Tоni
ILLYRIAN
- Член од
- 26 февруари 2009
- Мислења
- 13.648
- Поени од реакции
- 10.260
А Роналдо со што заслужи пред 2 години кога Баерн зема трипле?
Зашо не зема на пример.. Рибери?
Ах и ти сега многу прашуваш!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А Роналдо со што заслужи пред 2 години кога Баерн зема трипле?
Зашо не зема на пример.. Рибери?
И јас се слагам дека му беше заслужена, него само прашувам кога веќе споредуваат.Еве јас како фан на Барса ќе кажам , и оваа топка на Роналдо му е заслужена , без разлика што Баерн освоил триплете. Освои Примера и имаше сигурно вкупно над 60 голови , нешто што за секој играч на Баерн е само сон бројка , и тоа го прави најдобриот играч во светот за таа година. Исто како што го правеше Меси најдобриот играч за таа сезона кога Снајдер освои трипете и стигна до СП финале , и Иниеста освои СП.
Епа тоа е кај вас од јунајтед шо пристрасно гледате на работите заради Роналдо. Зошто лани не рече така, ај да ја прекиниме серијава нека ја земе Ноер? Сега кога Меси руши се пред себе барате влакно во јајцето само и само заради то шо сега односот ќе биде 5:3 и вашиот ви миленик ќе остане вечно втор. Ве разбирам до некаде, ама ја претеравте со секакви глупости, од местење со поткуп до временските услови во Зимбабве, се ви е криво. Само да потсетам дека лани беше продолжен рокот за гласање поради шо плачкото ќе изгубеше и му се скара на Блатер, немаше ниту да присуствува како и други години кога губеше, но сепак немаше никакви критики од фудбалската јавност. Тоа е разликата.И ете сеа одма доказ за тоа што пишав малце погоре дека ФИФА фино лепо си го искористи ривалството меѓу Реал и Барса за да створи ривалство меѓу Роналдо и Меси и да си направи одлична реклама за наградата, до тој степен што луѓето почнаа да барат стримови од доделувањето на истата.
Ел Нињо погоре ги има спомнато и Нејмар и Суарез, а вие одма се фаќате дека му ја оспорува златната топка на Меси. Па добро, вас како фанови на Барса нема да ви е мило да ја земе Нејмар на пример? Или мора Меси, оти како ќе пишеме после Меси 5:3 Роналдо? Јас не гледам како би ја земал играч на Јувентус наградава. Нема теорија да ја земе таков. Ама уште одма би прекинал со серијата Меси-Роналдо и би ги израдувал малце и "смртниците" во фудбалот.
Таа година Роналдо според тебе беше подобар индивидуално од Меси???
А Роналдо со што заслужи пред 2 години кога Баерн зема трипле?
Зашо не зема на пример.. Рибери?
Да беИ Геце даде гол за светска титула, ако гледаме така.
Иниеста според мене е фудбалер кој заслужи да има златна топка во животот, ама поради тоа што ФИФА реши да ја искористи брилијантноста на Меси и Роналдо за да си ја искомерцијализира наградава, за жал ќе остане без таква. Јас одма би им скинал по една топка на двајцава, за да им дадам на Снајдер од 2010 и на Иниеста. Што беше уште потрагично, Снајдер мислам дека не беше и во финалната тројка таа година. Им се погоди на ФИФА, Роналдо дојде во Реал. Нормално, Реал со Барса најголеми ривали, па искорсти да створи ривалство меѓу Роналдо и Меси, да се колат фановите на Реал и Барса за тоа чиј лидер бил подобар. Нормално, не само фановите, туку и самите екипи. И тука почна тоа билдање неверојатни статистики, броење кој колку голови дал од еден допир со топка само, кој му правел асистенција на асистентот на неговиот гол, кој имал повеќе гел на косата, итн, итн.. Нормално од фифа почнаа да прават манифестација како доделувањето на Оскарите, ја убација и Пушкаш награда за најдобар гол, малце промоција доби и женскиот фудбал...и тоа е тоа..
Абе те мрзи. Не те мрзеше видеа да бараш од голови.Абе чекај , имаше нешто освоено Роналдо кога Баерн зема трипле? Мислев Примера има , ама тоа беше 2013 , последен пат освоија Примера 2012. Значи Роналдо таа сезона зема златна топка со освоен кралски куп ако не се лажам , наспроти доминацијата на Баерн со тројна титула. Ме мрзи да барам сега како беше , али се си мислам дека последна примера им беше 2012.
Нема како да му ја успорат оваа сезона , ептен партали направи. Али ако не освоиме ЛШ и тоа како ќе му најдат пак црна точка. Буфон ќе биде синот божји сигурно за фановите на Јуве и неутралните , за реаловци Мората.![]()
Зошто вадење работи од контекст е ту мејнстрим па сега и вметнување текст во цитати на други членови.
Абе те мрзи. Не те мрзеше видеа да бараш од голови.![]()
Јас се сеќавам, таа беше годината кога Меси даде 91 гол, nuff said.Не се сеќавам баш најдобро ама мислам дека беше нијасна подобар.
Задњата што ја зема Меси, коа Реал освои лига.
Меси таа година го собори рекордот на Милер и сметаш дека требале да му ја дадат на Роналдо затоа што освоил Примера?Да освоеше ЛШ ај да речеш нешто,ама Примера?
Најголем грабеж во историјата на оваа награда се случи во 2006 год. кога Канаваро ја освои пред Пирло,Анри,Зидан,Роналдињо и Шевченко.Е тоа беше срамна одлука.
Кој ќе ја освои златната топка годинава не зависи од исходот на финалето во сабота,туку кој ќе освои Копа Америка.Ако тоа е Бразил,нема да ми биде криво ако му ја дадат на Нејмар,сепак и тој е играч на Барса![]()
Не ама да речеме ако Барса освои ЛШ и Нејмар освои и Копа Америка каде сигурно он би имал најголема заслуга зошто он да не би можел да земе Златна Топка?
Другар, одиме вака со ред. Од почеток на 2015 година во топ форма си играат и Нејмар и Суарез. На самиот старт на годината Барса го доби Атлетико, стрелци тројцата. Во купот исто со Атлетико, едниот меч го реши Меси (после промашен пенал му се врати топката), другиот Нејмар. Мечот во Манчестер против Сити, Суарез стрелец на двата гола. Ел Класикото на Кам Ноу, исто го реши Суарез. Со ПСЖ на гости главното шоу беше на Суарез, дома на Нејмар. Против Валенсија, Суарез повторно стрелец, Меси заверува победа во 94та. Е на Баерн на Кампот, Меси им еба мајката, арно ама во Минхен головите беа од Нејмар, по асистении на Суарез. И на крај, победата за титула ја донесе Меси. Во финалето на купот, исто Меси и Нејмар дадоа голови.Епа тоа е кај вас од јунајтед шо пристрасно гледате на работите заради Роналдо. Зошто лани не рече така, ај да ја прекиниме серијава нека ја земе Ноер? Сега кога Меси руши се пред себе барате влакно во јајцето само и само заради то шо сега односот ќе биде 5:3 и вашиот ви миленик ќе остане вечно втор. Ве разбирам до некаде, ама ја претеравте со секакви глупости, од местење со поткуп до временските услови во Зимбабве, се ви е криво. Само да потсетам дека лани беше продолжен рокот за гласање поради шо плачкото ќе изгубеше и му се скара на Блатер, немаше ниту да присуствува како и други години кога губеше, но сепак немаше никакви критики од фудбалската јавност. Тоа е разликата.
Сериозно Нејмар и Суарез пред Меси? Па и Матје даде 2 клучни гола па што. Поентата е дека доприносот кој Меси го има за Барселона, Аргентина, па и да оди во било кој друг тим е толкав што не може да се спореди со никој друг фудбалер. Барселона без Меси е ништо повеќе од многу добар тим. Тој и кога ја игра најлошата утакмица и кога се шета по теренот е мен оф д меч. Доволно е неговата генијалност да ја покаже во една акција и да ја реши утакмицата. Не знам како поинаку да ти докажам дека е најдобарДругар, одиме вака со ред. Од почеток на 2015 година во топ форма си играат и Нејмар и Суарез. На самиот старт на годината Барса го доби Атлетико, стрелци тројцата. Во купот исто со Атлетико, едниот меч го реши Меси (после промашен пенал му се врати топката), другиот Нејмар. Мечот во Манчестер против Сити, Суарез стрелец на двата гола. Ел Класикото на Кам Ноу, исто го реши Суарез. Со ПСЖ на гости главното шоу беше на Суарез, дома на Нејмар. Против Валенсија, Суарез повторно стрелец, Меси заверува победа во 94та. Е на Баерн на Кампот, Меси им еба мајката, арно ама во Минхен головите беа од Нејмар, по асистении на Суарез. И на крај, победата за титула ја донесе Меси. Во финалето на купот, исто Меси и Нејмар дадоа голови.
Муабетот ми е, во битните утакмици на Барселона, годинава Нејмар и Суарез се рамо до рамо со Меси. Може Копа Америка да има удел во тоа кој ќе земе Златна топка, ама тука па Суарез е суспендиран, и е огромен минус за него.
И не знам кој ви е курот со Нојер бе? Не ме заебавајте жити се. Роналдо поставува рекорд од 17 голови во една сезона во најелитното екипно натпреварување, они мрсат муда цело време со факинг Нојер.