Не сум, навистина. Мене прва алтернатива кој стои зад ова, ако не е ДПМНЕ, ми се Грците. Тие се единствени на Балканот кој имаат директен интерес Македонија да не постои. Бугарите сигурно не се, Србите исто. Албанците без дозвола и команда од надвор не тргнуваат, а не гледам ниту еден сериозен политилку субјект во светската политика кој сега би оправдал било каков албански сепаратизам. Не заборавајте дека во очите на европските и светските политичари македонско албанската "идила" овековечена со Охридскиот договор е лицемерен пример за успешна приказна.
Искрено, ме чудиш што си речиси сигурен дека зад ова стои ДПМНЕ.
Според тебе, каква корист би имале ДПМНЕ од воена криза со жртви? Дефокусирање на јавноста од проблемите? До кога ќе дефокусираат, вечно? Колку би траела кризава, една недела, две? Демек после ова, сите проблеми во државава и сите криминали на власта ненадејно ќе ни се избришат од сеќавање? Нема да има протести, нема да има објавување бомби, нема да има судење?
Дали некоја бомба се објавила денес или после една недела, не менува ништо. Дали некој протест ќе се одржи денес или после една недела, пак не менува ништо. Неизбежно е тоа. Кога-тогаш, ќе се случи. Судење ќе има.
Не ми јасно како ќе се извадат власта со вакво сценарио и жртви, кога ништо од ова не оди во нивна корист, туку напротив.
Ќе цитирам еден стих од песна, вели: "Малите луѓе за боговите се забава, да даде Господ од кавијарот да се задават!". Малите луѓе во случајов сме ние. Мали фиромјанчиња кои си вадиме очи меѓусебно, заслепени од дневно-партиски препукувања. Идеална прилика за боговите за геополитички потези и креирање "војна" додека прстите се вперени кон друг.
Крајна цел, носење про-европска влада која ќе свитка кичма и ќе го промени името во првата недела од нивното владеење, со цел влез во ЕУ и НАТО, а со тоа покажување среден прст на Русија. Искрено, мене ова ми изгледа многу пореално сценарио.
Сè ова што правиме муабет се теории на заговор и шпекулации, нормално. Но сепак, да сум на твое место би тргнал на страна емотивни пориви и хејт, и не би ги отфрлил така лесно сите други теории и можни сценарија. Сите сме револтирани од власта. Јас лично, да не беа СДС нивна замена и да не бев анти-комуњарски и анти-левичарски настроен, прв ќе излезев на протести. И не со цвеќиња, туку со молотови. Брколинда да го памти денот за навек, бркот да ѝ се исуши од страв.
Оној на втората слика брат, десно горе, е Џумерко. Намерно е замаглена сликата за да не се види дека сите терористи се всушност глумци од драмски театар. Сценарио режирано од Груевски за да се оттргне вниманието на јавноста од поскапувањето на еклерите.