Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Морам да забележам, приметувам мал напредок. И само не сфаќам, кој се согласува со мене?....

Тодоров (зборуваме за “експертот“ кој е сега министер за Здравство, нели?) не направи никаков напредок во образовниот систем. Тоа стагнираше. А по него дојдоа Панче, Спиро и сега е Менделеев. Катастрофа. Јас и нив би ги сместил во учебниците, “Како не треба да се работи кога ти е доверена јавна функција“.
И еве јас сакам поквалитетно образование. Под поквалитетно не подразбирам потешко, туку подигање на стандардите, покрај учебници треба и однос професор- ученик, дигање на стандардите за оценување и прочистување на училиштата од учениците кои одат да глумат будали. Тоа е многу погрешна институција за глума, ете им го Драмски па можеби во животот и нешто ќе постигнат.

И јас не би можел вниманието да им го посветам истовремено на сите 30- тина ученици, да предавам и да ги испрашам. Пред се затоа е потребно тоа разретчување на училиштата од ученици. И нормално потребно е самоиницијативно давање предлози за тоа како да се подобри овој мизерен систем. Мнозинството секогаш е во право (па и кога греши). Овој народ е контролиран од медиумите. Не може неколку новинари да раководат 2 милиони жители! Потребно е свесно и разумно размислување. Е кога тоа ќе се постигне ќе имаме некаков напредок.

Да бидеме реални, некои од првичните барања беа премногу глупави, а овие кои се сега држат вода. Така да само би можеле да погодуваме дали е од партија или не (а според начинот на пишување одговорот е јасен и концизен).....малку да те збунам......Џабе се трудиш да им објасниш на овие од партија

И што стана со бојкотот? Јас немам никакви информации веќе неколку дена?

Последно уредено: