Од немање време и јас се осудив да идам преку амбасада, за разлика од некој тука што по 7-8 месеци чекаат происход јас го добив за 2 месеци, поминав и интервју и бројчето ми е 3 месеци после интервјуто ама добро. Имам однесено и дополнителни документи без да ме вратат на проверка и слично сега само чекам. Ама за тоа незнаење неможеш да се вадиш, во амбасада без разлика каде поддаваш документи с еубаво ти објаснуваат. Преведувачот/ката ти ги пополнува уредно документите (мојата дури и ми закажуваше интервју и слично без да ми наплати за тоа). И мое беше само да се појавам и да ги предадам документите. Фактички исто како со посредник бев само што не го плаќав толку.
И потврда за неосудуваност и потврда дека нема судска постапка против тебе (двета се различни документи) се вадат во градот во кој што живееш и на денот на поднесување несмее да се постари од 6 месеци. Исто и лекарското е со толкав период на важење се останато може да биде и постаро