- Факт е дека Стојанче кажа пред месец дена дека е платено 2 милиона евра на криминалци да го праат ова. (пази добро, реков - факт е дека он ова го кажа, не реков дека е факт оти навистина е така)
Тоа не е тешко да се предвиди, доколку се следат сите анализи кои му претходеа на овој напад.
Пази, уште минатата година имаш официјално вбројување од Стејт Депт на Македонија во листата на “земји кои се на линијата на огнот“, без никакво образложување.
Во емисијата Центар на Васко Ефтов тој донесе соговорник кој точно кажа што ќе се случи, уште пред Стојанче да излезе со изјавата.
Досега во многубројни странски електронски медиуми излегоа анализи и предвидувања што се очекува да се случи во Македонија, досега сето само се потврдува:
http://sputniknews.com/columnists/20150422/1021229351.html#ixzz3Y4vce2hb
Е сега, Стојанче како новопечен политичар и опозиционер секако дека има мотивација да ја набедува Власта, можеби и има право, но не може Стојанче без никакви докази сега да прави филмови дека само чул муабети, оти сите оделе баш кај него на кафе со такви теми.
Дека не е тешко да се фрли претпоставка дека 50/50 се шансите нешто вакво да се оствари, ќе ти кажат и сите во Македонија бидејќи гледаат со кого си имаме работа.
Многу работи треба да се објаснат, првенствено како Стојанче ги смени боите и од заколнат бранител сега повикува на помирување со ОНА. За таква промена во карактерот луѓето треба да поминат низ некаква длабока траума, поготово ако земеш во обѕир дека човек како Стојанче носеше огромен гнев и скоро до плачење му идеше секој пат кога спомнуваше како ги собирал остатоците од своите соборци.