Али Ахмети преговарал за предавање на терористите, Груевски за тоа знаел!
Али Ахмети и неговите соработници воделе директни преговори со лицето Мухамед Красниќи и со други членови на терористичката група за нивно предавање во текот на акцијата во Куманово, во која беа убиени 8 полицајци, а беа ранети 37 припадници на МВР.
Во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, Ахмети раскажа како практично преговарал со групата и на нејзината иницијатива организирал терористичката група да се предаде. Со неговото посредување се предале 26 од вкупно 30 членови на групата. Тој направил обид и останатите да се предадат, но обидот завршил без успех.
Интересно е дека Ахмети кажа дека за неговата акција ја информирал амбасадата на САД и ОБСЕ, а лично му се јавил и премиерот Никола Груевски, кој бил сомничав дека е можно терористите да се предадат.
До сега никој во јавноста јавно не ги обелодени овие детаљи за учеството на Ахмети на неговите најблиски соработници во преговорите за прекин на борените дејствија во Куманово.
Премиерот Никола Груевски, министерката Гордана Јанкулоска и други преставници од власта до сега во ниту еден момент не споменаа дека нивниот коалициски партнер со знаење лично на Груевски, преговарал со терорисистите за окончување на акцијата во која македонската полиција поднесе голем број жртви. Наместо тоа, премиерот Никола Груевски и министерката Гордана Јанкулоска на цел глас се фалеа дека станува збор за успешно спроведена акција на припадниците на МВР.
За жал, исказот на Али Ахмети фрла сосема нова светлина на настаните во саботата и во неделата во Куманово.
Значи акцијава била толку успешна што морале Ахмети да го пратат да ги моли да се предадат?