ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.459
Поени од реакции
31.368
По твојава логика ако идеме нигде на светов не би требало да постојат платеници, пошто нели ќе умрат и нема каде да ги трошат парите. Не ти текна да помислиш дека можда не планирале да умрат или да бидат фатени? Пола Косово отиде у Сирија да се тепа за пари, колку од нив видовме дека изгинаа? Во Украина немаше ли платеници? Коа идеш да се тепаш за пари голема е веројатноста дека нема да дочекаш да ги трошиш.
Абе да се разбереме... тие што идат во Сирија/Левант/Блиски исток - тие не идат заради пари. Тоа се религиозни фанатици, вахабисти. Плус долгот го враќаат - муџахедини од Ал Каеда идеа и во Македонија и во Косово (општо познат факт).

Ова во Куманово беше скоро па самоубилачка мисија, или па веруваа дека нашите ќе ја повторат тактиката од Арачиново (за што лаициве овде навиваат). Инаку не знам за кои пари некој ќе оди во обрач, под опсада, каде шансите за останување жив се минимални (без појачања и контранапади). Не е дека некој ги излажал дека ќе идат во герилска борба, а потоа со заврзани очи ги внел во сред голем град од каде нема бегање.

Украина, таму е друга приказната. Таму урбано војување преферираат само бунтовниците - кои повеќето се доморотци кои си ги бранат домовите. Платениците од украинска (америчка всушност) страна, тие генерално не припаруваат во урбани борби. Тие учествуваат во класични воени дејствија, борба оддалеку со артилериска и воздушна поддршка.
Борби одблиску преферираат само лудите руски специјалци. Дури како дел од психолошката војна имаа неколку документирани ноќни напади, изведени исклучиво со ладно оружје. Наутро се буди третина од четата и гледа дека другите две третини се со пресечен грклан. Потоа се знае, следат масовни дезертирања... Ја пратиш украинската криза/војна?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ајде да бидеме фер и освен за акцијата што коментираме и слично никој не проговрои или не се дозна колку цивили има загинато. Се јавил некој на утринска програма на канал 5 и рекол дека имало преку 20 цивили загинато. Зашто сеуште се молчи за цивилите? И како да дознаеме колку цивили се загинати, имаме ли ние новинари?
Нема информации за загинати цивили. Никој не пријавил, не евидентирал такви, што значи се работи за непотврдени шпекулаци за наводни цивилни жртви. И така нека остане.

http://www.time.mk/c/0b1509e318/pet-policajci-zaginaa-nad-30-se-povredeni-vo-akcijata-vo-kumanovo.html
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.220
Поени од реакции
16.737
Македонија моментално се наоѓа во дежа-ву ситуација, скоро идентична како онаа во 2001. година. Членот @jamajka имаше пишувано на форумов уште пред 3 месеци влечејќи паралели помеѓу аферата "Големо уво" и конфликтот во 2001. година и актуелната афера со "бомбите" на Заев. Скоро и да никој не го забележа тој коментар.

Очигледно е дека некој работи на припрема на теренот за некои идни поголеми случувања кои се многу поважни од политичките препукувања помеѓу ВМРО и СДСМ, а првична цел е ослабување на позицијата на безбедносните структури, предимно МВР и губење на довербата во капацитетот на министерството. Впрочем, евидентно е дека со "бомбите" најмногу се "гаѓаше" по МВР.

Она што се случи во Куманово доаѓа во најкритичниот и потенцијално најопасниот можен момент од објавувањето на аудиозаписите и она што сите ние го чекаме да го слушнеме, а тоа се разговорите поврзани со Смилковско Езеро. Мене не ми е тешко да замислам, доколку навистина постојат снимки за Смилковско и евентуална компромитација на структури на власта, без разлика на видот и обемот, дека нивното објавување би можело да претставува клучен момент на оваа криза и радикално менување на реториката на Албанците кои сега се за соживот и мир. Па ќе зборуваме за тоа дека не постојат меѓуетнички тензии и ќе се тешиме на форум дека ова е изолиран инцидент. Мене ова ми личи на долго и добро планирано и не верувам дека ќе застане само на ова.

МВР покажа капацитет, во исклучително тешка средина, без цивилни жртви, успеа да се справи со добро организирана, добро вооружена и што е најважно, искусна криминално-терористичка групација за нешто повеќе од 24 часа. Да се развлечеше акцијата, штетата ќе биде огромна.

За подобар увид и целосна слика на ситуацијава, пратете реторика на САД, НАТО и ЕУ. Секретарот на НАТО бараше да се истражи инцидентот и отсуствуваше ословување на групата како терористичка.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.344
Сигурен сум дека им дале до знаење на нашиве. Само знаеш како е, кога си во позиција на власт понекогаш можеш да се прецениш или да веруваш дека САД ќе се обидат некако да те купат како што тоа го прават со Грците, ги убедуваат со други енергетски инвестиции и пари да променат мислење.
Меѓутоа ние немаме никаква трговска вредност за Американците за да се пазарат со нас, многу полесно им е преку употреба на сила да добијат СЕ' што сакаат.

Како рече Лазански, Македонија е најслабата алка на Балканот за изведување на ваква дестабилизација со цел прекинување на енергетските планови на Русија.

Затоа јас не верувам дека случајно САД ја вброи Македонија во Листата Земји на Линија на Огнот.
Не случајно се интензивира пропагандата на тв Ал Џезаира.
Не случајно сега излегоа материјалите со прислушкување, иако биле снимани уште од 2009.

Ако цената да не' остават на мира е само промена на Власт, тогаш тоа е најлесната опција, но тоа ќе значи дека треба да се откажеме од било какво учество во иднината на ова што го сметаме за своја “држава“. За жал, со предаден суверенитет и делумно практицирање на локална власт нема иднина за Македонците во Македонија.
Зошто мислиш дека сад ќе вложува толку многу во дестабилизација на Македонија за таа цел.
Доволно е само да му се јави американскиот амбасадор на Груевски и да му рече не може да се гради гасоводот иначе мамето ви ебавме. Ќе иде Груевски против тоа свесно иако знае дека ќе го направат партал? Дали е тоа пресметлив чекор во тој случај.


Ако сакаш ќе збориме и за гасоводот колку е реален и остварлив, кој ни е бенефитот кога би се изградил.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
103
Поени од реакции
31
Први снимки од населбата, па не е токку тесно колку што се зборуваше? Или можеби погоре негде се водела борбата, ама мислам дека не етесно, очекував многу потесни улички.

И јас очекував нешто налик градовите во Авганистан, а ово да ти било уредено со зеленило.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
117
Поени од реакции
327
Зошто мислиш дека сад ќе вложува толку многу во дестабилизација на Македонија за таа цел.
Доволно е само да му се јави американскиот амбасадор на Груевски и да му рече не може да се гради гасоводот иначе мамето ви ебавме. Ќе иде Груевски против тоа свесно иако знае дека ќе го направат партал? Дали е тоа пресметлив чекор во тој случај.


Ако сакаш ќе збориме и за гасоводот колку е реален и остварлив, кој ни е бенефитот кога би се изградил.
Не функционира така политика бате, не е ова второ одделение
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Ами овој гасоводот зар не треба од друга држава да влезе во Македонија? Нема да никне од кај нас. Само за вакви работи ли некој ќе не смета за поволна држава...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.411
Поени од реакции
36.344
Не функционира така политика бате, не е ова второ одделение
И тоа како функционира баш на тој начин со нестабилни и зависни држави како нас. Не сме ние Германија да не убедуваат и да ни ветуваат други бенефиции. Популација сме како едно предградие на Лондон или Истанбул
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.053
Поени од реакции
8.631
Овие командативе сите јаки имиња ги зафатија, пантер, тигар, Сокол, Орел, Јагуар.... утре да сака некој да си клаи име командантско ќе му дојди како на gmail “Тоа корисничко име е зафатено дали сакаш “Пантер72 или Кобра.Д66“
Слободни им се Командант Свиња и Командант Пес.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.220
Поени од реакции
16.737
Ако сакаш ќе збориме и за гасоводот колку е реален и остварлив, кој ни е бенефитот кога би се изградил.
Не се работи само за гасоводот, кој приметувам дека е актуелен на порталиве и форумов во последно време. Се работи и за продор на руско влијание на Балканот и Европа.

Инаку, моментално, сите жаришта, активни/потенцијални, војни и конфликти, од Блискиот Исток нагоре се до Кавказот, се места каде што треба да се гради и поминува некој гасовод. Не сум сигурен дека Македонија е исклучок од сето тоа.

Џон Кери апла во фаца ни го шлапна дека сме во огнот, а ние упорно бараме организатор на настаните во Груевски или Заев.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Зошто мислиш дека сад ќе вложува толку многу во дестабилизација на Македонија за таа цел.
Доволно е само да му се јави американскиот амбасадор на Груевски и да му рече не може да се гради гасоводот иначе мамето ви ебавме. Ќе иде Груевски против тоа свесно иако знае дека ќе го направат партал? Дали е тоа пресметлив чекор во тој случај.


Ако сакаш ќе збориме и за гасоводот колку е реален и остварлив, кој ни е бенефитот кога би се изградил.
од точка е, се надевам некој ќе излезе и со посериозен линк
http://tocka.com.mk/1/159036/turski-tek-go-vrati-balkanot-vo-fokusot

"Евентуалната реализација на „Турски тек“ ќе биде од огромно економско значење за Македонија. Претходниот проект „Јужен тек“ не предвидуваше нашата земја да биде на главната траса, туку со крак да бидеме поврзани од Србија или од Бугарија. Сега би биле на главната траса, а со тоа би добивале значителни средства од транспортот на гасот низ нашата земја. Тоа го потврдуваат и бизнисмени од Русија".
Плус, не е само гасоводот. Се зголемува руското влијание на Балканот, а и Кинезите пројавуваат интерес, (шпекулациите за интересот на Кина да гради железничка пруга Атина - Будимпешта, зголемувањето на кинескиот капитал на балканот во целина), така да полека полека, ако се ова се оствари, американците би изгубиле влијание во битен дел од Европа.
 
Член од
16 февруари 2014
Мислења
343
Поени од реакции
198

Како што разбрав(гугл транслејт) овој е тој што го имаше снимено клипчето кај што пука,и имаше слика на таа страната кај што имаше спакувано униформа на Учк во куфер.Еј,будалиот од Германија дошол да ратува тука..За каква корист ? По мое,овие се страшни мафијаши на кои војната им претставува адреналин и ништо повеќе.
Не знам кај ја видов сликата ама имаше преку сила 25 години.
Двајца од главните биле обезбедувачи на Али и Харадинај порано.

А вчера не се појавија Тачи и Ахмети кога ги повика Хорхе,бидејќи сигурен сум дека не сакаа да изгубат политички поени а воедно и да им се намали влијанието кај учките..Толку од нивното залагање за мир.
Kakov rat, kakov vojnik, kakov mafijash, shtom se predal so bel charshaf. Najobichna kukavica, kako i site ostanati Teroristi, a ne Ratnici ili vojnici.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.108
Поени од реакции
37.079
Ами овој гасоводот зар не треба од друга држава да влезе во Македонија? Нема да никне од кај нас. Само за вакви работи ли некој ќе не смета за поволна држава...
Ние сме најслабата алка од цел ланец држави што треба да учествува. Лани на Ердоган милион народ му извадија на сред Истанбул па не успејаа ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom