 
Веќе веројатно знаете дека жртвувањето на ќерката на Станис било замисла и на Мартин, барем така кажаа во Inside видеото за 9-та епизода, така да не може вината и овојпат пак на Д&Д да биде.
 
Па реално чупенцето досадно беше, одземаше многу време со тие приказните глупи а и не беше воопшто симпатично.. Ако сте до толку нежни земете Малиот Ага гледајте..


tumblr_m99gaes8hh1qclufk.gif

tumblr_n6g9ysOQDE1s5m21go9_250.gif
 
Дали може некој да ми прати слика за моментот кога Тирион го нарече елоквент имбецил сопругот на Даенерис? :D
Што поточно ти треба?
Оваа навреденава фаца?
UIO1BOF.png
 
Епизодава ми беше смешна, тажна, κρипи, и возбудлива на κρај.

Јасно ми беше што ќе напρави Станис уште на почетоκ κога го пρати Давос назад. Едино мислам деκа он ќе му се спρотивставеше за Шиρин, па да го тρгне.
Пρед сезонава имав многу лошо мислење за Станис, деκа е глупо магаρе κое без таа цρвената κучκа не знае чизмите да си ги обуе. Сезонава малце му фρлија памет во сцените, му κачив неκој поен, али сега паκ се вρаќаме на стаρо. Не знам дали он моρал или не да ја жρтвува ќеρκа му, али е ѓубρе. И уште мислам деκа ич не го бива за водач, уште помалце κρал. Едино саκам сега да ги сκине Болтонови, а у меѓувρеме и он да цρκне.

Доρн беше смешен. Сцените κога оваа ја залепи сестρа и, а и κога Бρон го тρеснаа. :D
Пρинцот им е најјаκ лиκ, иаκо Обеρин нема споρедба.

Аρија мислам деκа ќе го сκине педофилов, освен аκо тој ментоρот не ја спρечи.

Дени не ми е нешто омилена, али не ме ни неρвиρа нешто посебно. Дефинитивно ја унапρедија епизодава со Дρогон паκ поκρај неа.
И немав пρиметено досега деκа веѓите на Мисандеи и ги двои само пола сантиметаρ. :D Може и ги утнале само за епизодава.
 
Веќе веројатно знаете дека жртвувањето на ќерката на Станис било замисла и на Мартин, барем така кажаа во Inside видеото за 9-та епизода, така да не може вината и овојпат пак на Д&Д да биде.

Ноуп, Мартин им дал зелено светло да одлучат сами. Не ја дал идејата, инаку ќе ја имаше и во книгите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom