Општи вело муабети, прашања, совети

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.451
Поени од реакции
2.002
не верувам да ми дадат попуст од 2000 д
По телефон тешко да добиеш попуст, но на лице место ако те видат дека си загреан секаде даваат попуст. Конкретно во бајкмаркет за еден канондејл ми даваше попуст од 2000 денари, но постојав таму уште малку, разгледував уште малку со другарот што бевме и за малку не го купив точакот, ми пријде тој што продава дечкото и ми спушти уште 1500 денари.
Во пробајк ми се случи истото, ми даде попуст поголем од 5000 денари на декларираната цена.
Тоа не значи дека и сега ќе добиеш такви попусти но вреди да пробаш на лице место. Зависи во кое време од годината одиш и како им оди продажбата со некој конкретен модел и колку залихи имаат од него.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Дечки дали некој има искуство со Ghost велосипеди да сподели искуства. Поздрав
Не ги обожавам баш особено не со заден амортизер.Имав искуство со 2 Ghost.двата се раскрцаа после кратко време.Многу лоши пиксни и неквалитетни ставени уште од фабрика.А за другото какви делови има така и ќе ти се погоди.

Ако јас се прашувам би ги избегнал Ghost.

Туку еве конечно 2 добри роуд бајкови на спорти сејл и тоа по џабе цени.(ќе ми забелижите ама отсега веќе не коментирам за МТБ,бидејќи не се веќе во мода:))

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=453413184833140&set=pcb.563183687152875&type=1&theater 300 евра,Џабе паричка за почетници.Под услов да е се во ред.на водно со ова Може да си подигрувате и да ви гледаат во ауспухот сите што возат МТБ.Ако е добро точачево за мала паричка е добра инвестиција.

Втор велосипед.Едноставно немам зборови.Топ бренд,и цена.Во време кога Роуд бајковите држат висока цена,и цените се изгор на ново.600 евра е феноменална цена.И тоа на почеток на сезона.А се вози ракета.На ова секогаш му се враќаат назад парите.Се зима вози,вози и пак се продава за повисока цена.Чисти ќар како и да се гледа.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=842058475830004&set=pcb.563192420485335&type=1&theater

Carbon рамка.УФФФ Милина.:cuc::cuc:

Незнам до кај може да оди човеков,ама и оваа цена е лудило.Се што може подолу е уште подобро.Ова се зима и се става МТБ точакот на продажба.И ете ја добивката..Според мене вистинска шанса што не смее да се пропушти.

Било кој од овие два точака е одличен избор.Првиот можеби и е малку старичок но цената е супер.За вториот мислам дека кажав доволно.

Ајде и една жална вест:((n)
Кај и да е,ќе го ставам и јас точаков на продажба.Веќе се поретко и поретко возам,поради големи обврски,па грев е да го гледам така да ми стои,кога знам дека некој друг ќе си се радува.А и одамна ми помина меракот на Мтб..Ќе скокнам сигурно неколку месеци од оваа година,а можеби и цела сезона поради семејни обврски,а Натаму се надевам дека ќе имам доволно време за возење.Во иднина ако возам единствено сакам Роуд бајк,бидејќи адреналинот е многу поголем.Да се издувам малку.Вака сум како пензионер со мтб-во и веќе ми е многу досадно.Сега засега ќе останам да ја надгледувам темава и тоа ќе биде се.Со возење ќе запрам малку,се надевам на кратко.

И секогаш сум зборел и зборам.Бајкери нови и стари.Возете и искористете го времето.
Многумина ми пишуваат преку порака и ми бараат совети за некој велосипед дали е добар или не,и дали да купат.Значи пораката од мене е.Најбитно е да се вози,така да немојте да губите време.Не се залетувајте,но и не губете време за купување.

Парите не се проблем.Купуваме телефони и компјутери од 500-600 па и 1000 евра,а тие брзо стареат и ни стануваат досадни.
Кога се има за еден мал телефон,ќе се најде пари и за точак.
За оние што имаат им препорачувам што е можно повеќе да возат.За оние што се во потрага како многумина што ми пишуваат земајте луѓе и возете.Не губите ништо.Македонија е толку убава и навистина има што да се види и посети.

Дремење по теретани и пред компјутер меѓу 4 sида е убиство и нездраво.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.180
Поени од реакции
16.312
една тема, можеби не е за тука, ама и е, велосипед не се вози само поред кеј за рекреација туку и низ населба, за потреба , купување од продавница и движење од точка А до точка Б.
Во последно време, во населба Н.Лисиче имам приметено неверојатна агресивност на кучињата врз велосипедисти, не она познатата агресивност кај контејнерите, туку поред станбените згради. Интересно , можеби со помала агресивност, но ми се пушти и едно милениче што му избега на сопственикот со се ременот...Незнам што е ова кај нас, ама катастрофа е, утре ќе нападнат некое дете и може да се повреди сериозно... после ќе кењаат тие од Анима Мунди зошто некој труе кучиња... море да не им дојде некој да ги подбере нив !! Никаде во свет не се толерираат оволку кучиња, имам луѓе во Хрватска, ако за 48 или 72часа не го вдоми кучето се еутаназира, а секое милениче е Чипирано и некој одговара за се што ќе направи...
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
@Ireal Анима Мунди ти се ветар во магла бе, кој ги тркаљат.
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Најпрво поздрав до сите членови!

Јас сум нов овде и би сакал некој да ме посоветува дали вреди да се купи велосипедот, возен е многу малку, купен на ново од оваа страна по истата цена.
Која цена според вас е коректна, човекот што го продава ми го остави на 400 евра??

http://www.ski-velo-center.ch/de/bikes-2013/velo/bernina-98.html
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412

На 6ти мај, во 23 часот ме нападна глутница кучиња ВО СТРОГ ЦЕНТАР на Скопје кај Вили на Југодрво, возејќи велосипед. Видов двајца дечки како ги буткаа точаците и околу нив се врткаа кучиња, ама во моментот не ми дојде на памет дека буткаат точаци зошто и нив кучињата им се пуштиле.
Јас поминав со возење покрај нив и ми се пуштија мене! Ме бркаа до семафорот на крај на улицата, каде што најголемото од кучињата скокна, ме бутна од точак на земја и ме гризна за нога.

Ми викаат гладни и незгрижени биле кучињата, се осетиле загрозено. Дај не ме јеби, јадат плескавици и компири секој ден, толку богато јас не се хранам. Сакам кучиња, не ме сфаќајте погрешно. Ама како што тие се осетиле загрозено од мојот точак и јас, така и јас ќе се осеќам загрозено кога улично куче ќе ми се приближи на 5 метри - и ќе го шутирам да не му текне да помириса човек во наредни 4 реинкарнации.
 
ima nesto, dali klimata ovagodina posebno gi nadraznuva, agresivni se...jas mislam najseriozno da pokrenam da se vrsi eutanazija, po hrvatskite standardi...sterilizacijata nema vrska so agresivnosta... asezonata na velosipedite e pocnata, ke ima mnogu napadi
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Абе све си е во ред, сите сакаме и сме чувале по дома кучиња то е факт и та е реалноста, но најголема кривица е на сопствениците зато шо стално чим им се одмилит да го чувет, ќе го акант в кола и ќе го однесат негде од кј шо немојт ни самото да се вратит. Еми ко немојте да ги гледате кучињата шо ги прибирате дома шо ѓаол ве терат да ги оставате туку така?
Останвит на улица со останатите и почвит да се дивејт од самото опкружување. Не само ко ќе сме на точак, туку напаѓаат и најобични минувачи и деца. На сето то се појавуват уш еден проблем, то е што никој град си немат шинтерска служба, на крај краева излегвит никаквата, ама шо ти преостанвит него ли да се браниш. Пак ќе речам ај во градска средина многу полесно мојш да се снајдиш, али ко ќе се возит по Струшкине села (земам само за пример, кј шо возам) место да се фокусираш на теренот уш некој пес ти требит да ти се вдајт:pos:. Е шо имам кркано со тие песој, прави бркотници, мавај по ними со се и сешто дур не избегет. Точакот пред тебе, другите со точаците грб на грб зад тебе и бараш долу некој поголем камен или гранка случајно падната:pos:.
А пак оние ко ќе ги видам кутрине запустенине од Анима Мунди со филмојне нивни, е тек тогај ко ќе прогорет сафрава ми се креват.[DOUBLEPOST=1431391807][/DOUBLEPOST]
Најпрво поздрав до сите членови!

Јас сум нов овде и би сакал некој да ме посоветува дали вреди да се купи велосипедот, возен е многу малку, купен на ново од оваа страна по истата цена.
Која цена според вас е коректна, човекот што го продава ми го остави на 400 евра??

http://www.ski-velo-center.ch/de/bikes-2013/velo/bernina-98.html
Ако не се разбираш од точаци, тогаш побарај го да го пробаш и тркни до кај некој познаник или сервисер нека го ѕирнат.(Ак ојш кај сервисер незаборавај да му остајш и некој денар, чисто ради поштовање и услугата која ти ја дал) Шо да ти речам освен дека франкот беше низок, а сега е доста кренат, но без разлика посекако ова е скап точак. Знам по истото дека имам и дома јас Газеле Скајдрајв со Некус седумка касета. Јас ти советувам, ако не го знајш чоекот обавезно да отвориш очи кога ќе го купуваш, зато шо си имат мамелеџи. Да си повозиш и да ги пробаш сите брзини дали работат исправно, да го провериш и синџирот, кошулиците за сајли обавезно зато шо ако се испукани ќе треба да ги менвиш (кај нас ненајџвиш ќе мора од нет, а се изгор скапи), бандажите дали се прави или се ептен акани оштетени, дали е пајѓан и дали има гребајнци длабоки на рамката. Дали кочниците работат добро, дали ролерите се во ред и сајлите со кошулиците, итн итн.
Ако немојш на своја рака тогаш придружувај се до првото шо ти го спомнав. Ако го кажвит така џо нов малку возен мислам дека цената си е добра, но ако се одлучиш да го земаш со кеш пара во тебе тогаш ценкај се, гарант ќе ти го спуштит.
Извини за подолгиот пост, ама малце се специфични овије велосипеди.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
1
Дечки во ценовен ранг отприлика до 500 евра голе доле што МТБ hardtail може да се земе моменатлно.Висок сум 196 цм ,би сакал на ново да зеам.Не сум возел велосипед долго време ама апла мерак ми се праи.Претежно за низ град Матка,Водно т.е. поаматерски тури. Поздрав.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.707
Поени од реакции
21.219
Дечки во ценовен ранг отприлика до 500 евра голе доле што МТБ hardtail може да се земе моменатлно.Висок сум 196 цм ,би сакал на ново да зеам.Не сум возел велосипед долго време ама апла мерак ми се праи.Претежно за низ град Матка,Водно т.е. поаматерски тури. Поздрав.
Probike Skopje
May 7 ·
ORBEA SPORT 10 29''
Cena - 26900 den
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Дечки во ценовен ранг отприлика до 500 евра голе доле што МТБ hardtail може да се земе моменатлно.Висок сум 196 цм ,би сакал на ново да зеам.Не сум возел велосипед долго време ама апла мерак ми се праи.Претежно за низ град Матка,Водно т.е. поаматерски тури. Поздрав.
http://www.ram-bikes.com/en/bikes/ht-two-29/

rabotilnica bike&board.png

Вака опремен би те чинел 29.000/30.000 мкд, зависи од попустот.

Тука:

https://www.facebook.com/pages/Работилница-bike-board/186553718056891?fref=ts

https://www.facebook.com/rambikesmk?fref=ts
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Абе све си е во ред, сите сакаме и сме чувале по дома кучиња то е факт и та е реалноста, но најголема кривица е на сопствениците зато шо стално чим им се одмилит да го чувет, ќе го акант в кола и ќе го однесат негде од кј шо немојт ни самото да се вратит. Еми ко немојте да ги гледате кучињата шо ги прибирате дома шо ѓаол ве терат да ги оставате туку така?
Останвит на улица со останатите и почвит да се дивејт од самото опкружување. Не само ко ќе сме на точак, туку напаѓаат и најобични минувачи и деца. На сето то се појавуват уш еден проблем, то е што никој град си немат шинтерска служба, на крај краева излегвит никаквата, ама шо ти преостанвит него ли да се браниш. Пак ќе речам ај во градска средина многу полесно мојш да се снајдиш, али ко ќе се возит по Струшкине села (земам само за пример, кј шо возам) место да се фокусираш на теренот уш некој пес ти требит да ти се вдајт:pos:. Е шо имам кркано со тие песој, прави бркотници, мавај по ними со се и сешто дур не избегет. Точакот пред тебе, другите со точаците грб на грб зад тебе и бараш долу некој поголем камен или гранка случајно падната:pos:.
А пак оние ко ќе ги видам кутрине запустенине од Анима Мунди со филмојне нивни, е тек тогај ко ќе прогорет сафрава ми се креват.[DOUBLEPOST=1431391807][/DOUBLEPOST]
Ако не се разбираш од точаци, тогаш побарај го да го пробаш и тркни до кај некој познаник или сервисер нека го ѕирнат.(Ак ојш кај сервисер незаборавај да му остајш и некој денар, чисто ради поштовање и услугата која ти ја дал) Шо да ти речам освен дека франкот беше низок, а сега е доста кренат, но без разлика посекако ова е скап точак. Знам по истото дека имам и дома јас Газеле Скајдрајв со Некус седумка касета. Јас ти советувам, ако не го знајш чоекот обавезно да отвориш очи кога ќе го купуваш, зато шо си имат мамелеџи. Да си повозиш и да ги пробаш сите брзини дали работат исправно, да го провериш и синџирот, кошулиците за сајли обавезно зато шо ако се испукани ќе треба да ги менвиш (кај нас ненајџвиш ќе мора од нет, а се изгор скапи), бандажите дали се прави или се ептен акани оштетени, дали е пајѓан и дали има гребајнци длабоки на рамката. Дали кочниците работат добро, дали ролерите се во ред и сајлите со кошулиците, итн итн.
Ако немојш на своја рака тогаш придружувај се до првото шо ти го спомнав. Ако го кажвит така џо нов малку возен мислам дека цената си е добра, но ако се одлучиш да го земаш со кеш пара во тебе тогаш ценкај се, гарант ќе ти го спуштит.
Извини за подолгиот пост, ама малце се специфични овије велосипеди.
Знам дека е малку поспецифичен затоа и побарав совет дали вреди да се купи, инаку го возев велосипедот, се е во ред и веројатно ке го купам.

Фала за советот!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
28
Поени од реакции
7
На 6ти мај, во 23 часот ме нападна глутница кучиња ВО СТРОГ ЦЕНТАР на Скопје кај Вили на Југодрво, возејќи велосипед. Видов двајца дечки како ги буткаа точаците и околу нив се врткаа кучиња, ама во моментот не ми дојде на памет дека буткаат точаци зошто и нив кучињата им се пуштиле.
Јас поминав со возење покрај нив и ми се пуштија мене! Ме бркаа до семафорот на крај на улицата, каде што најголемото од кучињата скокна, ме бутна од точак на земја и ме гризна за нога.

Ми викаат гладни и незгрижени биле кучињата, се осетиле загрозено. Дај не ме јеби, јадат плескавици и компири секој ден, толку богато јас не се хранам. Сакам кучиња, не ме сфаќајте погрешно. Ама како што тие се осетиле загрозено од мојот точак и јас, така и јас ќе се осеќам загрозено кога улично куче ќе ми се приближи на 5 метри - и ќе го шутирам да не му текне да помириса човек во наредни 4 реинкарнации.
Истиот момент кога се отвори темата за напади на кучиња врз велосипедисти, мене ми текна на тоа место. Често поминувам од таму, и дење и вечер, и обавезно гледам како кучињата околу сендвичарата лаат и бркаат велосипедисти. Сум забележал дека сите кучиња што се околу сендвичарите се посебно агресивни и територијални. Којзнае што ставаат во плескавиците. Не знам што ги тера да ги гледаат велосипедистите како закана. Ме интересира дали од кога те гризна за нога се повлекоа или дојде некој и ги растера?

А тоа дека кучињата напаѓаат од глад, не држи вода. Колку гладни кучиња има по улиците, па повеќето не само што не се агресивни, дури и се плашат од луѓето. А и не се само уличните кучиња, често агресија покажуваат и оние кучиња што имаат сопственици и веројатно се добро нахранети.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Истиот момент кога се отвори темата за напади на кучиња врз велосипедисти, мене ми текна на тоа место. Често поминувам од таму, и дење и вечер, и обавезно гледам како кучињата околу сендвичарата лаат и бркаат велосипедисти. Сум забележал дека сите кучиња што се околу сендвичарите се посебно агресивни и територијални. Којзнае што ставаат во плескавиците. Не знам што ги тера да ги гледаат велосипедистите како закана. Ме интересира дали од кога те гризна за нога се повлекоа или дојде некој и ги растера?
Ме бутна од точак, ме гризна за нога, не знам како се ослободив, по што почнав да го шутирам во стомак и ребра колку што имав сила во моментот. Избегаа сите заедно назад кон сендвичарата, крв да им серам уличарска.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Знам дека е малку поспецифичен затоа и побарав совет дали вреди да се купи, инаку го возев велосипедот, се е во ред и веројатно ке го купам.

Фала за советот!
Чим си го пробал и мислиш дека е се во ред, тогаш ти посакувам се најдобро во пазарот, незаборавај да пробаш да му ја спуштиш цената. Ако го земиш се надевам дека ќе те служи уште долго време (y)
Плус то убо ќе ти одговарат со ципелава шо ја носиш:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom