Велигденски пост

Дали сте до сега постеле и дале ќе постете?

  • Имам до сега постено

    Гласови: 13 31,7%
  • Ќе постам

    Гласови: 10 24,4%
  • Немам постено

    Гласови: 25 61,0%

  • Вкупно гласачи
    41

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна туку и контрола на страстите, откажување од пијанства, веселби и радости. Светите отци постот го нарекуваат мајка на здравјето, а и современиот начин на исхрана се повеќе му придава значење на постот, односно на откажувањето од храната од животинско потекло.Најстрог и најдолг е Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден односно 48 дена. Од понеделник до петок се јаде без зејтин, а за викендите и на Велики четврток со зејтин, а на Благовец и Цветници се јаде и риба. Јас веќе 3 пат ќе го постам постов
 
K

Kacar

Гостин
Постам дур спијам ! 48 дена да се откажам и ограничам од најубавите работи во името на митски суштества и традиции, епа НЕМА !
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Пета година по ред како ќе постам
Правилен пост е само со марула,цвекло,варен компир,моркови,карфилол,брокула,краставици...........
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Мене од што ми се јаде прочитав „Велгиденски тост“, се разочарав сега...
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Прво јас не постам но секоја чест на тие што постат односно што может да издржат период без одреден вид на храна. Она што овај пост се разликува од повеќето други е тоа што не се јаде риба. Е сега поштовам јас сето тоа само едно не ми е јасно како свештеник во години дедека работев во рибарница ми побара икри за чорба баш на почетокот од постот не за благоец/цветници а при тоа нагласува дека не се јаде риба и затоа не зема обични риби. Па икрите не се од кокошки бре. Исто како муслиман што не јаде свинско да поткаснува пача понекогаш... оди најди нзс... секако зборуваме за негативни исклучоци, но за жал некогаш баш тие ја даваат сликата која не треба да се претставува во јавност...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Незнам дал да напишам нешто, некоја проза ли, слика или туг лајф видео шознам...
Има време до велигден и сигуно некој добар пост ќе постирам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.997
Ја постам цела година, кога што треба, секако. Ова е најголемиот пост, а денес е прочка, која е пред почетокот на постот. Постењето за Велигден започнува со предходно простување.
Им простувам на сите и барам да ми простат.
Од утре ќе бидам пристоен форумџија и нема да бидам лош, ко шо бев. Значи сите Алкаеди, УЧК-а и партијски билбоарди ќе може да здивнат од мене. Од сеа ќе се трудам да бидам пристоен како масон, сѐ во духот на постот и Христијанството.

Ќе видиме колку ќе издржам.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Годиниве наназад немам постено 48 дена, но ден два, можеби. Во иднина можеби нема да постам по 48 дена, но би постел бар една недела.
Но сепак, најважно е да си верник:)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
КАКО СЕ ПРАЗНУВА ПРОЧКА
Поклади идет, се чудиш колку манџи да направиш. Пак ce берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни coблазнителни, да jaдете до ден, да се oпиете и скверна безделија да чините за три дни. Heмојте, xpистиани, не губите си душите, не празнујте погански. Caм поклади си со своата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто yтре велик пост. Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. 3aшто го велат великиј пост? 3aшто голем захмет требе да тегнемо во него, многи мeтание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, нe карање сe, cо жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, невржуење ce, oпростуење ce, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш, Бога да молиш да ти прости што си чинил cва година. И зашто го викаат великиј пост? 3ашто ecт десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет eден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал cрдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците coбрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ cве ce постит, никоа cубота не се постит, салт велика субота ce постит и спроти неделата до полноќ. Tака се плаќа десеток Богу, така cе измолует Богa.

A вије, како виѓам, едни људи, во сирна недеља ѓоа идет на прочка да се простит, a не се проштеват со гаразлиете, со пизматарите, токо пак со пријателите. И кому што му мисли пак му мислит и велит:

„ Учинихме закон и прочка". A прочка не бива така, токо ка што пишет cтихирата на поклади вечер нa cтиховне, прва стихира глас 4: „Boзсија благодат твоја, Господи, возсија просвештение душ наших. Cе времја благопријатно, се времја покајанија. Oтвержем дела темнаја и облечемсја во oружие cвета да достојно достигнем и празнуем воскресение Xpиста Cпаса нашего, подејуштаго нам велију милост“. Оваја стихира велит да врлимо и да исфрлимо темните работи, сиреч црните грехови, да се облечеме во всеоружие света, сиреч во добри pаботи, во харно чинење. Това eст opyжие xристианину, при това оружие дјавол нe може да приидет, ако приидет ќе cе набодет и ќе плачет во веки.


од Кирил Пејчиновиќ,

еден од поголемите македонски преродбеници од 18 и 19 век

Извадок од „Слово за празниците“

„Огледало“
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Jaс сум похардкор од тебе. Јас не јадам ни риба за време на постот а зејтин ни под разно. :cautious:
:bravobe: за тебе штом можеш толку да издржиш без зејтин, но правилно е да се јаде зејтин за викендите и риба Цветници и Благовец.

А зошто постите?
А зошто да не?
Пета година по ред како ќе постам
Правилен пост е само со марула,цвекло,варен компир,моркови,карфилол,брокула,краставици...........
Точно дека многу овошје и зеленчук треба да се јаде за време на постот, но како што наведов во воведниот пост така е правилно.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.927
Поени од реакции
1.658
А зошто постите?
Од една страна за себе да се исчистиш од непотребни работи и воздржиш од други, а од друга страна религиски како што налага религијата(незадолжително) ама 7 дена од 365 дена е смешно да се помисли а камо ли да се каже дека не е можно да се издржи.
 
Член од
10 јуни 2005
Мислења
413
Поени од реакции
145
Сè што создал Господ, сè е чисто. Ако нешто може да се јаде – јади. Човекот не се осквернува со храната. Но, зошто притоа велиме дека воздржанието од храна е неопходно?
Зар на Бог Му е важно она што е поставено во мојата чинија? Во Евангелието е кажано: „Не она што влегува во устата на човекот го осквернува него, туку она што излегува од неговата уста“, т.е. лошите зборови, зборовите на осуда и гнев. Значи, пред сè, христијанскиот пост воопшто не е поврзан со претставата за тоа, дека постои храна што го осквернува човекот или не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom