Извинете што ќе ви упаднам во дискусијава..
Прво здраво на сите. Ми треба малку помош (најверојатно од некој постар член на форумов).
Барам една многу стара традиционална песна, знам дека се пеела во охридскиот регион. Песната не е "народна", туку е баш традиционална, некаков вид на стихотворба, се пеела на децата во домовите. Не постои снимена верзија. Јазикот наликува на бугарски, ама не е, туку е архаичен охридски (западен) говор.
Е сега, од тоа што памтам, песната е како некој заминал со бродче да плови по морето, и една ѕвезда го водела низ бурите. Можно е името на песната да е "Беше една ѕвездичка" или нешто слично.. од тоа што памтам од стиховите е нешто како " между бурите и надјежда тјах ми беше... "
Знам дека информацииве се оскудни

) меѓутоа ако некој ја знае сигурно ќе се сети, и доколку би можел да ми го напише текстот (или барем дел) би бил крајно благодарен

. Инаку песната е прекрасна, криво ми е што не можам никако да ја најдам.
Фала, поздрав