Храна за кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Ја користам храната Хепи Дог.
Како што разлистав низ претходните страни на темава, не е спомната нигде Хепи Дог, па доколку е некој поупатен да ми каже дали е добра оваа храна?
Хепи Дог да ми простиш на израз е гомно од храна, ко штокажа еднаш @ZeenaK9 на темава.

Сума сумарум, да не објаснувам повторно, @SnowDOG на претходнава страна, убаво ти објасни зошто нечини Хепи Дог, и ти објасни како да го читаш составот на дехидратите.

Храна како Хепи Дог (и сличните ѓубриња ко што е Хепи Дог, како што се Педигре, Фрискис, Дарлинг, Чапи, Хит, Љубимец, Амиго, Симба, Фан Дог, Боно...) што содржат преголема количина на житарици, а премала количина на месо во составот ... јас никогаш не би дала ни 1 гранула да проба на моето куче, а камо ли редовно да го хранам со такви неквалитетни дехидрати.

Од такви дехидрати, можеш само проблеми да си направиш, проблеми со срце, бубрези, кожа и крзно, дигестивен систем, и еден куп други проблеми.

А и Хепи Дог не е воопшто ефтина храна, ова го знам бидејќи јас работев во тој Пет Шоп кај што ја увезуваат храната Хепи Дог.
Цената на 1 кг. беше 270 денари, а сеа е сигурно покачена, можда и 300 денари кошта за 1 кг.
Што е прескапа за тој „квалитет“ , тоест подобро кажано, прескапа е за тој неквалитет што го нуди.

Е сеа пошто ти го знам буџетот, и трошоците што ги имаш месечно за Ротвајлерката од Хепи Догот (најмалце 270 ден. за 1 кг.) ... а вреќата Хепи Дог од 15 кг. што ја трошиш за 1 месец ако даваш само дехидрат, по околу 500 гр. на ден, тоа месечно ти е вреќа 15 кг. х 270 ден. за 1 кг. = вкупно 4.050 денари месечно ... што е буквално нон сенс за такво ѓубре да даваш толку пари.

За тие пари, слободно можам да ти препорачам Brit CarniLove или Farmina - Natural & Delicious ... тоа ти се најдобрите 2 дехидрати моментално на Македонскиот пазар, буквално се врвот од тоа што го имаме на располагање во Македонија.

Нормално ни Brit CarniLove, ни Farmina - Natural & Delicious не се толку квалитетни како што се:
Orijen, Acana, Taste of the Wild, Canidae, Nutrivet Instinct, EVO, Innova, Instinct, Canagan, Wellness Core, Blue Freedom, Go Natural, Artemis, Earthborn Holistic ... и многу други Grain-Free дехидрати ... 100% за пола од овие врвни дехидрати што ги набројав не сте ни чуле, па затоа сите ги линкнав, за да ги разгледате :)
Али за жал ниеден од овие не се увазува во Македонија.

Затоа изборот се сведува на најквалитетните 2 дехидрата во Македонија, а тоа се:
Brit CarniLove и Farmina - Natural & Delicious :)

А потоа следуваат за нијанса послебите линии од Brit CarniLove ... а тоа се Brit Care, Brit Profine и Brit Premium.
Тоест еве ти ја целата листа на Суперпремиум линиите и Премиум линијата од Брит.

Ако си заинтересирана за Brit CarniLove можам да ти средам работа со увозникот на Брит, да земеш директно од кај него вреќи, како што земам јас ... по набавна цена.

Да не даваш во Пет Шоп по 4.500 - 5.000 денари за вреќа Brit CarniLove, која што патем е 12 кг. (исто како и вреќа Brit Care што е 12 кг.) ,кога можеш да си ја земеш од кај увозникот преку мене по набавна цена ... да не речам дупло поевтино од цената на вреќа што е во Пет Шоп ;)
Бидејќи реално 4.500 - 5.000 за вреќа од 12 кг. Brit CarniLove е прескапо, особено што чуваш Ротвајлер, па вреќата нема ни 1 месец да ти трае, ќе ти трае 3 недели.
 
Некој совет како да го натерам кучето да јаде дехидрат.
Како мало јадеше, но почнав да му готвам посебно. Пробував да го вратам на дехидрат но неќе ни да ја помириса, гладно седеше два дена.
 
E ti da prostis,jas pak ne bi platila tolkava cena za grain free hrana :D za tie pari ke kupam meso. Pisuvavme so Uluru, grain free e samo mnogu dobar marketing trik.

Vtora rabota,imate vozrasno kuce,zosto mora da se fura so tolku jaka hrana? Ako ne go formirate kako kutre ni orijen ne vi pomaga. Podobro za tie pari da kupite meso,da go kombinirate i nekoj dehidrat koj nema da bide izgor skap a ke si ja vrsi rabotata sosem zadovoluvacki.
 
Почнавме со дехидратот и од прв ден, не само што имаше торти (буквално) туку и не кажа дека сака надвор да оди. Сега видовита да станувам треба, да нагаѓам кога на кучето му се с***? Или цела недела куќата да ми труе на кучешко с***е? Измачување е и за неа, не може да додржи до долу. "Чоколадни" торти на три спрата неделава не планирам да собирам.
 
Остави време да се прилагоди дигестивниот систем на дехидратот.
Тоа е нормална реакција кај повеќето кучиња кога ќе преминат на друг бренд на дехидрат, или како што е во твојот случај од домашно приготвена храна си преминала на дехидрат.

Најмалце 3 - 4 дена треба да се стабилизира организмот, па потоа се гледаат резултатите од новиот дехидрат.
Најпрво дали дехидратот добро влиае врз кучето, се гледа во првата недела од користењето, се забележува според изметот.
А потоа квалитетот на дехидратот се гледа во текот на наредните неколку недели од користењето.
Излегува на површина квалитетот во текот на наредните неколку недели од користењето, преку квалитетот и сјајот на длаката, одржувањето на телесната маса со помала количина на дехидрат и сл.

Значи поентава ми е, остави простор на дехидратот да почне да делува ... а ако продолжи и после 3 - 4 дена да има мека столица, тоа значи дека не и одговара Хусе.

Можеби е до житариците, бидејќи Хусе содржи житарици.
Најверојатно Беки го има истиот проблем како и Астра, организмот не им поднесува житарици и неможат добро да ги сварат, па затоа столицата е мека.

Мој совет ти е да пробаш дехидрат без житарици, односно Grain-Free (y)
 
Не ја трчај одма со Grain-Free нека проба некоја со помалку житарици не одма без. Еве ги ПроФине имаат житарици ама минимална количина. Доста задоволен од нив. Со помала количина ја држат истата килажа. А цената е повеќе од прифатлива нормално од увозникот ако се зима.
 
Остави време да се прилагоди дигестивниот систем на дехидратот.
Тоа е нормална реакција кај повеќето кучиња кога ќе преминат на друг бренд на дехидрат, или како што е во твојот случај од домашно приготвена храна си преминала на дехидрат.

Најмалце 3 - 4 дена треба да се стабилизира организмот, па потоа се гледаат резултатите од новиот дехидрат.
Најпрво дали дехидратот добро влиае врз кучето, се гледа во првата недела од користењето, се забележува според изметот.
А потоа квалитетот на дехидратот се гледа во текот на наредните неколку недели од користењето.
Излегува на површина квалитетот во текот на наредните неколку недели од користењето, преку квалитетот и сјајот на длаката, одржувањето на телесната маса со помала количина на дехидрат и сл.

Значи поентава ми е, остави простор на дехидратот да почне да делува ... а ако продолжи и после 3 - 4 дена да има течна столица, тоа значи дека не и одговара Хусе.

Можеби е до житариците, бидејќи Хусе содржи житарици.
Најверојатно Беки го има истиот проблем како и Астра, организмот не им поднесува житарици и неможат добро да ги сварат, па затоа столицата е мека.

Мој совет ти е да пробаш дехидрат без житарици, односно Grain-Free (y)
Прашање, зошто не житарки? Значи не зборам за фактот дека кучето е месојад и итд итд. Зошто според тебе граин-фрее храна? зборувам општо, не за Астра и за кучето на Папи.
 
Не ја трчај одма со Grain-Free нека проба некоја со помалку житарици не одма без. Еве ги ПроФине имаат житарици ама минимална количина. Доста задоволен од нив. Со помала количина ја држат истата килажа. А цената е повеќе од прифатлива нормално од увозникот ако се зима.
Да, али она има веќе користено дехидрат со помалку житарици.
Го користеше Brit Care Puppy - All Breed - Lamb & Rice

Го користеше кога Беки беше мала, и ете Brit Care е токму таков дехидрат, со помалку житарици.
Односно од житарици има само ориз ... а пченка, пченица, јачмен и сл. не содржи.
Па ете и од тој дехидрат имаше помека столица.

Затоа и реков да проба дехидрат што е потполно без житарици (Grain-Free), бидејќи има веројатност да е ист случајот како со Астра, да неможе организмот да ги поднесе житариците.

И Астра исто кога и давав Brit Care Activity - Lamb & Rice имаше за нијанса нешто помека столица.
Заразлика од периодот кога користев Brit Care - Venison & Potato ... што е единствената Grain-Free формула од линијата на Brit Care, и изметот и беше мал и тврд, баш како што треба да биде.

Прашање, зошто не житарки? Значи не зборам за фактот дека кучето е месојад и итд итд. Зошто според тебе граин-фрее храна? зборувам општо, не за Астра и за кучето на Папи.
Затоа што житариците често знаат да предизвикаат алергиски реакции кај кучињата, не се добар извор на енергија, потешко се варат и сл.
 
Затоа што житариците често знаат да предизвикаат алергиски реакции кај кучињата, не се добар извор на енергија, потешко се варат и сл.
Зошто кучињата јадат трева?
 
Зошто кучињата јадат трева?
Е сеа медицински ти знаеш подобро да го објасниш, нели еднаш во парк јас и ти кога се шетавме, баш правевме муабет на оваа тема.
Просто кажано, јадат трева кога неможат добро да ја сварат храната.
Подетално ти можеш да објасниш :)
 
Од истата таа причина треба да има влакна во дехидратот. Извор на влакна во дехидратот се житарките. Поради тоа што не се варат, тие ја подобруваат работата на дигестивниот систем. На некој начин ја тераат перисталтиката малку повеќе да работи и да постои ресорпција подолг временски период. Храната што си ја користила исто така има влакна.
 
Благодарам за одговорите. :) Јас од време на време и' давав леб, зашто го обожава. Немаше ништо од лебот. Така да не верувам дека е од житариците. Ноќеска во 3 саатот татко ми кога се разбудил, повторно беља направила, ама овој пат со пролив, не мека обилна столица како минатиот пат. Нормално е тоа? Инаку храната ја обожава, не сум ја видела да беснее толку за една гранула. Денес и на ветеринар планирам да ја однесам, аналните жлезди да и' ги проверат и да не' советуваат и нас. Моите родители се помалце скептични за привикнувањето со хранава, па верувам дека кога ветеринар ќе им го каже тоа ќе бидат по убедени.
Фала за советите, како и да е.
 
Ставете ја на диета. Оризова вода, банана, бело месо. Неколку дена додека се смири. Може и пробиотски јогурт. И постепено воведување во дехидратот. Мое мислење е дека е поради наглото воведување на дехидратот. И на крај краева, може едноставно да и не одговара храната. Сите се различни.
 
Дa се пoфaлaм. Вчерa земaвме сo сoпругaтa мaшки бигл нa вoзрaст oд 4 месеци. Претхoдните сoпственици гo рaнеле сo Purina Pro Plan. Нoе би сaкaле бaрем дo зaвршувaее нa првaтa гoдинa дa му дaвaме штo пoдoбрa хрaнa. Дaли дa прoдoлжиме сo истaтa или дa бaрaме oд Brit и N&D? Чистo дa нaпoменaм декa кученцетo имa дoстa oбилен измет oд сегaшнaтa хрaнa.

Сaмo дa нaпoменaм декa веќе имaм искуствo сo злaтен ретривер кoј гo хрaнев сo Natural Trainer и сум мнoгу зaдoвoлен.

Ви блaгoдaрaм.
 
Пробај со Brit Care - Puppy All Breed - Lamb & Rice. Со таа храна ја хранев мојата кога беше мала, единствен дехидрат од кој имаше нијанса подобри резултати од резултатите на другите храни.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom