Петровденски пост

  • Креатор на темата Креатор на темата mickey mouse
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе го постете Петровденскиот пост?

  • Да

    Гласови: 6 28,6%
  • Не

    Гласови: 13 61,9%
  • Незнам

    Гласови: 2 9,5%

  • Вкупно гласачи
    21
  • Гласањето е завршено на .

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.007
Поени од реакции
2.798
Локација
секаде
Овој пост е востановен во чест на светите Господови Апостоли. Во овој пост се пости вака: Во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.

Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник, во среда и петок се дозволува масло и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок се дозволува масло и риба.

Иначе палнирам јас да го постам.
 
Зошто отвараш теми за секој можен пост? Какви дискусии би се развиле околу овој конкретно? Не шерифувам, само ме интересира која е поентата за секој можен пост да има тема и плус да има тема дали влијае позитивно или негативно на здравјето во подфорумот Здравје? Што дискусија ќе се развие овде а не е развиена во другата твоја тема „Велигденски пост“?

Предлагам модератор да ги спои и оваа и темата за велигденски постови во оригиналната тема Постење.
 
Не ветувам, но има шанса да постам:)
 
Затоа што секој е различен пост затоа, не се исти сите поствои затоа!
 
Оваа недела испадна шарена:
Во понеделник се пости, во вторник - не, во среда се пости, во четврток - не, во петок се пости, во сабота - не.
 
@MIKI1 во неделата за Св Константин и Елена бев на литургија. Попот кажуваше за Петровденскиот пост. Кажа дека некогаш може да биде еден ден, една недла или повеке недели, ама не разбрав зошто и од кога почнува.
Кажуваше и дека постот е: во понеделник, среда и петок на вода, во вторник и четврток на зејтин, а во сабота и недела не слушнав добро. Ке може да ми кажеш?
Исто и за Иванден кој бил на 7.7 паралелно во Божик ако може да ми кажеш.
Фала
 
t20p18,

се‘ што навел свештеникот, начелно е точно; понеделник, среда и петок се јаде храна подготвена „на вода„ (без зејтин), вторник и четврток може и зејтин (со вино, односно умерена доза алкохол) а во сабота и недела, покрај храната „на зејтин„ и виното, се јаде и риба.

Доколку во строго посните денови („на вода„) се падне празник (означен со црна или црвена боја во календарчето), во така посните денови се допушта храна „на зејтин (и вино), за да не бидеме во жалост, туку да го славиме Светителот, чиј празничен ден паднал во посен ден.

За таа цел, ќе мораш да ги следиш сите денови, односно празници во текот од овој (Апостолскиов) пост, но и во сите други повеќедневни пости.

Оваа година, Апостолскиот (Петрово-Павловиот) пост ќе трае речиси 6 недели, се‘ до празникот Петровден, односно 12-ти јули. Апостолскиов пост навистина има променлив број од денови во кои се пости, а кој (број) зависи од тоа кога ќе се падне Великден (на почетокот од април или од мај).

Раѓањето на Претечата (Јован Крстителот) е на 7-ми јули, во сабота, така да може да се јаде и риба на тој празничен ден.
 
Денес Петровден веќе не се пости, така?
А утре Павловден е посен?
 
Денес Петровден веќе не се пости, така?
А утре Павловден е посен?

Павловден, пошто се паѓа во петок (строг пост), но е празничен (Апостолски ден), се пости „на риба„.

Денес е сам ден Петровден, кој не е посен, односно постот завршува и се допушта мрсна храна.
 
Последно уредено:

Здраво Мики. Гледам дека нема тема за Богородичниот пост, па да прашам тука.

1 Кои денови се со риба и зејтин а кои не?
2 Дали циклусот има врска со постот?
3 Кога се сема причест?
4 Дали ако некој прима терапија која науто мора да се пие со јогурт, може да пости?
5 Дали уште нешто треба да се знае?
6 Дали може да ми го напишеш акатисот на пресвета Богородица и кога се кажува?

Ти благодарам
 
погледни на ПП.
 
Фала ти многу. Ти пишав и јас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom