Да, сон им е, затоа што не сакаат да бидат заложници на ничии политики, споредбиве со дедовците како ни издржале под турско ропство, вриштат од глупост. Тогаш било друго време, сега е друго време.
Многу луѓе фрустрирани си одат, затоа што државата матер им ебе 25 години. Јас не зборувам за комуњари и за вмровци, туку за обичниот народ на кој му е преку кур дојдено од се, па се одлучил да замине и никогаш повеќе да не се врати.
Пази, да останам да ја одбранувам Македонија како што дедовците останале под турско кога било. Од кого да ја бранам?За кој кур да останам, ако знам дека иднина не блескава, него никаква не ме чека, дека неможам дете да родам затоа што нема да имам за ебени пелени да му купам. Де пораснете, ве молам.
И јас би сакала да живеам таму каде што ми се роднините, и мене ме боли што сестра ми ја гледам еднаш годишно, ама јеби га, сакам во животов деца да имам, кои ќе раснат нормално, а не ко циганчиња, искинати и издрпани,со крпени чорапи, со алишта кои некој им ги дал, затоа што не сум имала да им купам. Како што сум раснела јас, така ко циганче, затоа што ебената држава нема ни очи и уши за обичниот граѓанин. И да не заборавам, да работам за плата од ЕБЕНИ 5000 денари, да за толку работев во Велес. И да останам да ја чувам Македонија? е фала, ама неможам.
Лесно е да се плука по тој што дигнал раце и отишол, прашај го зошто отишол?
Еве ви ги причините поради кои младите си одат.
Ова е болно. Не е за осудување, туку боли.