Значи вака дечки, ја следам темава едно 100тина страни наназад па се до денес. На интервју бев 4.2.2013 и сите знаеме како закочивме од таа година. Денес бев вадев некои си изводи од чичко со БГ пасош итн ... Али дознав пред некој ден, дека мојот прапрадедо на времето бил затвор во Србија па од таму пребегал во Македонија па кога го земале Бугарите за стрелање после некое време имал документ дека и служи на Бугарската војска и спасил жива глава, па после тоа наводно(извор: баба ми, и браќата нејзини, сите негови внуци) живеел и работел во Бугарија 12 год. Сето ова делува ко прикаска и е тоа, али истото ми го кажаа повеќе мои луѓе, сите документи што ги имал човекот веќе многу одамна се изгубени/фрлени итн. Јас еве на пример би сакал да истражам дали имаат во некој архив во Бг дали тој стварно се водел таму како Бугарин и бил под војска некое време. Каде да ја почнам истрагава , и дали тоа би ми помогнало со документите во случај ако стварно најдам нешто.