Ако збориме за истиот Чавков од подоле опишаниот тогаш
Текстов е преземен
:
Митко Чавков не е калибар на полициски кадар кој ќе се бори против криминал. Напротив, како началник на секторот за борба против организиран криминал направи се што беше во негова моќ тој највисок облик на криминал да добие на своето забрзување и мултипликација. Она што мене ми е познато е дека до денот кога е сменет од функција лично од премиерот Никола Груевски, екс директорот на Дирекцијата за спречување на перење пари,
Ване Цветанов, до
Митко Чавков по службени канали доставил 75 архивирани случаи на висока корупција и перење пари.
За жал, по смената, на Ване Цветанов
НИКОЈ од македонската опозицијане му пружи рака на поддршка и помош.
НИКОЈ тоа не го стори ниту од странските дипломати и репрезенти на кои устата им е полна со паролашки извици за нулта толеранција во борба со корупцијата. На крај Цветанов заврши во пајтон партијата на (до коска!) корумпираниот Љубчо Георгиевски. Моите новинарски сознанија говорат дека екс началникот на секторот за борба против организиран криминал, денес нов директор на БЈБ Митко Чавков, примил, архивирал и со мал прст понатаму не мрднал да бидат решени
75 СЛУЧАИ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ. Кој од кој потежок, покомплициран, со тешки импликации по македонските но и меѓународните финансии.....