L
Lu
Гостин
Хепи Дог да ми простиш на израз е гомно од храна, ко штокажа еднаш @ZeenaK9 на темава.Ја користам храната Хепи Дог.
Како што разлистав низ претходните страни на темава, не е спомната нигде Хепи Дог, па доколку е некој поупатен да ми каже дали е добра оваа храна?
Сума сумарум, да не објаснувам повторно, @SnowDOG на претходнава страна, убаво ти објасни зошто нечини Хепи Дог, и ти објасни како да го читаш составот на дехидратите.
Храна како Хепи Дог (и сличните ѓубриња ко што е Хепи Дог, како што се Педигре, Фрискис, Дарлинг, Чапи, Хит, Љубимец, Амиго, Симба, Фан Дог, Боно...) што содржат преголема количина на житарици, а премала количина на месо во составот ... јас никогаш не би дала ни 1 гранула да проба на моето куче, а камо ли редовно да го хранам со такви неквалитетни дехидрати.
Од такви дехидрати, можеш само проблеми да си направиш, проблеми со срце, бубрези, кожа и крзно, дигестивен систем, и еден куп други проблеми.
А и Хепи Дог не е воопшто ефтина храна, ова го знам бидејќи јас работев во тој Пет Шоп кај што ја увезуваат храната Хепи Дог.
Цената на 1 кг. беше 270 денари, а сеа е сигурно покачена, можда и 300 денари кошта за 1 кг.
Што е прескапа за тој „квалитет“ , тоест подобро кажано, прескапа е за тој неквалитет што го нуди.
Е сеа пошто ти го знам буџетот, и трошоците што ги имаш месечно за Ротвајлерката од Хепи Догот (најмалце 270 ден. за 1 кг.) ... а вреќата Хепи Дог од 15 кг. што ја трошиш за 1 месец ако даваш само дехидрат, по околу 500 гр. на ден, тоа месечно ти е вреќа 15 кг. х 270 ден. за 1 кг. = вкупно 4.050 денари месечно ... што е буквално нон сенс за такво ѓубре да даваш толку пари.
За тие пари, слободно можам да ти препорачам Brit CarniLove или Farmina - Natural & Delicious ... тоа ти се најдобрите 2 дехидрати моментално на Македонскиот пазар, буквално се врвот од тоа што го имаме на располагање во Македонија.
Нормално ни Brit CarniLove, ни Farmina - Natural & Delicious не се толку квалитетни како што се:
Orijen, Acana, Taste of the Wild, Canidae, Nutrivet Instinct, EVO, Innova, Instinct, Canagan, Wellness Core, Blue Freedom, Go Natural, Artemis, Earthborn Holistic ... и многу други Grain-Free дехидрати ... 100% за пола од овие врвни дехидрати што ги набројав не сте ни чуле, па затоа сите ги линкнав, за да ги разгледате

Али за жал ниеден од овие не се увазува во Македонија.
Затоа изборот се сведува на најквалитетните 2 дехидрата во Македонија, а тоа се:
Brit CarniLove и Farmina - Natural & Delicious

А потоа следуваат за нијанса послебите линии од Brit CarniLove ... а тоа се Brit Care, Brit Profine и Brit Premium.
Тоест еве ти ја целата листа на Суперпремиум линиите и Премиум линијата од Брит.
Ако си заинтересирана за Brit CarniLove можам да ти средам работа со увозникот на Брит, да земеш директно од кај него вреќи, како што земам јас ... по набавна цена.
Да не даваш во Пет Шоп по 4.500 - 5.000 денари за вреќа Brit CarniLove, која што патем е 12 кг. (исто како и вреќа Brit Care што е 12 кг.) ,кога можеш да си ја земеш од кај увозникот преку мене по набавна цена ... да не речам дупло поевтино од цената на вреќа што е во Пет Шоп

Бидејќи реално 4.500 - 5.000 за вреќа од 12 кг. Brit CarniLove е прескапо, особено што чуваш Ротвајлер, па вреќата нема ни 1 месец да ти трае, ќе ти трае 3 недели.