Самоубиство!

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
:pos: Телемата ќе ми ја долови вистината за сопствената волја. :pos2:

Човекот има ум и разум, да го користи исправно. Никој не е помоќен од сонцето, и никој не може да ги помести сите океани. Бидејќи и едното и другото значат смрт.

Слободната волја е само термин за да се палат тинејџери, не и возрасни луѓе.
 

Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
Ubavo bi bilo koga napisanoto ke bide procitano i procesirano ... no sepak nemame site ista percepcija na nestata neli? :helou:
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
:pos: Телемата ќе ми ја долови вистината за сопствената волја. :pos2:
Тимоти има изјавено дека е можеби реинкранација на Алистр Кроули, па еднаш се подзафатив со анализа на животот и идеите на Алистер и во основа и двајцата се насочуваат кон моќта на слободната волја. Ако пробаш рационално и без исмејување и одбивност, да го анализираш тоа, ќе дознаеш многу нешта..
Слободната волја е само термин за да се палат тинејџери, не и возрасни луѓе.
Неточно, слободната волја е во секого, сѐ до неговата смрт! Но возрасните сѐ повќе се комплицираат самите себе со обврзувања и доживотни служења на системот.. На луѓето сега повеќе од кога било, им е потребна свесноста за својата моќ за живеење според својата волја!
А од сонцето точно дека никој човек не е помоќен, но пак може да влијае врз него. Во суштина никој од никого не е помоќен или сите од секого се помоќни.. и така како кокошката и јајцето, до недоглед..
Но гледам дека се одалечивме од темата.. Блу спомна помирување со болката, а тоа и те како е добар начин за излез од депримираноста, како и покорување, тоа би значело склопување договор со болката при што се понуштува нашата одбивност кон неа, па следователно на тоа - исчезнува тешкотијата и се навикнуваме. Тогаш не патиме, оти навикнати сме.
Секој избор е индивидуален и истиот може да биде правилен или не само од субјективна перспектива, не универзална.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Мусолини кажал: „Според мене, да се живее значи нешто друго: според мене животот е борба, ризик, упорност.Да се живее според мене значи човек да не се помири со судбината“

Иако бил диктатор на Италија и креатор на фашизмот, ова што го кажал за мене е сто проценти точно.Тука прочитав разноразни мислења, и морам да кажам дека најмногу се согласувам со мислењето на Красулка.Животот е борба, мораш да се бориш и не смееш да се предаваш, самоубиството е еднакво на предавање и со тоа докажуваш дека си само кукавица, но и неспособен да се справиш со препреките што ќе ти се постават во животот.Прво тие што имаат планови да се самоубијат, нека тргнат од следново: во секојдневниот живот, нема човек кој нема проблеми дома без разлика дали се тие финансиски, семејни и.т.н.Второ:

.....А што ако не успее да стане нормален тој живот и да умре од глад или студ??? Тогаш само се измачува и се што посакува е до го нема на земјава...
Ќе одговорам со контрапрашање:А што ако таа личност денеска е сиромашна, а утре (односно во блиска иднина) е богата и средена на фамилијарен и финансиски план?Поентата ми е:Животот е непредвидлив, животот е тркало, денес немаш утре имаш, а може и да биде обратно, односно денеска да немаш а и утре да немаш.Што значи шансите се еднакви и да се средиш, но и да не се средиш.
Затоа не оправдувам самоубиство.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Неточно, слободната волја е во секого, сѐ до неговата смрт! Но возрасните сѐ повќе се комплицираат самите себе со обврзувања и доживотни служења на системот.. На луѓето сега повеќе од кога било, им е потребна свесноста за својата моќ за живеење според својата волја!
Ама зошто со вакви реченици? Паоло Коељо муабети, празни реченици за полнење на празни мозоци. Возрасните треба да се комплицираат себе си, бидејќи животот сам по себе е комплициран. Да одлучиме дека нема повеќе да функционираме како општеството ни налага значи и да се отселиме од него. Но, и тоа не е така едноставно зашто сите ние имаме семејства, пријатели, сопруги, деца, сметки во банка кои мора да се платат (не зашто ќе не уапсат туку зашто е нечесно да се избега од таа обврска) итн итн...

Кога сме на темата за самоубиство, слободната волја толку многу не постои, што не можеш ни да се убиеш кога сакаш во денешно време. Можеби ако си клошар од Њујорк, кој нема апсолутно никој во животот, но ние овде имаме вмешано премногу емоции во нашите животи кои се испреплетени со премногу луѓе и нашите одлуки не влијаат единствено на нас самите туку на еден далеку поширок круг на луѓе.



ouTtake напиша:
А од сонцето точно дека никој човек не е помоќен, но пак може да влијае врз него. Во суштина никој од никого не е помоќен или сите од секого се помоќни.. и така како кокошката и јајцето, до недоглед..
Но гледам дека се одалечивме од темата.. Блу спомна помирување со болката, а тоа и те како е добар начин за излез од депримираноста, како и покорување, тоа би значело склопување договор со болката при што се понуштува нашата одбивност кон неа, па следователно на тоа - исчезнува тешкотијата и се навикнуваме. Тогаш не патиме, оти навикнати сме.
Секој избор е индивидуален и истиот може да биде правилен или не само од субјективна перспектива, не универзална.
Каква кокошка какво јајце, споредуваш сонце и човек дали приметуваш? Во суштина сонцето е појако од човекот како Чак Норис од црниот нинџа. Simple as Hollywood industry. Колку и човекот да стане моќен во своето нуклеарно оружје, крајниот резултат е дека ќе се убие себе си ако се обиде да го уништи својот креатор. Сонцето е неговиот креатор. Колку и да биде паметен, не мора да се мачи да оди кон сонцето, обично шишенце апчиња за спиење ќе завршат работа. :wink:

Болдираното. Убаво е да се верува дека секоја наша постапка е исклучиво наша желба. Оптимистички делува, впрочем, како ќе се богатат типовите како Тимоти ако не ви продадат такви срања?

Но, иако болдираната реченица во себе не содржи ништо погрешно, поттекстот е иритирачки. Изборот на постапки може да биде индивидуален, то ест да одлучи човек дали да направи нешто или не, но дури и самоубиството е одлука која не може да ја донесе само затоа што му текнало и да се повика на реченицата “никогаш нема да дознаеме што е правилно, па јас секако ќе го сторам тоа“.
Колку и да е самоубиството крајна линија на поглавјето “имам желба“, тоа не зависи само од неговиот моментален хир, бидејќи секој човек има чувства и емоции кои нема да му дозволат да си скокне од зграда како да скока во базен полн вода.

За детерминистичките филозофии во кои верувам не сакам ни да почнувам. Ќе се видам и себе си како луд, за другите како ќе ме видат, да не зборувам. :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Самоубиство = на деструкција, распад. Како може на тој чин да се гледа со позитивност,да се изедначува со слободна волја.Па сите ја имаме слободната волја но не сите го правиме самоубиствениот чин.
Тука нема филозофија.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Имам две сфајќања за оваа терминологија кои и двете не се баш убави по своето значение..Првата е -Сам човекот да си одлучи кога ќе си го одземе животот...а Втората е кога човекот сака и се стреми да постане друга личност исто тогаш е самоубиство но не физичко...
 
O

okej

Гостин
Do preska mozebi i bev razmisluvala za toa sto znaci SAMOUBISTVOTO..sega,otkoga se soociv so faktot deka se slucilo vo mojata okolina,go napravila licnost koja sum ja poznavala,se poveke se vnesov vo temata za samoubistvovo! Licnosta ne mi bese kojznae kolku bliska,megutoa sigurno im bila bliska na svoite dve deca.Mislev deka e normalna licnost,bidejki zavcera ja vidov niz maalo,a denes,slusnav deka se obesila vo sopstveniot dom!
Moe mislenje e deka sekako treba da imas epten golem pricina za da izvrsis samoubistvo..ma so zboram be jas,kakvi pricini...ZIVOTOT ni e najgolemiot poklon od Boga,a so samoto unistuvanje na sopstveniot zivot dokazuvame deka sme najnistozni na svetot!
Zasto lugjeto izvrsuvaat samoubistvo?Kako go opravduvate toj cin na odzemanje na sopstveniot zivot?
Temava ja staviv vo misterii poso za mene stvarno pretstavuva golema misterija!
прво..господ ако дава поклони нека даде навака 2-3 живота резерва пфф.....второ..знаеш што значи вистински проблем уопште?..можеш да замислиш како се осеќа некој што неможе да се трпи самиот себеси само заради тоа што постои на светов?..почни со тоа дали од дома те сакаат?..дали ти имаат кажано некогаш Не те сакам од дома?..после разгледај околу тебе и се што не ти чини ти нормално ќе земеш и ќе го поправиш..незнам како да го објаснам али кај луѓето што сакаат да се убијат тоа го нема..некогаш е самосожалување многу голем фактор у тоа дали ќе се убиеш ама некогаш и самите проблеми си го прават своето..луѓето што не го сваќаат самоубивањето се луѓе што прифатиле се што им пружа општеството и живеат по шаблон..тие со вистински проблеми никогаш нема да излезат на сред плоштад и да си пишат на чело "мене од дома не ме сакаат"...не пробувај да сватиш зошто треба да осетиш на своја кожа..нормално ќе сретнеш и луѓе што ќе се исечат на прст и ќе кажат на сите дека пробале да се самоубијат за сите да бидат околу нив и недостигот на љубов така си го надоместуваат..поготово новокомпонираниве емо стил што мислат дека преку стил на облакање ќе покажат колку им е тешко..ама кога некој ден ете така ќе се обеси човек во кујна како што викаш ти е тогаш ќе почнат темите на кајгана за самоубивање и ќе се праат вакви долгометражни муабети што за мене немаат никакво значење..:kesa:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Абе самоубиството е глупа работа ако знаеш дека ке се родиш пак , затоа порака за тие што планираат да се самоубијат : за џабе ви е , пак ке се родите .:toe:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Им завидувам на храброста што ја имаат за да направат такво нешто... многу потешко е да се самоубиеш отколку да живееш...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Абе самоубиството е глупа работа ако знаеш дека ке се родиш пак , затоа порака за тие што планираат да се самоубијат : за џабе ви е , пак ке се родите .:toe:
Можеби се надеваат дека ќе бидат абортирани... или спонтан побачај... сепак има надеж
 
O

okej

Гостин
Можеби се надеваат дека ќе бидат абортирани... или спонтан побачај... сепак има надеж
да преживееш абортус ти е емо од раџање хахахах:pos2:

Им завидувам на храброста што ја имаат за да направат такво нешто... многу потешко е да се самоубиеш отколку да живееш...
полесно е да живееш од колку да се самоубиеш или да се самоубиеш одколку да живееш?...кокошката или јајцето работава...
 
Член од
23 јануари 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
иако во лоша ситуација самоубиството субјективно би ни изгледало како единствено оправдано решение , мислам дека ништо ама НИШТО не е ок причина за да ни го земе дадениот и онака краток живот. безмислено е да бараме гаме овер на играта шо сами ја креираме!
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
..Треба човек да е тежок психич за да се самоубие!!!
Самоубиство вршат само психички нестабилни луѓе!...:toe:
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.535
Si[M]onA;3474634 напиша:
..Треба човек да е тежок психич за да се самоубие!!!
Самоубиство вршат само психички нестабилни луѓе!...:toe:
Хм, познавам луѓе кои имале обид за самоубиство и да ти кажам право моментално се по среќни и по нормални од останатите што ги знам, дури и повеќе го ценат животот од останатите...така да нема потреба од генералка...:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom