Аха, те разбирам...Навистина ми е е мачно да читам бидејќи секој еден има различно мислење и некаква различно теорија за ситуацијава кај нас и ниту една не ми е резонска.
Затоа малтене и ништо не прочитав на темава туку дадов мислење со надеж дека некој ќе реплицира и ќе даде некакво рационално објаснување околу оваа цела ситуација.
Мене искрено сите теории за тоа кој и со каква цел ги платил овие платеници ми изгледаат небулозни.
Па се на се, не си сублимирал лошо. Се разбира испушташ некои финеси, ама право да ти кажам само заради тоа не вреди да ја поминуваш темава од почеток до крај.
Е сега за терористиве, и јас не мислам дека се платеници во вистинска смисла на зборот. Поверојатно е дека се испратени во Куманово со некакви ветувања дека се борат за Илирида, голема Албанија итн.
Со оглед на тоа што сите албански воени акции ве целиот регион се по нарачка на САД, претпоставувам дека и оваа била некако „охрабрена“ и порачана од нив.
Неколку моменти што (за мене барем) се неоспорни во целата работа, се токму деловите од твојата (втора) теорија. Тајмингот на сиве страња неоспорно коинцидира со активирањето на секундарната варијанта на гасоводот - Турскиот Тек.
Тука некаде окулу тоа време (отприлика кога во Бугарија почнаа да им ја нишаат владата, нешто пред да Бугарите да добијат нова влада која ќе се откаже од гасоводот Јужниот Тек), господинот Заев во својот двор чудесно нашол еден куп материјали од прислушкување. Едноставно се шетал во дворот и замалку ќе ги нагазел. За среќа ги видел на време, ги вдомил и еве сега имаме прилика сите да се информираме за корупцијата и за богатиот социјален живот на политичарите од сегашната гарнитура на власта. Сеприсутната корупција, ги изненади некои како пред снимките да не знаеа дека се е коруптирано до муда.
Тука некаде со сличен тајминг, а откако обоената револуција некако не ја запали ултра пасивната македонска раја, Албанците се сетија дека треба да се дигнат на оружје за конечно остварување на Голема Албанија. Западниве политичари нив не ги нарекуваат терористи, туку со родителски тон повикуваат на дијалог и на „спуштање на тензиите“.
За цело тоа време невладините организации работат во полна пареа, некој
(хинт, мори владо -хинт) да се сетеше да извади листа на банкарските трансакции на тие Опен Сосаети и целиот тој дијапазон од НВО - повеќе од сигурен сум дека ќе видевме значително зголемена активност (и обем) на економски трансакции.
Овде инаку е згоден момент да се напомне дека плеткарењето на НВО во Русија е спречено со забрана на странско финасирање на невладините организации - сосема исто како и политичките партии што не смеат да бидат финансирани надвор од државата. Да се запраша човек зошто тоа не е така и овде.
Тоа би било моето објаснување. Дали е рационално или не, тоа е веќе работа на перспективата на читателот.