Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Освен ако не сакаш да го користиш за ало ало и пораки,а за интернет и фб и друго,воопшто не чини,лагира и тоа многу
oк фала, бидејќи на документ не изгледа толку лошо.
 
Не изгледа ама за денешните апликации,како фб,месенгер,вибер инстаграм,не го бива подобро зимај друго,на пример ефтин виндоус фоун,ќе ти тера подобро од ефтин андроид
 
Имам Алкател Идол 2, стар 5 месеци со 2 години гаранција, гледам на старо држат цена околу 8000ден... ми нудат Ајфон 4с за 6000ден во добра состојба, но вајда е стар 2-3 години.. дали се исплаќа да го продадам мојот нов Идол 2 за постар Ајфон 4с ?? :)
Јас би си го задржал алкателот, поради 2 причини. Не ми се допаѓа лимитираноста на iOS-от и 3,5 инчниот екран е премал за мој вкус. Ке се покаеш ако го смениш. Слушај ме мене што ти кажувам :)
 
Сакав да ве прашам што мислите каков телефон би можела да земам ? Имам Алкател идол 2, задоволна сум но барам нешто подобро. Што би ми предложиле? Да земам Ајфон 5, 5s или?
 
5S или S5 ... Бирај дали буквата напред или позади :)
 
Однапред или одпозади не е битно. Битно е девојката да се задоволи...... од телефонот :D
 
Вреди ли Галакси С6 за парите?
И што е разликава од С6 до С6 едге. Гледам на гсм арена спецификациите се 99% исти. Сем дизајнот т.е. диспејот што е заоблен на едге.
???
 
Според мене С6 вреди за парите. 37000 денари е моментално во ледиком. Ако не ти се брза почекај уште 1-2 месеца и цената ќе му падне за уште неколку иљадарки. С6 edge на мене лично не ми се допаѓа бидејки не само екранот туку и сликата што се прикажува на ивиците е искривена и дисторзирана. Ова посебно смета при гејминг и при скролање на текст во лендскејп мод. Двата телефони ги имаш во Капитол во населба аеродром и таму ќе можеш детално да ги разгледаш. Мој совет, земи си го го обичниот С6 ем е поевтин ем и сликата не е никаде искривена
 
Јас имам С3 и сум презадоволен од истиот.. до денес буквално ми брка секаква работа, али дојдено е време за нешто ново :D
Е сега од операторов кај што ќе го правам договорот гледам дека на мојава претплата С6 е 37000, а во ледиком без никакви обврзувања 37000. Исти се телефоните? Да не купуваат овие некои поефтини варијанти, кинески, дубајски што ти знам какви.. ?
Исто откупуваат ли телефони во ледиком, пример, кога ке го потпишувам договорот ќе земам некој бесплатен телефон и истиот буквално неотпакуван да им го однесам на ледиком и да ми намалат во цената.
Има некој такво искуство?
 
Телефоните се сосема исти, јас земав LG G2 од ледиком и сум презадоволен од него. Телефончето дојде во оригинално пакување и самиот телефон не беше некоја кинеска копија туку оригинал.
Иначе јас да сум на твое место не би го мењал С3, има сеуште живот во тој телефон. Јас би чекал до септември да искочи Ноте 5 и би го зел него, или пак друга варијанта е да чекаш до април 2016 и да си го земеш С7 :)
 
Може некој да ми каже мислење за Samsung Galaxy Trend 2 и Sony Xperia E4G . :)
 
Пошто не се разбирам мн по процесори и такви работи, би ве замолил некој да ми каже кој е подобар Самсунг С5 мини или Самсунг А3
Благодарам :)
 
Јас би одел на ес5 мини
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom