По милионити пат истата манипулација со "за б'лгарски гражданин, ште се счита всјако лице, живеешто в чужбина, което владее говоримо б'лгарски език или диалектните му форми". Значи, нема да биде доволно САМО да зборуваш бугарски или некој негов дијалект. Тоа е само нов услов кој се додава на досегашните услови.
Во моментов е:
1. да имаш бугарско самосознание
2. да имаш бугарско потекло (предок)
Сите овде добро знаете дека ви ги бараат и двата услови.
После изгласување на предложените измени:
1. да имаш бугарско самосознание
2. да имаш бугарско потекло (предок, потомок, роднина по вкрстена линија)
3. да владееш бугарски или некој од неговите дијалекти
Нема логика да се сфаќа дека новиот трет услов ќе биде доволен без задоволување на другите два. Ова го имам неколку пати кажано на темава, а на некои луѓе и во приватни пораки, но си го повторуваат истото како да сакаат да си се лажат себе си "јас се надевам да поминам со зборување на јазикот". Запамтете: Владеењето бугарски и македонски нема да ве ослободи од обврската да ги задоволите другите услови. Условот за зборувањето на јазикот се става пред сѐ за да се спречи напливот на лажни кандидати од Албанија, Косово и такви држави.
Значи може да си Арап, да имаш дете со Бугарка, да тврдиш дека се чувствуваш како Бугарин, и преку крвна врска со тоа дете да претендираш на бугарско државјанство, но ако не владееш бугарски јазик, не си ги задоволил условите.