Што убаво изгледаат палмине во Охрид, мераци.
Редно време беше и Охрид да си ги добие своите палми и да стане поегзотично место.
Во Охрид се засадени палми од видот
Trachycarpus fortunei (потекнува од субтропските планински регии на Кина), кој прв пат бил донесен во Европа во 1830, а почнал интензивно да се сади во Европа дури кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век.
Општо палмите, на европскиот медитеран (освен јужна Шпанија и јужна Грција и јужна Турција) почнаа да се садат дури од крајот на 19 век, а треба ние да се запрашаме зошто толку касно ни текна и Охрид да го засадиме со палми, кога веќе има видоизменета медитеранска клима.
Браво кому му текна идејата за палмите на Охрид.[DOUBLEPOST=1432590358][/DOUBLEPOST]
Аман бре, како може за 2 години Бакрачон да го среди Охрид после оној пустош што се направи во општината од 2000 до 2013 година? Ништо не се работело 13 години, се расфрлале пари и не може некој сега да ја сработи целата работа за 2 години која требала да се работи 15 години.
ОДВ Електроник си ја гради фабриката во охридско-струшкана индустриска зона, а во Охрид ми личи дека има само погонче кое е повеќе за обука.
Само што дојде Бакрачон, почна изградбата на индустриската зона и инвестициите