Едноставно разбирање за правото на избор
Си дадов малку време да ги исчитам мислењата од предходните страни на темава, забележав дека скоро сите меѓудругото ја спомнуваат и точката за оправдување и осудување на чинот самоубиство. Ме зачуди како би рекле „не го оправдувам чинот“ (што повеќето го рекоа, па да не ги цитирам поединечно) ако ние не сме ги разгледале и анализирале сите формите на мотиви за самоубиството. Дали некој знае колку различни мотиви постојат? И како може да пресуди генерално, а да ги опфати со анализа само простите и веќе видените мотиви. Од досега што ве прочитав овде, скоро сите се сведувате на две три форми:
1. Заблуда со привлекување внимание и недораснатоста на тинејџерите (каде што може да се опфати секаков вид момент на нестабилност и заблуда, па и од храброст како на филмот таму некој што го постави);
2. Неможност да го израни семејството и долг од пари (некој спомна 5000 евра и дека не вреди давање живот за парите и додавање на титулата егоизам);
3. Одлука за прекин од взаемно психичко и физичко страдање (каде што некој рече и за кукавичност и бегање од проблемите т.е. гледање спас во смртта).
Зошто се сведовте на овие прости нешта, дали не сте виделе или почувствувале досега малку поразлични мотиви, малку пошироки сфаќања за одлуката да изгаси секакво дејство.. Дали кога осудивте дека не вреди мотивот со 5000 евра, помисливте дека можеби мотивот е малку подлабоко, а не површно во парите.. нели е логично дека човекот ја изгубил волјата да ги надмине причините за својот очајнички потег со самоубиство? Факт е дека сите причини се надминливи, но што ако немаме потреба да ги надминуваме, едноставно не сакаме да продолжиме со дишењето, тоа е нашата волја.. Проблемите генрално за свесни и разумни луѓе (меѓу кои и интелектуалци и генијалци), никогаш не биле вистинската причина за самоубиство, впрочем и не постои причина за самоубиство освен поведеност од сопствена волја без потреба за оправдување т.е. наоѓање причина. Зар не можеме да разбереме волја престанување на еден живот, сите некогаш ќе умреме, а и самото живеење е всушност бавно самоубиство..
Мислам дека самоубиството е малку повеќе од нашата или ваша досегашна имагианција за тоа. Како што рече Сабазиј, ние од овде ја гледаме само сантата лед што штрчи над вода, но оние што се решиле на самоубиство ја гледаат и под вода, за кој дел ние не можеме ни да си го претставиме, незамисливо е. Како би можеле да го осудиме така лесно базирајќи се на општите прости мотиви од поединците.. Најпрво индивидуалноста има можеби најголемо влијание, не знаеме колку различни луѓе постојат, колку карактери на луѓе воопшто сме ние запознале досега во нашиот живот? Светот чува 8 милијарди различни умови..
Дали го сетивте парадоксот што се случува со самоубиството: се изразува страв и кукавичност, а и воедно се побива истото со храбра одлука за линчување на себе си од живот. Што ако човекот е свесен од што се личнува, што е тоа живот, кои сѐ убави нешта ги нуди животот, дали тогаш се изразува и скромност со самоубивање, дали тогаш се изразува и пацифизам, ако е свесен за лишување од повредите што може да ги нанесе на луѓето во иднина ако би бил жив? Во умот на генијалците и интелектуалците се крие многу покомплексен мотив кој ние засега не можеме ни да го замислиме.. Парадоксот е присутен со сврзување на многу спротиставени поими заедно. Со едно самоубиство стануваш сѐ и воедно ништо. Тука ќе го додадам она: дали една чаша ќе е полуптразна или полуполна зависи од тоа како ќе ја погледнеме, може воедно да биде и тоа и тоа.
Не е наше да судиме и оправдуваме, наше е да се едуцираме за феноменот и да потикнеме едукација за секој разгледувајќи и анализирајќи ги сите мотиви и форми, бидејќи нивниот избор е само нивен, а нашиот - само наш!