Не прашувам, тврдам дека ти и сличните на тебе сте олицетворение на подлост, незнаење, суеверие, предрасуди, клевети и лаги.
Од твоиве постови е појќе од очигледно дека немаш ориентир за вистината, а последично, ориентир за препознавање на лагата, така да на погршени луѓе им велиш дека лажат, а никад и ниту еднаш немаш напишано ниту една вистина.[DOUBLEPOST=1433195463][/DOUBLEPOST]
Па ова е дефиницијата за интелигенција која се користи во информатиката, и се однесува главно на логичка интелигенција. Во психологијата имаш и повеќе други типови на интелигенција (како на пример емоционална), но според мене сите тие произлегуваат од оваа логичката интелигенција. За мене интелигенција е способноста да примаш информации, истите да ги запомнеш и конечно врз основа на новите информации информации и оние претходно запомнатите да можеш да произведеш некаков резултат (дали некоја телесна реакција, некој заклучок, низа на бројки итн).
Во ред, нека е така, иако поимов „интелигенција„ си го прифаќаш на свој начин, кој, претпоставувам е поинаков од „официјалниот„.[DOUBLEPOST=1433195729][/DOUBLEPOST]
Па да, според мене секој човек треба сам да си даде смисла и цел на својот живот, и дека живото го живеел залудно доколку таа цел му е дадена од некој друг.
Ако секоја „особа„ самата на себи си поставува смисли и цели во животот, тогаш секоја „особа„ ќе си „тера„ по свое, движејќи сео само кон својата цел, не кон туѓата и не кон некоја заедничка цел. Така, секоја „особа„ ќе си битисува на ниво од индивидиуа, која ќе си има свои зацртани цели, кои (цели) немаат ништо заедничко со туѓите цели и последично, секој за себе ќе си биде во право, живеејќи си го животот себично, атомизирано и самоцелно, не есапејќи ги другите....
Ако така ни помине овој живот, во трчање по своето, тогаш, како ли ќе живееме во другиот живот?...[DOUBLEPOST=1433195903][/DOUBLEPOST]
Веројатно имам слушнато, само не ми беше јасно кои вистини точно спаѓаат во овие големи вистини. Но би претпоставил дека тие се оние прашања за кои секоја религија тврди дека ги одговорила и дека токму оној нејзиниот одговор е точниот, односно:
Како настал универзумот?
Како настанал животот и како настанале луѓето?
Како ќе заврши универзумот?
Што се случува после смртта?
Да, мање-више, тоа се големите вистини. Особено втората и последната.[DOUBLEPOST=1433196087][/DOUBLEPOST]
Не знам дали ова се сите, но слободно дополни ме или поправи ме ако згрешив нешто. Засега науката со голема сигурност има одговорено само како настанале луѓето и што се случува после смртта (нормално само во материјалнот свет, затоа постоењето на духовен свет на може да се докажи, побие или проучи со научниот метод).
Колкава е та „сигурност„?
Гледано од мојата вероисповест и нејзината доктрина, напишаново е само обично „набадање„, со никаква сигурност, дотолку повеќе што смртта не е конечен крај, туку нов почеток, недостапен и недостижен за „лабораторско„ набљудување.[DOUBLEPOST=1433196520][/DOUBLEPOST]
Теоријата за „ладна смрт“ на универзумот и исто така нашироко прифатена и има многу малку конкуренти теории. Теоријата „Биг бенг“ за настанокот на универзумот е исто добро прифатена во научните кругови, но сеуште има многу недостатоци и простор за подобрување (и јас не сум целосно убеден во издржаноста на повеќе тврдења на оваа теорија). Конечно, науката исто има повеќе идеи за настанувањето на животот, но и тука има многу простор за подобрување на теориите и идни истражувања.
Значи науката сепак ги има одговорено повеќето од овие големи прашања со голема сигурност, а за другите ќе мора да бидеме трпеливи, затоа што доаѓањето до издржани научни теории не е толку едноставно како измислувањето на приказна. И уште еднаш, науката поради самиот свој концепт не може толку лесно да дојде до апсолутни вистини, но и грешно е да се тврди дека во науката не постојат никакви апсолутни вистини (види Њутнови закони).
Термичката смрт на Вселента е само една теоретска можност, оти набљудувањето во вселенските длабочини не остава таков впечаток, туку термичката смрт е само еднострано гледање на целата Вселна, со сета нејзина сложеност, гледана ислучиво термодинамички.
Теоријата на „Големата експлозија„ е само антички мит, запакуван во сциентистичка амбалажа, збогатен со мношто равенки од виша и највиша математика, неразбирливи за „пучанството„., кој (мит) непрекидно се „крпи„ со нови дополнувања, токму како што вели блажениот Серафим: една теорија се толкува со друга теорија...
Њутновите закони не се никакви апсолутни вистини, туку само парцијални „вистинчиња„, кои „глобално„ не објаснуваат ништо (битно), туку само објаснуваат „локални„ феномени. Патем кажано, појќе е од јасно дека физичките/математичките равенки и реално измерените релации, имаат „луфта„.[DOUBLEPOST=1433196654][/DOUBLEPOST]
За големи конечни вистини точно е дека треба да причекаш, па нели вие Христијаните сте трпеливи?
Трпеливи сме во однос на други нешта, а немам(е) време за чекање, оти битните вистини од Бога ни се веќе откриени.[DOUBLEPOST=1433196925][/DOUBLEPOST]
Од друга страна, во право си за тоа дека некој дел од науките се финансирани од фирми и организации за профит. Затоа истражувањата во науката грубо се делат на два дела "applied research" или применета наука и "basic/fundamental research" или фундаментална наука/истражување. Истражувањата од применетата наука се најчесто финансирани од фирми со цел да применат веќе постоечко научно знаење во некој продукт корисен за фирмата. Од друга страна, истражувањата на фундаменталната наука се најчесто финансирани од самиот факултет или државата и имаат за цел откривање на некои основни сознанија или закони во светот (како што самото име кажува). Еве ти пример за два различни научни институти во Германија, еден за применета и еден за фундаментална наука.
http://en.wikipedia.org/wiki/Fraunhofer_Society
http://en.wikipedia.org/wiki/Max_Planck_Society
Институтот Фраунхофер се занимава со применета наука и обезбедува околку 70% од средствата за истражување преку договори со индустријата, додека Институтот Макс Планк се занимава со фундаментална наука и ги добива сите свои средства исклучиво од државата.
Како и да е‘, не е проблемот во тоа кој ги финансира истражувњата: дали крупниот капитла, со цел да стане уште покрупен, или државата, од наводно „повисоки„ цели, битно е дека и двата начини на финансирање се смислени и селисходни, не случајни и „онака„ изведени. Државата/владите/власта не е ништо „почесна„ во тоа финансирање од самиот крупен капитал, оти, ако капиталот финансира од кориснички побуди, власта финансира од идеолошки и светогледни.
Што му доаѓа „исто„.[DOUBLEPOST=1433197107][/DOUBLEPOST]
Признавам тука ми беше грешна терминологијата, главниот двигател на крстоносните војни била Католичката Црква. Но останува фактот дека некој за злоупотребил верата во Христос (иако според тебе Католицизмот е само извртена верзија од вистинската вера, сепак потекнале од исто место) за да започне војна во која биле загубени многу животи. Точно е дека Православната Црква не била виновна, исто како што научниците најчесто не се виновни што нивните откритија се извртуваат и се употребуваат за цели комплетно неповрзани со оние на научникот.
Можам да се согласам дека не секогаш вината паѓа на самите научници, но тогаш, која е логиката, смислата и целта од нивните истражувања во денешно време?
Ако се вратиме во векот на гениите, ќе видиме дека тие генијалци сеуште веруваа во Бога. Во што веруваат денешните (генијалци) и што е целта од нивните истражувања, кои некои сили ги зпоупотребуваат?[DOUBLEPOST=1433197383][/DOUBLEPOST]
Значи науката е крива што компјутерот ја зголемил нашата продуткивност толку многу, што работодавецот смета дека е во голема загуба доколку било кој неговите вработени не знае да ракува со компјутер.
Продуктивноста е рационално-економскка категорија, која е измислица од 19-от век, откога машините беа воведени во индустријата, односно, откога човекот стана предмет на прилагодување кон машините, а не обратно.
Ако работодавецот гледа на вработениот само како на средство за постигнување што поголем профит (што е реална состојба во денешната економнија), тогаш ние не сме ни мрднале од робовладетелството, а не да теоретизираме за слободата и за слични утописки состојби и поими.[DOUBLEPOST=1433197512][/DOUBLEPOST]
Точно, ретко кој научник се занимава со наука исклучиво заради задоволство, затоа што секој човек мора на некој начин и да обезбеди егзистенција и поволни услови за живот на својата фамилија. Сепак, со оглед на тоа дека голем дел од докторите на науки можат да заработуваат многу повеќе работејќи како советник во некоја фирма (притоа не занимавајќи се со наука во вистинската смисла), а тие сепак одбираат да бидат „обични“ научници, за мене значи дека навистина има нешто што ги привлекува кон науката како метод на осознавање на светот.
Додатно на тоа се и моите искуства со професорите тука во Германија и Австрија, каде од повеќето професори добивам впечаток дека навистина уживаат во тоа што го работат.
Не спорам дека и на научниците или истражувачите им се потребни секојдневни нешта, не спорам дека и тие се луѓе, со свои потреби и интереси.[DOUBLEPOST=1433197574][/DOUBLEPOST]
Точно е тоа дека научниците имаат подобри услови за живот од просечен работник, но факт е дека научниците вложиле многу труд и години од својот живот за да го постигнат тоа, повеќе и од многу луѓе кои земаат многу повеќе пари од нив. Како што напоменав погоре, за повеќето луѓе со такво образование има многу попрофитабилни начини за живот (многу фирми дебело ги плаќаат докторите на науки во некое поле релевантно за фирмата), но тие сепак одбрале да работат во некој институт или универзитет каде што платата е многу помала.
О.К., нека е така.[DOUBLEPOST=1433197971][/DOUBLEPOST]
Па со самото тоа што викаш дека не ти е битно како се движат ѕвездите (покрај тебе и многу други се чувствуваат така), покажуваш дека астрофизиката нема никаква прагматична цел, затоа што сознанијата од астрофизиката нема да имаат никаква применливост на Земјата, барем не во наредните најмалку стотина години.
Астрофизиката може да биде симпатична во однос на објаснувањето на нештата од овој Свет, без некоја посебна практична применливост од истата (кому му е битно како се движи некоја ѕвезда на растојание од х километри од дома или како истата таа ѕвезда ме засега лично...), но ако астрофизиката остане само на просто набљудување на Вселената и просто прибирање и систематизирање информации, тогаш астрофизикат нависитна не може да ни каже „нешто повеќе„ од просто објаснување на видените феномени и објекти низ Вселената.
Ако било која наука само ни ги „толкува„ нештата а притоа го остава умот „закопан„ само во овој Свет, тогаш науките не само што можат да бидат не-утилитарни, туку можат да прејдат во масовна забава, полоша и од бескорисноста.