Самоубиство!

K

Kamelija A

Гостин
На годишен одмор не идам,нова година еднаш у 5 години дочекувам.
Не ме мачат проблеми како просечен потиштен тинејџер не се секирај.
Не секогаш годините се показател за искуствата на одредена личност,но добро тоа е твое размислување.

Знам...знаев еден што се самоуби од мое училиште.
Не бевме нешто блиски али сите знаеа дека е секташ.
И така лани еднаш по сабајлечки доаѓаат читаат соопштение тој и тој се убил,се имаше обесено:toe:
И после мајка му кажуваше кај директорот во последно време скренал психички.
И врз основа на сознанието за самоубиството на "секташот" со кого не бевте блиски и верувам дека директорот не те повика за да чуеш што разговараат со мајката на самоубиецот, ти извлекуваш заклучоци за менталниот склоп на самоубијците.
Значи се во иста корпа.
 
Г

Господ

Гостин
И врз основа на сознанието за самоубиството на "секташот" со кого не бевте блиски и верувам дека директорот не те повика за да чуеш што разговараат со мајката на самоубиецот, ти извлекуваш заклучоци за менталниот склоп на самоубијците.
Значи се во иста корпа.
Не правам генерализации,правам претопоставки:toe:
Вообичаено членови на секти завршуваат така,општопозната прича е.
И не не ме повика никој да присуствувам на тој разговор,всушност не ни требаше да го слушам,али љубопитноста си го прави своето а бев во канцеларијата на секретарката,просторија одма до канцеларијата на директорот и не можев а да не ја подотворам вратата и да слушам:toe:
 
K

Kamelija A

Гостин
Не правам генерализации,правам претопоставки:toe:
Вообичаено членови на секти завршуваат така,општопозната прича е.
И не не ме повика никој да присуствувам на тој разговор,всушност не ни требаше да го слушам,али љубопитноста си го прави своето а бев во канцеларијата на секретарката,просторија одма до канцеларијата на директорот и не можев а да не ја подотворам вратата и да слушам:toe:
Смеки тебе те знаат мама и тато што пишуваш тука на форумов?
Колку членови на секти познаваш и колкумина од нив се самоубиле?
Најпрвин објасни што е тоа секта.
 
Г

Господ

Гостин
Смеки тебе те знаат мама и тато што пишуваш тука на форумов?
Колку членови на секти познаваш и колкумина од нив се самоубиле?
Најпрвин објасни што е тоа секта.
1.Не ме интересира што знаат а што не знаат моите родители за мене.
2.Познавам доволно.
3.Секта е група луѓе најчесто религиозна која си има поставено некакви постулати и е најчесто во спротивставеност на целите и учењата на...како да ги кажам појавните системи али не мора да се задржува на тоа и многу често тие групи извршуваат ритуали и дејствија кои се во најмала рака...fucked up:toe:
 
K

Kamelija A

Гостин
1.Не ме интересира што знаат а што не знаат моите родители за мене.
2.Познавам доволно.
3.Секта е група луѓе најчесто религиозна која си има поставено некакви постулати и е најчесто во спротивставеност на целите и учењата на...како да ги кажам појавните системи али не мора да се задржува на тоа и многу често тие групи извршуваат ритуали и дејствија кои се во најмала рака...fucked up:toe:
Навистина сум зачудена и не можам да сфатам како можеле да ти дадат толку многу зелени квадратчиња.
А да, и фурај си го филмот за појавните системи :pos2:
 
Г

Господ

Гостин
Навистина сум зачудена и не можам да сфатам како можеле да ти дадат толку многу зелени квадратчиња.
А да, и фурај си го филмот за појавните системи :pos2:
Демек сега,ја знам што се секти ти не знаеш кој ли ти давал позитивна репутација.
Ако имаш свое мислење зошто луѓе се самоубиваат плис просветли ме.
Според шегите на сметка на мојата возраст би рекол дека си постара од мене,ондак те молам act your age и нека не биде тоа во стилот "знам ама не ти кажувам".
 
A

ateist

Гостин
Број 2906 сабота, 07 февруари 2009 утрински весник

Кризата им става јамка околу вратот на Русите

Невработеноста е главна причина што во последниве два месеца во Русија рапидно е зголемен бројот на самоубиства

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Поради проблемите што ги донесе економската криза во Русија, во последниве два месеца рапидно е зголемен бројот на самоубиства. Повеќе од 100 луѓе се самоубиле, бидејќи ја загубиле работата или не можеле да ги решат финансиските проблеми. Зголемен е и бројот на случаи на самоубиства на бизнисмени кои не можат да ги вратат долгувањата. Експертите прогнозираат дека оваа година ќе биде запаметена како рекордна по бројот на самоубиства. Досега повеќето самоубијци во Русија се одлучуваа на тој последен чекор, бидејќи не можеа да ја преживеат невозвратената љубов или да ја издржат измамата. Сега на прво место се самоубијците кои останале без работа.

Русија и инаку спаѓа во земјите со најголем број самоубиства во светот. Минатата година во Русија се убиле дури 35.000 луѓе, што се 29 самоубиства на сто илјади жители. Само за споредба, во светот просекот е 14 самоубиства на 100.000 жители.

Од стресовите предизвикани од економската криза умираат 20 отсто повеќе луѓе отколку од погрешна дијагноза од лекар. Овој загрижувачки податок го соопшти познатиот руски академик и нобеловец Евгениј Чазов, кој беше лекар на многу советски лидери.

Меѓу самоубијците секој има своја приказна. Така, кон крајот на декември во Нижни Новгород еден возач извршил самоубиство, бидејќи пред кризата купил автобус на кредит, но поради економската ситуација повеќе не можел на банката да и' го враќа долгот. Тој во гаражата со ловечка пушка си пукал во срцето. Без татко останаа две деца за кои сега треба да се грижи само мајката.

Неодамна во Волгоградската област се самоуби раководител на голем агрокомбинат. Тој пред почетокот на земјоделската сезона зел кредит, но кога ја продаде летнината, сепак, не успеа да и' го врати долгот на банката. Во кризата во која се нашол се одлучил самиот да си пресуди не чекајќи со банката да се влече по судови.

Психологот Олга Межењина објаснува дека сега се' почести се случаите на самоубиство поради тоа што некои луѓе не гледаат никаков начин како да ги вратат зајмените пари. Покрај нив, чести жртви се лица кои мислат дека кога ќе останат без работа никогаш повеќе не ќе можат да се вработат.

Во Тјумен на крајот од декември едвај беше спасена една 25-годишна девојка која си ги пресече вените, бидејќи остана без работа. Во Нижни Новгород кон крајот на минатата година изврши самоубиство Анатолиј Јемелин, директор за кадри на автомобилската компанија „Газ“. Тој беше пронајден во дворот на големата фабрика.

Во Магнетогорск еден работник дојде до таква психолошка криза поради економските проблеми во кои сега се наоѓаат металурзите, што се фрли во растопеното железо. Психологот Павел Пономарјов објаснува дека кога некој ќе изврши самоубиство на работа тоа има и демонстрантивна порака. Тоа се лица кои инаку малку се забележуваат и не зборуваат многу. Тие сакаат да бидат запаметени како маченици. Психијатрите тврдат дека главни причини за самоубиствата се сложените односи со блиските роднини и пријателите. Поради тоа на еден број луѓе работата им останува единствено важно место во животот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CCA15F2FFA999B43A9C0A5904258244B

.
.
.
.
..
.

Број 2568 понеделник, 24 декември 2007 утрински весник

Македонија



Бројот на самоубиства рапидно расте

108 лица годинава си го одзедоа животот поради семејни проблеми, сиромаштија, љубовни маки...

ЈУЛИЈАНА КИМОВСКА

Несигурната егзистенција, семејните проблеми, сиромаштијата, нарушената здравствена состојба, депресијата, љубовните маки, ова се само некои од причините поради кои 108 лица годинава си го одзедоа животот. Црните бројки од статистиките на полицијата говорат дека во просек две лица неделно посегнуваат по својот живот. Најголем број од самоубиствата се случиле со бесење, но не е мала бројката и на млади луѓе кои прерано одлучуваат да го прекинат својот живот фрлајќи се од повеќекатници, мостови или фрлајќи се под воз. Психолозите предупредуваат на рапиден пораст на самоубиства, што е знак дека е неопходна поголема превенција со цел да се намалат црните бројки.

Психијатрите ги дефинираат самоубиствата како насочување на агресивноста на човекот кон себе. Според нив, тие претставуваат многу значаен показател што ги отсликува социјалните, правните, политичките и економските состојби на една држава. Социолозите велат дека мал е бројот на луѓе кои ниту еднаш во животот не помислиле на самоубиство, гледајќи во тоа единствен спас за несреќата што ги снашла.

„Самоубиствата најчесто се извршуваат во многу депресивна состојба, кога луѓето чувствуваат дека ја губат волјата за живеење. Понекогаш станува збор за планирани самоубиства, но луѓето креваат рака врз себе и во моменти на длабоко чувство на вина“, објаснува невропсихијатарот Александар Марцикиќ. Според МВР, најголемиот број или 60 самоубиства годинава биле извршени со бесење. Покрај бесењето, како најчест начин за самоубиство кај нас, лицата со суицидна намера употребуваат оружје, лекови или, пак, скокаат од височина. Најголем број од лицата кои одлучиле сами да си го прекинат животот се на возраст над 30 години.

Марцикиќ објаснува дека самоубиствата најчесто се случуваат во утринските часови, поради размислата на луѓето со чувство на вина околу тоа како ќе се соочат со уште еден ден поминат со грижа на совест. „Раното будење и соочувањето со реалноста дека ќе мора да издржи уште еден ден се причини поради кои се случуваат планираните самоубиства“, вели д-р Марцикиќ.

Психолозите предупредуваат дека последниве неколку години е забележан рапиден пораст на самоубиства, што е знак дека треба да се работи на поголема превенција со цел да се намалат црните бројки. Годинава за само девет месеци 108 лица си ги одзеле животите, додека минатата година 156 Македонци сами си пресудиле. Во 2005 година се самоубиле 155 лица, што е на границата на ниска стапка на самоубиства од десет самоубиства на 100.000 жители. Во светски рамки, според бројот на самоубиства, на врвот е Литванија, каде што на секои 100.000 луѓе се случуваат 44 самоубиства. По неа следуваат Русија, Летонија, Белорусија и Казахстан. Од земјите во нашето соседство на врвот по самоубиства е БиХ, каде што минатата година се регистрирани речиси 500 случаи. Во Бугарија, пак, има рекорден број на деца што си го одзеле животот. Годишно дури 60 деца во Бугарија се одлучуваат на овој кобен чекор

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C2B1E362EFD93E4E9055101C1B52EE90

.
.
.
.
.
 
Х

Ханзо

Гостин
Не бевме нешто блиски али сите знаеа дека е секташ.
God given knowledge, така се вика ова. Сите знаат дека некој е секташ според...хм...баш ме интересира, како заклучивте? Како дедо ми кој мисли дека сите мажи со долга коса се дрогаши. Сериозно мислиш дека постои една и само една причина за самоубиство? Секташање? Тажно. А ако не правиш генерализации,
Smexy_Bit напиша:
правам претопоставки
Знаеш што викаат во Холивуд.
Само не знам од каде ти е аминот за суд.
 
A

ateist

Гостин
земја со најголем број самоубиства во светот е Македонија - со 173 самоубиства на два милиони жители (во 2004 година)!

секој ден во светот умираат над 35 илјади деца од глад и заразни болести, за кои постои лек и коишто релативно лесно можат да се излекуваат со соодветен третман. Значи на секои три секунди умира по едно дете (односно само за два дена умираат повеќе деца отколку што биле убиени Американски војници во долгогодишната Виетнамска војна

најголем број затрвореници има во „најдемократската земја на светот“ САД - на 1000 жители има 62 осуденици (а во поранешна СФРЈ имало само 4); или поточно на 100 000 жители има дури неверојатни 700 робијаши. Секоја година бројот на осудениците се зголемува за над 5 % (т.е. секоја Нова година има плус 100 000 нови затвореници). На САД им фалат уште 1 500 нови затвори за да ги задоволот сите 10 милиони лица кои моментално се под истрага на правосудните органи ширум Америка (само колку за споредба, на 100 000 жители има затвореници во: Велика Британија - 120; Холандија - 85; Ирска - 60; Грција - 55; Исланд - 40)!

по падот на Берлинскиот ѕид (1989 година), во Русија се отпуштени околу 1 200 000 професионални разузнавачи на бившата КГБ; а во Бугарија околу 37 000 лица - коишто потоа формираат паралелни системи во подземјето (мафијата

во САД има 11 257 убиства со огнено оружје во текот на една година, а во Австралија само 65!

прво електронско списание за антиглобализам



http://www.tmar.biz/mahatma/lirics.htm
 
Г

Господ

Гостин
Атеист, си ги исфрлил податоците за самоубиените секташи.:nesum:
God given knowledge, така се вика ова. Сите знаат дека некој е секташ според...хм...баш ме интересира, како заклучивте? Како дедо ми кој мисли дека сите мажи со долга коса се дрогаши. Сериозно мислиш дека постои една и само една причина за самоубиство? Секташање? Тажно. А ако не правиш генерализации,

Знаеш што викаат во Холивуд.
Само не знам од каде ти е аминот за суд.
Браво!!
Успеавте да му се спротиставите на непосмениот мал Смеки или секси или така некако и да го убедите дека тој мора некого лично да познава за да знае дали членува во некоја група или не.
Тоа беше јавна тајна што тука не ви е јасно.
Сега ќе ме убедуваш дека не постојат секти што организираат масовни самоубиства?
Кој бре рече дека едина причина за самоубиство е секташење?!
Реков дека главно причина е пореметениот ум!
Спомнав секта бидејки главно во такви членуваат пореметени умови!

Башка ако се водиме по "цитатите" и логиката на Холивуд...кај ќе ни беше крајот:vozbud:

Но добро важно вие докажавте нешто денес нели,на ова виртуелно бојно поле вие ја извојувавте својата победа!
 
A

ateist

Гостин
Во Албанија годинава 331 самоубиство
Вторник, 30.12.2008 |

* Свет

Во годинава што изминува во Албанија регистрирани се најмалку 331 самоубиство и над 150 обиди за самоубиство, што се оценува како запрепастувачки феномен.

Оваа бројка, според весникот „Шекули“ е официјална, односно самоубиства кои се регистрирани од страна на полицијата, но реалната бројка на самоубиства се смета дека е поголема, зашто дел од нив не се пријавуваат поради „срам за семејството“.

Според статистиката, дури 70 отсто од убиствата се случиле во селата, при тоа најмалку 60 отсто од оние кои посегнале по својот живот се жени, повеќе од половината од нив на возраст до 30 години.

Дури 70 отсто си го одзеле животот со труење, другите со бесење, со огнено оружје, а најмал е борјот на оние кои се фрлиле од некоја висококатница. Мажите при одземањето на својот живот најчесто употребувале одгнено оружје.

Околу 98 отсто од самоубиствата ги извршиле лица кои се наоѓаат во многу тешка економска состојба поради која се почеста е појавата на депресија во земјата, од која само во околијата Корча годишно се лекуваат над 3.500 лица.

Најголем број самоубиства се регистрирани во околијата Фиер, дури 147, Тирана 60, Корча 58, во Валона 14, доддка најмалку во Берат само две самоубиства.

http://www.kupituka.com.mk/statija_4864.html
 
Г

Господ

Гостин
Господ нека ви е напомош...:toe:


Всушност треба да измислиме нов Бог кој ќе може да им ја покаже на поединци реалноста каква што е.

Култови,секти и секакви други слични групации...пореметени умови!
 
A

ateist

Гостин
Еден милион лица се самоубиваат годишно


Обединетите нации вчера го одбележаа Меѓународниот ден за спречување на самоубиства.
Според статистиката на Светската здравствена организација (СЗО) во просек 3.000 луѓе дневно прават обид за самоубиство. Бројот на самоубиства се зголемил за 60 отсто во последните 50 години. Секоја година околу еден милион лица ставаат крај на својот живот. Според прогнозите на СЗО, бројот на самоубиства ќе продолжи да расте.

Податоци на оваа организацијата говорат дека проблемот е најсериозен во Источна Европа и Русија, како и на азискиот контингент во Кина, Индија и во Јапонија.
- Деведесет отсто од самоубиствата во Европа и во Северна Америка се резултат на психички растројства, додека во Азија тоа најчесто се должи на спонтана одлука, изјавил Александра Флајшман од СЗО.

Според неа, лекарите треба да се научат да ги распознаат симптомите на депресија и на стрес, а кога проблемот ќе биде утврден, луѓето треба да знаат дека ќе добијат помош.
- Треба да го привлечеме вниманието кон проблемот, бидејќи самоубиството е сложен феномен, кој бара задлабочено проучување од пријателите, семејствата и лекарите, рече Флајшман.
СЗО работи со националните влади и партнери како Меѓународната агенција за спречување самоубиства

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3E4646D4518C5C4D8C4272D0466D78F9
 
Х

Ханзо

Гостин
Кога ќе измислиш нов Бог и ќе почнеш да го обожуваш со мала група луѓе, погоди кој ќе биде секташот со пореметен ум во очите на останатите. Како за почеток, земи речник и побарај го зборот „очај“. Може така ќе престанеш да спомнуваш „пореметен ум“ во секој пост.
Туку, ги молам надлежните да ја прекрстат темава во „Дуење тестиси“, зашто е населена со деца во обид за самодокажување и trivia quiz ботови. Без навреда.
 
Г

Господ

Гостин
Кога ќе измислиш нов Бог и ќе почнеш да го обожуваш со мала група луѓе, погоди кој ќе биде секташот со пореметен ум во очите на останатите. Како за почеток, земи речник и побарај го зборот „очај“. Може така ќе престанеш да спомнуваш „пореметен ум“ во секој пост.
Туку, ги молам надлежните да ја прекрстат темава во „Дуење тестиси“, зашто е населена со деца во обид за самодокажување и trivia quiz ботови. Без навреда.
Добро значи според тебе самоубиството е сосем нормална работа:toe:
Не измислувам Богови,доволни се и оние што ги имаме досега.
И зарем толку малку е човечкиот живот вреднуван па да секој кој се чувствува очаен да си го одземе животот :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom