Пица, мене многу ми се свиѓа трансферот на Милнер. Човекот би играл на секоја можна позиција. Посебно ќе биде од голема важност во дерби средбите, пошто Милнер е измислен за таквите. По тркачка средина од Џан, Хендо и Милнер, нема никој во светот (зборувам за дерби натпревар). А баш заради дупки во средината, недоволната покретност на Стиви, многу често не коштаа ефтино примени голови моментално ми текна на голот на Агуеро на Енфилд сезонава, иако не беше мислам Стиви тој кој не стигна навреме на покрие, но ми ја сфаќаш поентата. Плус, не добива толкав кредит за неговата офанзива, колку што е способен. Милнер е многу потценет играч кога офанзивата е во прашање, а вчера видов статистика дека лани креирал 51 шанса (скоро по 2 шанси по натпревар), што не е лошо за играч кој поголемиот дел од луѓето го гледаат како "копач".