Оставки не се доволно.
Оставки и судење за велепредавство, па затвор, за нив, Груевски и уште по некој. Одземање на имотот и се друго што следува. но, така не помина ни Бранко, ни Љубчо, па нема ни овие.
Лица од Петтата управа на МВР контактирале со луѓе од терористичката група, која во саботата и во неделата водеше вистинска војна со македонските безбедносни сили, дознава Плусинфо од добро упатен извор. Во акцијата загинаа осуммина специјалци, а 37 беа ранети.
За овој фрапантен податок дознале пријателски странски разузнавачки служби. Странски дипломати за своите сознанија синоќа ги известиле министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Како што е познато, Плусинфо утрово извести дека Јанкулоска и Мијалков доцна синоќа биле викнати во една западна амбасада „
на рибање“. Но, „рибањето“ всушност било соочување со болната вистина дека лица од нивната најблиска околина директно контактирале со терористите.
Неофицијално дознаваме дека целта на овие контакти била да се преговара со терористичката група, за да прекинат борбите. Но, терористите тоа го препознале како знак на слабост на безбедносните сили и нападнале со уште поголема жестина. Со тоа, всушност, било надополнето фијаското на лошо испланираната полициска акција, за која објективно се одговорни Јанкулоска и Мијалков.
Исто така, неофицијално, дознаваме дека за оваа трагична епизода денеска бил запознат и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Упатените велат дека шокантното сознание дека странците знаат за комуникацијата на луѓе од Петтата управа со терористите го објаснува чудното однесување на Ахмети по денешната средба со амбасадорската петорка во седиштето на ЕУ во Скопје.
Соочени со сознанијата и во страв од последиците, министерката Јанкулоска и директорот Мијалков му поднеле оставка на премиерот Никола Груевски и тој ги прифатил.
Истовремено, за целата работа да добие некаква смисла, Груевски решил оставките да ги претвори во своевиден предлог за реконструкција на Владата, па оттаму и повлекувањето на Миле Јанакиески и најавената оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Упатените велат дека во владата владее комплетна збунетост од потезите на потесниот државен врв и дека овие оставки, всушност, ќе ја потврдат објективната одговорност на Груевски за состојбите во земјата и дека неминовно ќе доведат до негов брз пад.
ОБНОВЕНО Телевизиите Телма и Алсат М вечерва исто така пренесоа информации за врски и контакти на луѓе од терористичката група со припадници од МВР. Плусинфо дознава дека станува збор за врски кои се негувани подолго време и дека е можно лицата од МВР да бидат подложени на итна истрага, заради утврдување на вистината и за да се одговори на прашањето дали тие помагале во уфрлањето на терористичката група во Македонија.
Со болдот ме изнасмеаја овие Плусинфо. Што је баби мило то јој се снило.