Апсурди на модата

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам природно виткана али некад коа ќе ми се здосади пресата и ја исправуем :)
 
Штикли за бебиња?!

Замислете на штотуку родено женско бебе да му облечете високи потпетици!

Исто како кога си играте со барбика.
Две другарки од детството, од кои едната никогаш во својот живот не носела високи потпетици, а другата не може да го замисли својот живот без нив, измислија високи потпетици за бебиња.
Според нив, високите потпетици се екстремно слатки, навистина меки и удобни и што е најважно, иако се функционални тие не се наменети за чекорење (потпетицата пропаѓа, се губи со притисокот на тежината).
Воопшто не им штетат на бебињата – барем не физички!


Овие потпетици ги поминале сите владини тестови за безбедноста на децата од 0-6 месеци. Во моментот кога бебето стапнува со нив тие пропаѓаат. “Нејзините први високи потпетици” имаат единствена намера да бидат смешни, слатки, и интересни.
Моментално постојат само во една големина, едно бројче (0-6 месеци). Па нели, тоа се ПРВИ-те високи потпетици!
Некои критики велат дека е ова чиста “глупост”. Од друга страна, повпечатливи се критиките кои велат дека луѓето едвај дочекале вакво нешто, - загрижени што нивната четиримесечна внука имала дебелки и кратки нозе, овие потпетици визуелно помогнале да и се издолжат нозете.
Што е следно?! Вештачка коса за бебиња кои се раѓаат ќелави?!


Мислам стварно...
 
очекувам наредно да измислат силикони за 8 годишни девојчиња кои ќе тагуваат бидејќи немаат гради како мајка им:nesum:

секој ден се поголема и поголема глупост. очигледно некој своето бебе сака предвреме да го остари:uvo:
 
story.jpg
баш е кул нели??????????:icon_lol:
 
Колку и да мислеле дека е слатко, гадно се заебале. Џемс Бонд асесорис на бебиња, според мене е многу морбидно и одвратно.
 
Одвратно!
Бебињата треба да носат специјални кондурчиња за убаво да им се развијат нозете.
Штиклите кај бебиња изгледа грозно, глупаво, нездраво.
Никогаш не би му облекла на детето никогаш!
 
...Оу Мај...Што е следно?...не ми се верува..:nesvest:
 
story.jpg
баш е кул нели??????????:icon_lol:
Ти со кој памет си???
Ауу поголема глупост не знам... од кај ке знае бебето што му е тоа на ногата што може да го повреди. И плус како ке расте тоа дете какво мислење ке има за животот и за штиклите ц ц ГЛУПОСТИ:pipi:
 
nemam komentar kako izgledaat kako mozat decata da si gi gledaat vo vakvi "stikli"
 
Бог да чува и да брани. Што не ќе слушнам од народов.
 
Имаш мајки кои што се ужасно недозреани да мислат самите за себе, камо ли за бебињата и очекуваш дека ќе се однесуваат некако поинаку спрема бебињата од тоа како се однесувале спрема барбиките?
Епа... не може :toe:
 
Жива глупост! Им текнало на некои глупачки што немаат попаметна работа :tapp:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom