ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Не е тоа вистинското прашање. Вистинското прашање е дали навистина сакаш цел живот да го живееш со симанати пантолатни, додека со рацете си ги стегаш глуждовите...
Знаеш како велат, кукавицата умира илјада смртти.
ХМ значи влагаме во војна со Америка само поради тоа да помине гасоводот низ македонија. Доста рационално размислување.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А дали можам и јас да се вадам ако ме фатат како поминувам на црвено дека у ствари Америка ме изманипулирала така да направам ради гасоводот? Или Српска тајна служба? или Руси, Ватикан, Израел ???
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.213
Поени од реакции
46.489
Јас не сакам да верувам дека некој оставил оружје со кое можеш добро да вооружиш цела паравојска онака да стои на караула. Па уште да го чуваат само четворица.

За останатите недоследности се согласувам.
И ја исто не сакав да верувам, али сеа што праиме бе ? Цел арсенал на оружје, со чатали можеле да го земат, ја и ти да соберевме 15 луѓе можевме да го земем, со голи раце и тоа, со боксови да им влезевме и клоци, и на крај по една заушка.

Ова дури и глупо е да се окарактеризира ко некаков пропуст, зборот пропуст тука е преблаг, а и прашање и тоа дали е, односно, дали има соодветен збор што може да ја опише цела оваа ситуација.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.117
Поени од реакции
13.445
Според некои мои информации/луѓе . (Нека биде шпекулативно..). Имало повеќе групи(најверојатно 4), а не една.
Првите специјалци што се пратени на местото не знаеле дека всушност тоа е и најголемото упориште со терористи - Диво Мало.
Односно не очекувале толкав број на терористи. Три специјалци се убиени одма на почетокот од акцијата, најверојатно при излегување од возило.
Останатите групи дознале и успеале да избегаат и да преминат во Косово.
Некои групи се наоѓале во друг дел од градот, а други во околните села.

Некој од фатените терористи признал каде го имаат скриено оружјето(закопано во сандаци негде у шума во близина на граница) и нашиве го имаат запленето. Се работело за огромен број на пушки (преку 500), панцири, бомби, пиштоли...
Имале и современо Американско оружје - црни стрели, и неколку вида на снајпери, рачни фрлачи и др.
Дел од оружјето било наше, односно тоа што било украдено пред некоја недела во Гошинце.


Најверојатно веродостојни информации. Еве го откриеното оружје.





Се прашувам партискиве мегафони, кога се гледаат во огледало има ли рефлексија ли некоја или празно е огледалото?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.406
Поени од реакции
35.079
... прашај било кој албанец на форумов за кои верувам дека ја, ти и било кој на таа тема можеме само вода да им носиме, зашто би те лажеле ...
Да, го користеле, како Победа, тоа никаде не го негирав...
Извини за селективново цитирање, ама долг ти е постот а мене ми требаат само овие делови.
Зошто Албанците на форумов би лажеле, за тоа може да се шпекулира - но искуствата велат две работи: 1. Лажат 2. Многу лажат

Ете и ти го знаеш тој гест како ПОБЕДА, но другарчето Дардан инсистира дека гестот значел исклучиво само МИР. Сега што правиме. Кој од вас двајца лаже? (реторичко е прашањето)
Иначе кога Албанците најмногу го мафтаат тој гест, искустовото вели дека тогаш најмногу војна има - па сега видете сите дали мир им е на умот (или нешто друго).
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.587
Поени од реакции
13.954
А дали можам и јас да се вадам ако ме фатат како поминувам на црвено дека у ствари Америка ме изманипулирала така да направам ради гасоводот? Или Српска тајна служба? или Руси, Ватикан, Израел ???
Убава идеја ми даде, јас да му ја стегнам една на професорон како знак на последно предупредување од Америка да не го прекршува правото да поминат на испит и студентите кои знаат помалку од него :icon_lol:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ова е веќе класично ширење параноја. 9 години имавме во Македонија мир и стабилност, се додека тендерите течеа мазно. Сега кога тоне бродот, потребно ни е да бидеме Израел. Само за информација, во Израел и жените служат воен рок. Евреите се луѓе со потполно различен менталитет од нашиот. Тоа дека Македонија може да се направи да наликува на Израел барем малку, е во доменот на храд кор научната фантастика.
Што се Израелците? имаат 4 раце и ноктите им се сабји? Куршум не ги дупи? Менталитетот се гради не е вроден, од народ кој речиси доброволно одел во смрт во нацизмот тие го изградиле овој менталитет и тоа речиси преку ноќ. 48 имаа успешно востание против Британците и веќе во првиот ден од независноста ја ја водеа својата втора успешна војна против сите соседи имајќи притоа ембарго за оружје и единствен сојузник Сталин. На крајот на краиштата најголемата сила на Израел е во тоа што знаат да одбираат страни во вистински момент, ние сме доста неодлучни кога станува збор за менување страни.

Тоа што таму се гради, кај нас се уништува. На пример задолжителниот воен рок ни го укинаа заради НАТО стандарди, притоа никој не се запраша зошто во Турција и Грција како НАТО земји не е укинат.

Све се може ако се сака, а за промени и не е потребно многу.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.213
Поени од реакции
46.489
Се прашувам партискиве мегафони, кога се гледаат во огледало има ли рефлексија ли некоја или празно е огледалото?
Они ја форсираа тезата дека таму немало оружје, како сме можеле да бидеме толку глупави да веруваме дека само 4 луѓе таму ќе чувале толкав арсенал на оружје, како воопшто сме верувале дека во караула се чува такво оружје ...
Вистината ... шилото ... :cenzura:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.277
И ја исто не сакав да верувам, али сеа што праиме бе ? Цел арсенал на оружје, со чатали можеле да го земат, ја и ти да соберевме 15 луѓе можевме да го земем, со голи раце и тоа, со боксови да им влезевме и клоци, и на крај по една заушка.

Ова дури и глупо е да се окарактеризира ко некаков пропуст, зборот пропуст тука е преблаг, а и прашање и тоа дали е, односно, дали има соодветен збор што може да ја опише цела оваа ситуација.
Сега, веднаш откако ситуацијата ќе се стабилизира, Мијалков и Јанкуловска треба да летаат од МВР.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.213
Поени од реакции
46.489
Сега, веднаш откако ситуацијата ќе се стабилизира, Мијалков и Јанкуловска треба да летаат од МВР.
Реков ја, паметен дечко си ти, штета навистина ...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Убава идеја ми даде, јас да му ја стегнам една на професорон како знак на последно предупредување од Америка да не го прекршува правото да поминат на испит и студентите кои знаат помалку од него :icon_lol:
пробај па ако не ти упали - немој појќе
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.213
Поени од реакции
46.489
Извини за селективново цитирање, ама долг ти е постот а мене ми требаат само овие делови.
Зошто Албанците на форумов би лажеле, за тоа може да се шпекулира - но искуствата велат две работи: 1. Лажат 2. Многу лажат

Ете и ти го знаеш тој гест како ПОБЕДА, но другарчето Дардан инсистира дека гестот значел исклучиво само МИР. Сега што правиме. Кој од вас двајца лаже? (реторичко е прашањето)
Иначе кога Албанците најмногу го мафтаат тој гест, искустовото вели дека тогаш најмногу војна има - па сега видете сите дали мир им е на умот (или нешто друго).
Не, ок, знам дека они гледаат како нив им одговара ама човек, ја зборам за симбол ала кревањето на рака во времето на Хитлер, не за гест кој за време на војната во Косово и кај нас исто, им означувал Победа.
Тоа гестикулирање во корист на ОНА, контра нас, сега не беше случај, доволно е да употребиш малку логика за да го разбереш тоа, до душа кажав што имав да кажам во тој подолг пост, и реков, срам ми е да дискутирам повеќе на таа тема, поготово зашто има многу побитни, ко фактот дека од Караулата во Гошинце е украден огромен арсенал на оружје кој го чувале само 4 луѓе, на најрутински начин е тоа земено, и не се заебавав од погоре, значи мртов сериозен сум кога реков дека од форумов да се соберевме 15 души со голи раце можевме да дојдеме до ова оружје.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142

Заев прави зајко пред урнатините во Куманово. Го научија и Дивљонасељанци како да покажува 2 прста.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Овј втор лево од Зајка е Беким бивш наркоман и дилер.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
145
Поени од реакции
367
Што не очекува наредни неколку дена?

1) Улични судири помеѓу протестанти и контрапротестанти во Скопје и другите градови?

2) Откажување од Турски ток, јавно или најверојатно со таен договор, прекин на протести и немири, опозоционен митинг без посетеност, мораториум на контрапротестантски активности и останување на власт на актуелната гарнитура.

3) Останување на курсот досега, "бомби" + амбасадорски притисоци, осуди од меѓународна јавност и регионалните сојузници (Бугарија) што досега резултираше со помалку од спектакуларен интерес кај пошироката јавност, односно 2-3000 луѓе на протестите.

Целова работа, доколку беше само ради гасоводот ќе се решеше многу лесно мислам. ДПМНЕ ќе добиеше ултиматум и ќе го откажеше проектот под притисок за економска блокада, интеграциони санкции и сл. Големиот лидер немаше да стави се на коцка само нашата напатена земја да ќари некој процент од гасоводот? Или процентот под миленце неможеле да го спогодат.

Или му прекурчило од западот па од нужност мора да гледа кон исток. Европски интеграции да бидеме реални се една голема заебанција, бугарите влегоа во ЕУ па ене ги, заникаде се пак, нит економија нит бутур, иста багра на работ на егзистенција како нас, Србија, Босна, Грција, Албанија па и Словенија и Хрватска не се ништо поарни.

Вака или онака, не Грујо, не Зајко, како што сме тргнале, со 4ца буџетари кои спијат на грбот на 1 еден приватен стопанственик + странски кредити и домашни позајмици, нема да опстанеме повеќе од 4-5 години економски. А тоа повлекува и меѓу етнички тензии.

Без индустрија, без извоз на добра и услуги и поволна клима за истото ние пропаѓаме и на крај една голема балканска војничка ќе преебе се.

А клима за да процути бизнис не се создава во корумпирани држави полни со скандали, непотизам, популизам, полтронство и ред други срања. Кога врвот е да станеш буџетар, без разлика цајкан / платен војник / административно чиновниче и вратоклацкач, невладин дркач или провладин свиркач...пишете Х на целата работа.

Затоа, еден голем среден прст кон Зајкото за неговите што ја испокрадоа земјава првите 8 години, кога во неповрат отидоа капиталните државни фирми. Уште поголем среден прст до актуелниве, кои изнесоа и испраа/испокраа 10 струко повеќе во време кога започна касата наголемо да се полни од ДДВ. Кога огради кои вредат 20000 еура во материјал и изработка ни се продаваат за 1,200,000 еура! Кога споменици кои чинат 15000 еура ни се продаваат за 150,000 еура. Кога наградата за "уметникот" е 1,000,000 еура пошто нели уметноста нема цена, бланко чек е, секој е потенцијален Пикасо. Кога омладината треба 150 испити да полага се со цел да не дигне глава од заебанции до 30 годишна возраст, кои испити не ги вреднува и не се ценат повеќе од просечен курс на запад каде истиве и потоа бегаат...И да не набројуваме.

Најголем среден прст до ликот во огледалото и до сите останати, неврзани за ничија муда кои чекаат некое подобро утре и мислат дека со својата неутралност правдината ќе излезе на виделина, се ќе се среди и ќе живееме како Швеѓани..или Хобити во најмала рака.

Секоја чест на оние што навреме виделе колку е саатот и заминале многу далеку од тука.

П.с. Се оградувам од буџетарчиња кои ќе пробаат да го обојат текстов во партиска/нво/каква и да е боја или агенда. Личен став морони, некои сеуште го имаме, каков таков.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom