Прашање за Христијанството III

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Фала, ова беше супер одговор, во линковите го имаше баш она што ме интересираше. Знам дека имав порано прочитанов вакви слични мислења во формумов, но дискусиите се премногу долги за да можам некако систематски да ги пребарувам.

Оваа православна интерпретација на пеколот ми има многу поголема логика отколку онаа католичката, затоа што тука не се зборува за некоја казна, туку секој го добива она што и всушност го барал во животот и страдањето или спасот не произлегува директно од господ, туку од внатрешната состојба и убедувањата на самата индивидуа. Фала уште еднаш за корисните и конкретни линкови (y).

Дали некој може да ми објасни зошто и како се настанати овие разлики во интерпретацијата на пеколот, почнувајќи од онаа во Јудаизмот па се до драстичните разлики меѓу Православието и Католицизмот?
Исто така, што мислите за оние фрески во црквите, каде се претставени ѓаволи или демони како измачуваат луѓе. Нели тие претставуваат слики од пеколот, или само е погрешна мојата интерпретција на тие фрески?[DOUBLEPOST=1432077347][/DOUBLEPOST]
Богот претставен во твоите примери и прашања не е Христос, туку некаков Мрачен Авторитет, јас напротив во одговорот ти посочувам Жив Бог, Бог на Љубовта, тоа не е просто муабет, туку има поента и израз во Христос(е сега тука, понатаму е базата на развој на дијалогот Кој е, што е, што направил, што прави...?).

Мислам дека ми е јасно што ти е недоумица врз основа на твојот израз, но јас немам многу време да постирам цитати, патролошки преданија..., од браќава гледам имаш.
Топло ти препорачувам да прочиташ, доколку имаш недоумици на таа основа (инаку е празно муабетење како велиш) , стојам на располагање.
Хаха да, сега донекаде и сфаќам зошто (барем според Православието) господ не може директно да се нарече праведен или неправеден, посебно кога казната (пеколот) не произлегува директно од него. Но од друга страна, дали и во православието крштевањето е предуслов за „одење во рајот„ (без разлика на интерпретацијата на рајот) и ако да, зошто е тоа така?
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Како израз на слободна воља, да, предуслов е! Без да сака човекот, Бог насила нема да го прими во Рајот.
 
MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Како израз на слободна воља, да, предуслов е! Без да сака човекот, Бог насила нема да го прими во Рајот.
Но според линковите за пеколот во Православието, Бог не одлучува дали некој ќе оди во рај или во пекол, туку тоа зависи од самиот човек, т.е. дали се стремел кон Господ или бегал од него во текот на својот живот. Додуша сега и сам си го одговорив прашањето, затоа што човек кој навистина се стремел кон Господ нема да дозволи да не биде крстен, затоа што тоа е битен дел од неговото религиско учење.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192

Тоа ништо не значи,ниту крштевањето ниту науката за пеколот и рајот,која до толку е искривена во целото христијанство,а со тоа и во православието.Најголемиот апсурд е во тоа што Исус Христос бил обрезан кое итекако е свет чин,а додека неговите следбеници,тоа го отфрлиле по налог на апостол Павле.И со тоа повлекува дека христијаните не го почитуваат Исус Христос,бидејќи лично тој никаде не дал забрана за обрезанието.
 
Човекот во својот живот слободно се определува, одлучува, но Бог секако дека одлучува по неговата непогрешлива проценка кој за каде е.

Ев.Матеј
22. Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?
23. И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!«

Крштевањето е израз на волјата на човекот како слободно битие, не само како формален чин.[DOUBLEPOST=1432150266][/DOUBLEPOST]

Напротив, Христос гласно го укорува Израилот за формалноста на Законот, на чија сметка се запоставува Љубовта.
 
Со ова ништо не докажа.Ако зборуваме за формалности,има еден милион докази кои ги има во православната црква,а тие не се пропишани со ништо во Библијата,туку се чиста човечка измислица,или остаток од паганството.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Со ова ништо не докажа.Ако зборуваме за формалности,има еден милион докази кои ги има во православната црква,а тие не се пропишани со ништо во Библијата,туку се чиста човечка измислица,или остаток од паганството.
Се лажеш ако Љубовта ја поистоветуваш со формалност.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали некој може да ми објасни зошто и како се настанати овие разлики во интерпретацијата на пеколот, почнувајќи од онаа во Јудаизмот па се до драстичните разлики меѓу Православието и Католицизмот?
Разликите во учењата помеѓу Западната и Источната Црква почнуваат уште во 5-от век, со учењето познато како „филиокве„, според кое Духот Свет исходи и од Отецот и од Синот истовремено, што не е познато во никео-цариградскиот симбол на верата, кој (симбол) е „дополнет„ од страна на Западната Црква.

Воведувањето на „чистилиштето„ од Западната/римската Црква, кое никаде не е споменато во Новиот Завет, само ја продлабочува разликата помеѓу Црквите, која со тек од време расте, се‘ до воведувањето на „непогрешливоста„ од Папатата и неговата наводна улога на Христов намесник на Земјава. Забегувањето од римската Црква продолжува до ден-денес, на што сме очевидци.

Јудеите имаат своја престава за пеколот, која е засновната на записите од Стариот Завет, но не и на непосредно лично искуство (со пеколот).[DOUBLEPOST=1432158524][/DOUBLEPOST]
Исто така, што мислите за оние фрески во црквите, каде се претставени ѓаволи или демони како измачуваат луѓе. Нели тие претставуваат слики од пеколот, или само е погрешна мојата интерпретција на тие фрески?[
Ѓаволите се изобразени на фреските на два начини: реално, онака како се навистина видени (црни, изобличени, опашести, рогати, копитасти...) или симболички, во некој друг облик, на пример: змеј/ламја, змија и сл.[DOUBLEPOST=1432158690][/DOUBLEPOST]
Но од друга страна, дали и во православието крштевањето е предуслов за „одење во рајот„ (без разлика на интерпретацијата на рајот) и ако да, зошто е тоа така?
Кој себе си се исповеда за православен рисјанин, секако дека треба да е крстен., според редот во Црквата. „Одењето„ во Рајот пред се‘ зависи од одлуката и милоста Божја, оти не се сите луѓе крстени и/или рисјани.
 
Последно уредено:

MikioBo

Учител на машини
Член од
22 ноември 2009
Мислења
256
Поени од реакции
174
Јудеите имаат своја престава за пеколот, која е засновната на записите од Стариот Завет, но не и на непосредно лично искуство (со пеколот).
Овој одговор како да ми алудира на тоа дека претставата на Православните за пеколот е од непосредно искуство со истиот. Ако е така тогаш од каде доаѓа ова непосредно искуство?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Овој одговор како да ми алудира на тоа дека претставата на Православните за пеколот е од непосредно искуство со истиот. Ако е така тогаш од каде доаѓа ова непосредно искуство?
Непосредноста доаѓа на два начини:
- преку контактот со душите од упокоените личности, воспоставен од овој Свет кон другиот, и
- од личните искуства, кои ни ги пренесуваат луѓето чии души ја поминале „процедурата„ во своите посмртни искуства и повторно се вратиле во овој Свет и живот.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Овој одговор како да ми алудира на тоа дека претставата на Православните за пеколот е од непосредно искуство со истиот. Ако е така тогаш од каде доаѓа ова непосредно искуство?
Точно, а доаѓа од животот во заедница со другите луѓе.[DOUBLEPOST=1432317631][/DOUBLEPOST]
Од кај знаеш?
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
527
Поени од реакции
1.089
Овој одговор како да ми алудира на тоа дека претставата на Православните за пеколот е од непосредно искуство со истиот. Ако е така тогаш од каде доаѓа ова непосредно искуство?
Точно, а доаѓа од животот во заедница со другите луѓе.
Нормално дека животот ќе ти е пекол ако живееш во заедница со верници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom