ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Кои терористи ги бараат низ Куманово бре ?

Шо трчаја специјалците да си заминат од таму 3-4 саата откако заврши акцијата минатата недела ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
акцијата е далеку од успешна, прво и покрај јасни знаци и предупредувања во земјата се уфрли и утврди голема неприателска група со многу оружје и муниција. , второ дојде до комуникација на членови на полиција со терористи, вклучување на полицајци во редови на терористи, контакти на 5 управа со терористи, информации протекуваа повеќе од колку вода во Титаник, трето - број на загинати и ранети е неприфатливо голем за акција од 1 ден. Од строј се исфрлени 40 сетина полицајци, замисли да имаше симултано 3 такви ситуации во 1 ден, 3 уфрлени групи со тоа темпо би изгубиле од борба преку 100 полицајци и би останале без специјалци.
Јас не гледам на акцијата како многу успешна
Ти сега во 99% наброја неуспеси на разузнувањето и превентивата. Тука веднаш ќе се согласиме. Ама тоа нема врска со акцијата и со дечките што ја изведоа.

А за изгубените полицајци, тоа говори и за спремноста на противникот. И да, три толку спремни групи веројатно би направиле хаос. Јас нигде не тврдам дека сме некоја велесила. Овде говориме за нашите објективни можности, во кои мора да ги вклучиме и опременоста и искуството на специјалците.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
акцијата е далеку од успешна, прво и покрај јасни знаци и предупредувања во земјата се уфрли и утврди голема неприателска групаДа со многу оружје и муниција. , второ дојде до комуникација на членови на полиција со терористи, вклучување на полицајци во редови на терористи, контакти на 5 управа со терористи, информации протекуваа повеќе од колку вода во Титаник, трето - број на загинати и ранети е неприфатливо голем за акција од 1 ден. Од строј се исфрлени 40 сетина полицајци, замисли да имаше симултано 3 такви ситуации во 1 ден, 3 уфрлени групи со тоа темпо би изгубиле од борба преку 100 полицајци и би останале без специјалци.
Јас не гледам на акцијата како многу успешна
Според условите тоа било единствено решение. Пошто групата требало да се подели на 3јки и да врши терористички напади, независно една од друга, затоа е и решението да се дејствува иако претставувало опасност. Инаку станува збор за 15тина прекалени борци од Сирија, кои неможеш да ги фатиш тек така на спиење. Башка се групирала и трупала полиција цел ден. Сигурно имаат они логистика и дојава за тоа, па едноставно се спремиле за борба.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Кои терористи ги бараат низ Куманово бре ?

Шо трчаја специјалците да си заминат од таму 3-4 саата откако заврши акцијата минатата недела ?
Заминаа штом вештаци и истражен направија увид.
Која е потребата да сеадт кога се' е исчистено?
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Заминаа штом вештаци и истражен направија увид.
Која е потребата да сеадт кога се' е исчистено?
После толку сложена акција ништо не е сигурно.
Од каде знаеле тие дека ниту еден терорист не се смешал со цивилите и забегал во град долу ?
Пошо не сите беа во униформа.
Јас да сум би ги оставил уште недела дена да контролираат таму.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ти сега во 99% наброја неуспеси на разузнувањето и превентивата. Тука веднаш ќе се согласиме. Ама тоа нема врска со акцијата и со дечките што ја изведоа.
Нема неуспех ниту во тој дел, освен во очекувањата. Според информациите што излегоа за оваа акција нема никаква дојава од никого. Иванов кажа дека имале индикации, кога добиле конкретно инфо дека ваква група е закана, дојавиле на 17 држави, а не добиле никаква повратна помош. Тоа значи дека нашето разознавање го одиграло ова само, што е исто така за поздрав.

Пак ќе кажам со оглед на моќта што ја имаме, треба да се има во предвид ситуацијата за разлика од 2001 ни е катастрофална. Се укина воениот рок и денеска младите под 40 години пушка не виделе, а камо ли да пукаат. Ова се деси со 15 борци на ИСИС, што ќе се деси кога ќе дојдат 1000 можеме само да нагаѓаме.

Ама луѓево не се свесни за тоа, во моментов лично Ал Багдади да дојде на плоштад со 1000 луѓе и да сече глави на рандом пролазници на плоштад, луѓево ќе викаат дека е тоа намештаљка на Грујо. Тоа ти е.
 
Затоа не си ти тој што кажува што и како треба да се прави :)

Сите што се пријавија како цивили беа однесени во станица, земени им се податоци и се испрашувани па пуштени.
Околу пладне специјалците направија последна проверка низ цела зона, после тоа ги обезбедуваа вештаците и истражните судии. Штом тоа заврши, нема потреба да има специјална единица на терен. Можеби можело да има зголемена полициска активност али ништо повеќе.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ти сега во 99% наброја неуспеси на разузнувањето и превентивата. Тука веднаш ќе се согласиме. Ама тоа нема врска со акцијата и со дечките што ја изведоа.

А за изгубените полицајци, тоа говори и за спремноста на противникот. И да, три толку спремни групи веројатно би направиле хаос. Јас нигде не тврдам дека сме некоја велесила. Овде говориме за нашите објективни можности, во кои мора да ги вклучиме и опременоста и искуството на специјалците.
Ко ќе речеш акција тоа подразбира откривање на група следење лоцирање проценки па и вооружена пресметка. Специјалците и полиција сами не пошле во акција. Успешна операција е онаа која се извршува без употреба на сила, без жртви и без ширење на паника и психоза на војна меѓу народот па и во регионот. Тоа не се случи ради бројни пропусти случајни или намерни.
Ние не се судривме со француска легија на странци ниту амерички маринци, во прашање беше група собранао од ваму од таму повеќето викенд војници за дневница, која веќе упадна предходно, завзеде објект, заплени голема количина оружје јавно се закани со нови акции.... и пак никој не ги откри се додека не беше доцна и мораше со оклопни возила вооружени хелихоптери стотици полицајци урнати и запалени куќи, уништени возила, цивили кои бегаат и плачат... да се решава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.326
Поени од реакции
26.270
Нема неуспех ниту во тој дел, освен во очекувањата. Според информациите што излегоа за оваа акција нема никаква дојава од никого. Иванов кажа дека имале индикации, кога добиле конкретно инфо дека ваква група е закана, дојавиле на 17 држави, а не добиле никаква повратна помош. Тоа значи дека нашето разознавање го одиграло ова само, што е исто така за поздрав.

Пак ќе кажам со оглед на моќта што ја имаме, треба да се има во предвид ситуацијата за разлика од 2001 ни е катастрофална. Се укина воениот рок и денеска младите под 40 години пушка не виделе, а камо ли да пукаат. Ова се деси со 15 борци на ИСИС, што ќе се деси кога ќе дојдат 1000 можеме само да нагаѓаме.

Ама луѓево не се свесни за тоа, во моментов лично Ал Багдади да дојде на плоштад со 1000 луѓе и да сече глави на рандом пролазници на плоштад, луѓево ќе викаат дека е тоа намештаљка на Грујо. Тоа ти е.
Без разлика. Разузнување постои за да пресретне вакви работи.

Прво прислушкувањето, па ова. Тоа се два огромни пропусти. Македонското разузнување мора да се реформира. И тоа од темел. Онака, да извлечат баш се од зградите, до голи ѕидови, па да одлучат што од опрема и кадар им е потребно таму.

2001ва помина без никаква реформа во тој дел, ако и сега помине тивко, ќе ни се повтори ваква криза и по трет пат.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.309
Поени од реакции
3.697
Да се вратиме на темата ако воошто постои тема... Пирова победа во една битка, „војната“ е каде каде од завршена и опасностите претстојат во иднина. Самото тоа што не си имаме работа со војничка групација на противник е далеку заебано. Имаме за противник герила групи кои се искусни и кои имаат јатаци што сите ние ќе им ги платиме куќите и покуќнина затоа што не може да ги обвиниме за предавство и пикниме во затвор. Дури и на тој што јавно викаат дека му дале 5000 евра за куќата ние сите пак ќе му ја изградиме иако тој или некој негов може и бил внатре и тепал полицајци. Саботната акција е далеку од оспешна но во основа целта е реализирана и сега се перчат со тоа иако цената беше прескапо платена со животи и повредени башка материјалното... Ова нема да запре никогаш а единствен начин да престане е да некој од странство посака ова да запре и престане да им овозможува пари, логистика, оружје и др. на терористите... Тоа за жал не верувма дека ќе се случи бар не во година кога има избори во Америка. Нив ова им е пред изборна кампања и фалење како еве ние помагаме за мир во светот. Напрај војна > „лечи“ > напрај > „лечи“...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
И мислиш дека тоа е во ред? Ги читаш воопшто овие 2ца? Ај среќа мене зоте ми е на блок, али овој битушанец од 50 поста колку што ги има пишано на темава од 9ти мај навака - 40 му се офтопик.
Нема тука он топик мислења. Ретко. Не се збори тука за терористичката група, според нив не постоела терористичка група. Тука се дешава политичко препукавање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom