Самоубиство!

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Do preska mozebi i bev razmisluvala za toa sto znaci SAMOUBISTVOTO..sega,otkoga se soociv so faktot deka se slucilo vo mojata okolina,go napravila licnost koja sum ja poznavala,se poveke se vnesov vo temata za samoubistvovo! Licnosta ne mi bese kojznae kolku bliska,megutoa sigurno im bila bliska na svoite dve deca.Mislev deka e normalna licnost,bidejki zavcera ja vidov niz maalo,a denes,slusnav deka se obesila vo sopstveniot dom!
Moe mislenje e deka sekako treba da imas epten golem pricina za da izvrsis samoubistvo..ma so zboram be jas,kakvi pricini...ZIVOTOT ni e najgolemiot poklon od Boga,a so samoto unistuvanje na sopstveniot zivot dokazuvame deka sme najnistozni na svetot!
Zasto lugjeto izvrsuvaat samoubistvo?Kako go opravduvate toj cin na odzemanje na sopstveniot zivot?
Temava ja staviv vo misterii poso za mene stvarno pretstavuva golema misterija!
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Самоубиство...и јас не сум можела никогаш да го сфатам ова...

Културата како фактор
Луѓето кои се под влијание на религиите кои потекнуваат од јудизмот, христијанството и исламот, го осудуваат самоубиството. Ретки исклучоци се ситуациите во кои со самоубиството се помага на другите, како на пример, партизанот кој се самоубива за да не падне жив в раце на непријателот и со тоа спречува предавство на другарите изнудено преку мачење.
Но, осудата на самоубиството не е универзална пракса. На пример, јапонските традиции не го сметаат чинот на одземање на сопствениот живот за грев, па и бројот на самоубиства во Јапонија бил значително поголем од оној во Европа и во Америка. Со отворањето на Јапонија за странски влијанија, се почувствувало намалување на бројот на самоубиствата.

Тоа се обично луѓе кои се во некој вид криза, кои имаат нарушувања на расположението (на пример, депресија), или се вознемирени на некој друг начин, на пример од општествените и хормоналните промени во адолесценцијата. Така, иако не значи дека Вие ќе се самоубиете по слушањето на песните на Еминем, можеби некоја личност Вам блиска е на работ на самоубиство. Со оглед на негативните психолошки влијанија во денешна Македонија, би било вистинско чудо да нема такви луѓе.

Мит 1: Луѓето кои зборуваат за самоубиство всушност нема да се обидат да се самоубијат. Не може да се погоди дали некој ќе се обиде да се самоубие врз основа на тоа дали зборува или не зборува на таа тема. Иако луѓе се закануваат дека ќе се убијат без да го сторат тоа, некои „успешни” самоубијци во периодот пред самоубиството ги обзнанувале своите намери.
Мит 2: Самоубиствата обично се извршуваат ненадејно, без предупредување. Во 80% од документираните самоубиства, жртвата давала некои предупредувачки знаци. Можноста да се работи за најава на вистинско самоубиство расте кога заканата е јасна, што укажува на веќе оформен детален план. На пример, девојчето од почетокот на написов кое се обесило, опишувало бесење во своите записи.
Мит 3: Луѓето кои се обидуваат да се самоубијат имаат цврста решеност да умрат. Само 3-5% од самоубијците го прават тоа со јасна намера да умрат. Околу 30% самоубијци се двоумат, и затоа кога вршат подготовки, ги поставуваат работите така што оставаат случајот да пресуди. Остатокот (67%!) самоубијци всушност и не сакаат да умрат, туку да пратат „драматичен сигнал за опасност”. Ваквите луѓе оставаат поголема можност да бидат спасени. Психолозите сметаат дека токму поради овој фактор само една осмина од самоубиствата завршуваат фатално.
Мит 4: Оние кои се обидуваат да се самоубијат остануваат такви засекогаш. По изминување на кризата, најголем дел од луѓето продолжуваат нормален живот.

Што треба да се стори?
До колку се сомневате дека некој од вашата околина е на работ на самоубиство, преземете ги следните чекори:
Обрнете сериозно внимание на зборувањето за самоубиство. Директно прашајте ја личноста дали размислува да се самоубие.
Обезбедете емпатија и поддршка. Покажете му на самоубиецот дека се грижите за него/неа. Често луѓето кои се решаваат на овој потег го гледаат светот околу нив како студен и се чувствуваат дека никому не му е гајле за нив. Дури и ако не ја познавате добро личноста, покажувајќи дека ви е важно што се случува, може многу да помогне. Некои луѓе самоубиството го користат како повик за помош. Понудата да се помогне може да го спречи.
Расчистете што е клучниот проблем. Самоубијците се често збунети и изгубени во множество од фрустрации и проблеми, така што тие им се чинат бескрајни. Ако проблемите се расчистат, се именуваат, притисокот се намалува, а со тоа и збунетоста којашто ја намалува моќта конструктивно да се расудува.
Предложете алтернативни решенија. Самоубијците го гледаат самоубиството како решение на нивните проблеми. Предлагањето порационални решенија може да помогне, бидејќи во својата збунетост, самоубиецот можеби и не помислил на нив.
Искористете го сомнежот. Самоубијците најчесто се сомневаат во одлуката за самоубиство и споменуваат причини да се продолжи да се живее. Зајакнете ги сомнежите кои ја разјадуваат одлуката да се умре.
Поттикнете барање професионална помош. Со оглед на степенот на вознемиреност на потенцијалниот самоубиец, вашата интервенција може да не биде доволна. Охрабрете ја личноста да се обрати на психолог, психијатар или социјален работник. Брз начин да се стапи во контакт со професионалци од тој тип е преку некој од многубројните С.О.С. телефони. На пример, бројот на Центарот за кризни состојби за деца и млади во Скопје е 136-400
 

I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
Јас лично никогаш не би се самоубила. Никогаш не вели никогаш, ама за ова сум сигурно дека нема. Немам храброст самата на себе да си го одземам животот! Добра е темава. Има многу за размислување.
 
Член од
15 март 2006
Мислења
195
Поени од реакции
1
a ako si na dozivotna robija? bolje smrt nego cel zivot zatvor
 
Член од
22 март 2006
Мислења
4
Поени од реакции
0
jas ne bi se somoubila nikogas.mislam deka samoubistvoto e mekoj vid na bolest koga mislam na bolest mislam na psiholoska bolest.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
hmmm samoubistvo...pa neznam nekoe posebno mislenje nemam okolu toa samo sum sigurna deka nikogas ne bi se ubila sebesi od prosta pricina sto ne bi imala hrabrost,a i premnogu si se sakam...a tie sto za zal vekje go napravile toa mislam deka ili imale mentalni problemi ili izgubile se,pa nemalo vekje za sto da ziveat...i nikako ne go opravduvam samoubistvoto posto toa e najbedno nesto sto moze da se napravi, "najlesen" nacin da izbegas od problemite,a na tie okolu tewe da im go upropastis zivotot...
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
T1p43 напиша:
a ako si na dozivotna robija? bolje smrt nego cel zivot zatvor
Тоа е веќе друго нешто.
Инаку самоубиството не го оправдувам воопшто. Знаеме дека тоа е грев, сам да си го одземеш животот :lud: треба умствено да си пореметен. Сите имаме тешки моменти во животот ама решение во никој случај не е самоубиството, тоа е само кукавичлук и го прават луѓето кои немаат смелост да и погледнат на вистината во очи.
 

I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
T1p43 напиша:
a ako si na dozivotna robija? bolje smrt nego cel zivot zatvor
е тогаш..не дај боже тоа да ми се деси. тоа е веќе друга ситуација....... не знам ама јас сама да се убијам е стварно...СТРАШНО:ija: , сам да си го одземеш животот.

не верувам дека некој, барем не од форумов би се самоубил. јас не сум размислувала на таа тема, ама останувам на ставот дека не би се самоубила.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.076
Поени од реакции
25.109
го оправдувам (ама не и одобрувам) само во случај на тешка и неизлечлива болест кога веќе болките стануваат неиздржливи и кога нема ни теоретски шанси за живот:ija: :ija:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
eci^^^ напиша:
Zasto lugjeto izvrsuvaat samoubistvo?Kako go opravduvate toj cin na odzemanje na sopstveniot zivot?!
Луѓето извршуваат самоубиство, поради проблеми кои ги имаат и на нив им се чинат дека се нерешливи, најчесто тоа се финансиски проблеми, нели на пример имаат големи долгови, и не знаат како да ги вратат тие пари, или кога не можат да го издржуваат повеќе семејството и се самоубиваат...
Многу луѓе се самоубиваат поради љубовни проблеми...лелее како и да е, тешка тема, а сега баш баш не ми се збори за ова...
ќе напишам друг ден
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
НИКАКО САМОУБИСТВО!!!

Самоубиство - погрешен обид да се побегне од проблемите. Ако имаш проблем реши го зашто ако се самоубиеш на твоите ќе им останат и нивните лични, и твоите лични проблеми и проблемот што повеќе нема да те имаат покрај себе.

Ако не знаеш да најдеш смисла на твојот живот верувај дека тие околу тебе ја знаат смислата на животот. Прашај ги и замоли ги да ти ја кажат за да и ти имаш причина да живееш.

Ако мислиш дека нема надеж, се лажеш! Има надеж, само некој треба да ти каже каде е патот, каде е излезот од твојот очај! Тој некој побарај го најпрвин во семејството, потоа во роднините, во пријателите. Ако таму не најдеш надеж, вистински пријател, создади си нови пријатели од непознати луѓе. Сигурно ќе се најде некој да те засака онаков каков(онаква каква) што си, да ги почитува твоите добри страни да те критикува, советува, поучува како да се ослободиш од твоите маани, слабости, лоши страни. Ако меѓу луѓето не го пронајдеш твојот вистински пријател, обрати му се на Бога. Тој никако нема да те отфрли! Тој те сака! Тој ќе ти го покаже патот!

Ако се убиеш себеси, ќе убиеш уште неколку личности на кои си им сраснал во душите!

Ниту си дошол на светов по своја волја, ниту имаш право да си заминеш по своја волја.

Немаш власт над својот живот!
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.076
Поени од реакции
25.109
:eek:ftopic: Од одамна сакам да те прашам. Поп да не си случајно друже?
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Крстителот напиша:
Ако меѓу луѓето не го пронајдеш твојот вистински пријател, обрати му се на Бога. Тој никако нема да те отфрли! Тој те сака! Тој ќе ти го покаже патот!
Аха..
извини малку дрско, но Бог што ќе направи за мене!?
 
K

Kiko

Гостин
Страшно.....страшно...... навистина.....животот е прекарасен дар од Бог. Но не сакам да ги обвинувам тие луѓе што извршиле самоубиство...па сигурно не го направиле од што им било убаво.
Во секој случај тоа не е решение, нииту пак го оправдувам.
Верниот човек Јов иако му се случиле најстрашните работи кои можат да му се случат на еден човек(финансиски крах, Децата загинати, жена му го напушта, страшна болест по целото тело....и тоа се во еден миг)иако многупати посакал да е мртов никогаш не кренал рака на себеси- зошто??? Знаел дека тој не тој кој што треба да одлучи дали ќе живее зошто ако Бог му го дал тој дар на живот ТОЈ и само ТОЈ има право да го одземе.

Овој верен човек на крај истрајал, и бил навистина благословен.(библиската книга ЈОВ го опишува овај настан ,навистина прекрасна книга,ремек дело)
Значи понекогаш ако не го гледаме излезот не значи дека го нема, треба само да се издржи.
 

IGI

Il Corvo
Член од
12 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
4
Самоубиство ти е да му кажеш на господ: Неможеш да ме отпуштиш, сам ке напуштам. :)

Него не вреди... Сите имале тешки моменти во животот, па кога и да е ке помине. А и многу себично е... Не си само ти, има луѓе на кои им значиш. У такви периоди една прошетка пола саат би требало да те освежи и да заврши работа :icon_bigg.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom