Да имаше луѓе со морал немаше да има потреба од никакви обоени револуции и триста чуда теории кои ги пишуваш.
Фатен си во тежок криминал и зло, даваш оставка.
Ние не сакаме држава налик на Русија во која се убиваат на улица неистомисленици, каде државата труе политичари, и тепа со камшик активисти само затоа што се против Путин.
Ние не сакаме МВР да штити убиец само затоа што е полицаец или само затоа што убиените се албанци или од друга партија или неутралци.
Не сакаме судии да се избират со еден телефонски повик, во стилот: Ајде честито од понеделник почнуваш со работа.
Не сакаме министри нази-фашисти, кои малцинствата ги именуваат со цигани и Албанци.
Не сакаме институции кои луѓето ги местат на криминал, туку институции кои криминалците ги местат во затвор.
Не сакаме деца на функсионери да се пуштаат на граница како да се дипломати. (дали и тие се пуштаат така?)
Не сакаме функсионери кои се закануваат дека цело семејство во ендек ќе летне.
Не сакаме да се бараат провизии, да се менуваат ГУПови и ДУПови по барање на еден човек, не сакаме насила да им се кренат на луѓето згради пред прозор.
Гледаш ли во кој правец е носена државата, какво сценарио е ова? Украинско или Северно Корејско или Чаушесковско.
И Чаушеску во последниот негов говор зборувал дека Странските служби се виновни .... и тој во последниот говор им нудеше на граѓаните зголемување на плати, пензии, социјална помош, детски додаток ... се што му текнуваше.
Разбирам дека од 9 години седење на власт се станува зависен, и имаат потреба сеуште да конзумираат власт, моќ .... ама претерано е, западната демократија им дава можност пак да учествуваат на избори, не дај боже да има руска демократија, има да остане една партија во следните 50 години.